АЛЧНОСТА

Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
АЛЧНОСТА
(Лакомството)

а) Алчноста е корен на сите зла
"Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки" (1. Тимотеј 6:10)

"Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела? Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете. Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате - не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти." (Јаков 4:1-3)

"Алчниот човек си го упропастува сопственото семејство" (Поговорки 15:27)

"Кој е љубител на пари - не се наситува на пари; и кој е љубител на раскошот - не му достасува имотот!"
(Проповедник 5:10)

б) Да бидеме задоволни и внимателни
"Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш. Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе. Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст." (1. Тимотеј 6:6-9)

"Внимавајте и пазете се од секаков вид лакомство, зашто ни на оној што е многу богат, животот не му е сигурен само затоа што е богат!" (Исус, во Ев. Лука 12:15)
 
A

ateist

Гостин

весник Време 1 декември 2008 -------------------

ЦРКОВНИТЕ ЕПАРХИИ ЌЕ СТАНАТ НАЈГОЛЕМИ ФЕУДАЛЦИ
МПЦ тежи од недвижнини

Наталија Томовска

Македонската православна црква до следната година ќе стане сопственик на ПОВЕЌЕ ОД ОСУМ ОТСТО ОД ВКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Со повеќе од 20.000 хектари земјоделско земјиште, пасишта и шуми, кои треба да и бидат вратени со постапката за денационализација, епархиите на МПЦ ќе станат најголеми земјосопственици во Македонија. Освен тоа, седумте епархии на МПЦ, кои се самостојни правни субјекти, ќе добијат голем број дуќани и градежни парцели кои пред 1946 година биле во нивна сопственост, а им биле одземени со тогашниот закон за денационализација. Со тој закон на црквите им биле одземани по 90 отсто од имотите, а само десет отсто им биле оставени на користење. За оние делови од земјиштата каде меѓувреме се изградени деловни или станбени објекти, Црквата ќе добие обесштетување во државни обврзници. Таков е случајот со имотот на црквата „Света Богородица“ во централното подрачје на Битола и имотот на „Свети Константин и Елена“ на кој е изграден Градскиот трговски центар во Скопје. Од епархиите велат дека дел од имотите на Црквите се веќе вратени. На Скопската епархија, која има побарување за денационализација на црковен имот со вкупна површина од 8.000 хектари, досега и се вратени 4.000 хектари. - Половина од имотите се вратени, а до Нова година очекуваме да ни биде вратена и втората половина. Тука се имотите на манастирите „Света Богородица“ во Побожје, „Света Богородица“ во Бразда, „Архангел Михаил“ во Кучевиште, „Свети Ѓорги“ во Кучково и на манастирот „Свети Никола“ во Шишево. Централното подрачје е покомплицирано. На местото на црковните имоти сега се изградени објекти, па за нив очекуваме обесштетување во државни обврзници - вели отец Коста Станоевски, секретар на Скопска епархија. Дебарско-кичевската епархија, која ги опфаќа и градовите Охрид, Струга и Кичево, има поднесено барање за денационализација на 2.770 хектари црковно земјиште. - Црквата „Свети Наум“ имала 2.770 хектари земјиште, плодно и неплодно. Од нив вратени се 50 хектари и 20 се во постапка за денационализација. Во моментов располагаме само со 100 хектари земјиште, и тоа главно неплодно - вели владика Тимотеј од Дебарско-кичевската епархија. На Повардарска епархија треба да и се вратат 3.000 хектари во селото Чичево, во околината на Велес и на Кавадарци, како и во селата Војница, Ветерско, Нежилово и други. Преспанско-пелагониската епархија има долга листа на имоти кои треба да и се вратат, но тешко е да се пресмета колку е нивната вкупна површина. Во прашање се имотите на околу сто цркви. Досега се решени 85 отсто од барањата. За имотот на црквата „Света Богородица“ во центарот на Битола епархијата добила обврзници, а на црквата „Свети Димитрија“ вратени и се голем дел од дуќаните низ Битола. Вратено е и големо земјиште на црквата „Света Недела“, кое го користеле некои земјоделски комбинати. Своите имоти и дуќани ги добиле назад и прилепските манастири „Зрзе“, „Свети Архангел Михаил“, „Свето Благовештение“. Во Ресен е вратен имот главно по селата, а во Демир Хисар предметите се уште не се завршени.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382

Ако знаеш да кажеш нешто со свој зборови или да постираш нешто паметно од свети книги или твои научни откритија те молам постирај го, не само од весници да ми вадиш статии што ги пишувале луѓе како тебе заглавени во светот на безсознанието и неукоста. Глупости више на секој пост, Copy-paste од некој весник, нема смисла стварно ги изобличи темите за правење асална дебата.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
Добро де, свативме дека си пукнала 500 000 па сега си нервозна :). Него не е моја работа, ќе дојде модераторот ќе ти пренесе: Спамирањето е забрането. А ти имаш длабоко загазено така да... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom