Тоа е поголемо зло,тогаш би се правеле "абортуси на црно" и ризикот по здравјето на жената би бил,огромен!
Не не заебавај друже со овој шарлатан.
Само едукација,е спасот.
Нека прават што сакаат. Ако немаат памет нека превземаат такци ризици. Како беше она мое тело... Тоа е само потврда на мојата теза дека неморалните дејствија на долг рок го тераат човекот во лудило.
Едукација од кого? Од дебиланите кои се бастион на полуписмени партиски корумпирани полтрони кои се пијанчат по кабинети, не превземаат ништо во врска со булиинг, пишат петски со врски, дозволуваат пушење цигари во двор и трева по екскурзии. Таква ли едукација?
Па побогу тоа не е ништо ново, ние пред 20 години во Македонија, додека Американците се резилеа на Џери Спрингер, на часови по биологија и на класен час имавме таква полова едукација. И се постигна нешто? Станавме исти како тие што ни ги пуштаа на телевизија во тоа време на Џери Спрингер. Еве како што пишуваат во темава истите тие генерации кои ја имаа таа едукација не посетуваат гинеколог иако тоа е за нивно арно. Се виде фајдето од едукација.
Знаеш ли кој друг со меч ги решава проблемите?
@wot насочи си ја енергијата, бесот прво кон ваквите.
Упорно ја тераш офтопик со некакви видеа и твитер стајл досетки. Ако имаш аргументи во врска со абортусот бујрум.
Ми ставил видео од Саудиска Арабија кај што со меч извршуваат смртна казна на осуден убиец. Фала богу дека ќе казнат убиец. Да не ја тераме офтопик ама пошо ние сме напредни и го немаме мечот во кривичен законик гледаме како ни се шетаат убијци и дилери на слобода по улици и не тероризираат изигравајки мафијаши или успешни бизнисмени.
Во Саудиска Арабија можеш новчаник да оставиш на сред улица и ќе го најдиш и после 2 недели на истото место нечепнат. Е тоа е ред и закон.
Мислам дека либералите со своите когнитивни гимнастики пополека го достигнаа дното. Европските либерали од една страна се потресуваат за смртна казна за престапници и убијци, а од друга страна поддржуваат абортус и пробуваат да ги направат сите можни гимнастики да го оправдаат. На крај испаѓа дека убијци им се помили од ембрионот, а ембрионот е живо човечко суштество. Пошо може да се прават сите можни гимнастики ама е живо човечко суштества. Имаат днк, рнк, рибозоми, метаболизам, ткива, комуникација помеѓу ткивата, ратсе, се разива, поживо од тоа здравје. Што треба повеќе?