Автомобили во размер

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Еве ти го ова 850i од Ebay, сеуште не му се извадени траките кои ги држат деловите кои се отвараат, плус со оригиналната кутија е. Значи како ново. Само цената со транспортот е малку солена.
Еве ти и ново т.е. неотворено.
Ама ова е на американскиот сајт... Тоа не ми текна да ти спомнам, јас гледав на германските ибеј и амазон. Доставата ми е занемарлива во тој случај. Ама за жал само половни и тоа без кутија имаше. На амазон воопшто го нема, само од Welly во 1/24 размер.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678

Аха, добро. :) Еве ти во Англија, продавачот вика дека моделот бил само изложен, никогаш не "користен". Плус ќе ти стигне за 5 работни дена, барем мене така ми стигале. :)
 
Достава: само United Kingdom.... well, shit! :D
Нема везе... ко ќе сум пораат од обврски ќе разбарам потемелно по нет. Фала за помошта ;)
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Достава: само United Kingdom.... well, shit! :D
Нема везе... ко ќе сум пораат од обврски ќе разбарам потемелно по нет. Фала за помошта ;)
Је би га, така на брзина побарав, ич не видов за транспортот. :confused: Но може да му испратиш mail на продавачот и да се договорите. Не би требало да претставува проблем да ја испрати за МК. :)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Дали 1/43 може да се расклопи да го извадам браников многу глупо личи со него :D >?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Је би га, така на брзина побарав, ич не видов за транспортот. :confused: Но може да му испратиш mail на продавачот и да се договорите. Не би требало да претставува проблем да ја испрати за МК. :)
И уште една работа ми текна да те прашам. Ако не се лажам, некаде наназад низ темава (мислам дека од тебе) имаше постирано модели на камиони, ама од оние што се наменети сам да ги склопуваш, боиш итн. Дали имаш искуство со ова, конкретно со Revell модели?
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Да, имам веќе три склопено и офарбано. Два од Revell и еден од Italeri. Што конкретно те интересира ?? :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Да, имам веќе три склопено и офарбано. Два од Revell и еден од Italeri. Што конкретно те интересира ?? :)
Совети околу склопувањето и фарбањето... Тотален noob сум :D
Зедов авион пред неколку дена, дел бои купив, лепак, четчиња...
Уште време слободно ми фали :)
Ко ќе сум послободен сакам да почнам да склопувам, ама вака на прв поглед страшно заебано изгледа, бидејќи е ниво 5 и има преку 130-150 делови.
Како и да е, ова веќе е надвор од темава, па можиш во пп да ми одговориш.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Да, имам веќе три склопено и офарбано. Два од Revell и еден од Italeri. Што конкретно те интересира ?? :)
Кажете дали може да се расклопат модели од 1/43 и да се извадат одредени делови .
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Доста долго време не сум бил на форумов, а уште помалку сум претставил нешто.

Ова е мојот најнов модел:

CITROEN DS 21 Break, 1970, Norev 1:18

Дали собираш модели 1/43 old timer или american muscle ?
 
Член од
20 декември 2011
Мислења
158
Поени од реакции
255
Кажете дали може да се расклопат модели од 1/43 и да се извадат одредени делови .
Зависи од производителот, но во принцип кај 43-ките расклопувањето е покомплицирано, зошто за разлика од 18-ките кај кои често има штрафчиња за отворање на подвозјето, кај овие тоа е ретко и треба многу внимателно да се растура за да не се скрши некое делче, значи бара добра и детална анализа пред расклопувањето.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 20:34 ---
Дали собираш модели 1/43 old timer или american muscle ?
Собирам европски old timer-и произведени меѓу 1950 и 1975 година и тоа во три размери, 1:43, 1:24 и 1:18.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Зависи од производителот, но во принцип кај 43-ките расклопувањето е покомплицирано, зошто за разлика од 18-ките кај кои често има штрафчиња за отворање на подвозјето, кај овие тоа е ретко и треба многу внимателно да се растура за да не се скрши некое делче, значи бара добра и детална анализа пред расклопувањето.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 20:34 ---

Собирам европски old timer-и произведени меѓу 1950 и 1975 година и тоа во три размери, 1:43, 1:24 и 1:18.
Пошто собираш скоро слични модели како јас ,кажи ми каде да ги наоѓам и каде ги има во овие нашиве крш продавници собирам само 1/43 .
 
Член од
20 декември 2011
Мислења
158
Поени од реакции
255
Пошто собираш скоро слични модели како јас ,кажи ми каде да ги наоѓам и каде ги има во овие нашиве крш продавници собирам само 1/43 .
Главно ги купувам преку интернет, а другото кога одам некаде во странство, најчесто Бугарија и Грција, каде има и специјализирани продавници за вакви модели.
Во Бугарија ги има www.hobbyland-bg.com, кои имат продавници во Пловдив и Софија (каде што го купив и Citroen-от што пред малку го претставив).
Во Солун има www.hobbyland.gr и уште една продавница мислам се викаше 'Modelplanet'.
Од странските сајтови најчесто купувам од:
www.modellauto18.de
www.carmodel.com
www.modelissimo.de
www.alpimodel.com
Има и други.
Кај нас изборот е мизерен, ако собираш одредена категорија на модели, како ние. Од 43-ки освен Burago, Mondomotors и уште некои залутани, нема ништо друго, а неверувам дека некогаш и ќе има со оглед на тоа, што земја и што пазар сме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom