Џенис Џоплин

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Џенис Џоплин (Janis Lyn Joplin) е американска рок и блуз пејачка, текстописец и музички аранжер. Родена е во Порт Артур- Тексас на 19. јануари 1943., а на 4. октомври 1970. година е најдена мртва во хотелот „Ландмарк“ во Лос Анџелес. Причина за смртта била употреба на преголемо количество на алкохол и хероин.
Активно се занимава со музика во периодот од 1963. до 1970., а стана позната на крајот од 60-тите години на 20. век како пејачка на групата „Big Brother & Holding Company“ и нејзините групи „The Kozmic Blues Band“ и „Full Tilt Boogie Band“.

Магазинот „Ролинг Стоун“ (Rolling Stone) во 2004.. ја рангира на 46-тото место на листата на 100 најголеми уметници на сите времиња, а во 2008. на 28-то на листата на 100 најдобри пејачки на сите времиња.Нејзината верзија на песната „Me and my Bobby McGee“ постхумно стаса на првото место на американската топ- листа на синглови.

Татко и на Џенис Џоплин, Сет, бил инженер во Тексас, а мајка и Дороти секретар на деловен факултет. Има помлад брат и помлада сестра. Како тинејџерка основала груп на бездомници, а еден од членовите имал плочи на црнечките блуз пејачи Беси Смит (за која Џенис верувала дека е нејзина реинкарнација) и на Лид Бели, пејачи кои според сопствено признание извршиле силно влијание врз нејзината музичка определба.

Почнала да пее во локален хор и го проширила опусот на слушање на блуз пејачи на уметници како што се Одета и Биг Мама Торнтон.

Негувајќи бунтовнички манири, Џенис Џоплин се оформила во периодот по нејзините блуз хероини и битничките поети. Нејзината прва песна снимена на касета, во куќа на колега студент во декември 1962. година, била „What Good Drinkin' Can Do“.

Потоа се преселува од Тексас во Сан Франциско, а во 1964. со гитаристот на групата „Џеферсон ерплејн“ Јорм Коконен снима повеќе блуз стандарди, и тоа во придружба на Маргарета Коконен на машина за пишување (како удиралки).Овој албум, без издавачка куќа, содржи 7 песни: „Typewriter Tape“, „Trouble in Mind“,„Kansas City Blues“, „Hestitation Blues“, „Nodbody Knows You When You're Down and Out“, „Daddy, Daddy, Daddy“ и „Lond Black Train Bus“. Подоцна е објавен како независни издание под наслов „Албум на машина за пишување“ („The Typewriter Tape“).


Во тоа време нејзиното конзумирање на дрога се зголемило, па стекнува репутација на „брзо чудовиште“ („speed freak“) и повремен корисник на хероин. Конзумирала и други психоактивни дроги, а била и алкохоличарка во текот на целата кариера.

Во пролетта на 1965. година нејзин пријател забележува физичко дејствување на нејзиниот порок- амфетаминот (опишана е како „скелетна“ и „испиена“) и ја убедува да се врати во Порт Артур. Таму го менува начинот на живот. Избегнува дрога и алкохол, почнува да носи релативно скромни фустани, фризура во форма на кошница, да студира социологија на Универзитетот Ламар во блискиот Беомонт.

Во текот на студирањето преминала во Остин за да може да настапува соло, придружувајќи се на гитара. Еден од нејзините настапи е оценет во списанието „Austin American-Statement“.
Во 1966. година психоделичкиот рок бенд „Big Brother and the Holding Company“ се заинтересирал за Џенис поради нејзиниот блуз начин на пеење и ја избрал за своја пејачка. Првиот јавен настап бил во салата „Авалон“ во Сан Франциско. Концертот е снимен и издаден во 1984. на албумот „Cheaper Thrills“.

Следните две години (1967-1968) се најзначајни и најуспешни за групата. Национално значење добива по настапот на Монтереј поп фестивалот, каде што ја изведува песната „Ball and Chain“, обработка на песната на Биг Мама Торнтон. Предизвикува одушевување кај публиката, а на снимката на фестивалот може да се види како Кес Елиот, тогаш пејачка на бендот „Мамас енд папас“, вели: „Вау! Вау, тоа е навистина тешко!“. Следната година ја организира првата турнеја „Источен брег“ во Филаделфија. На последниот ден од турнејата Џоплин и Биг Брадер настапуваат заедно со Џими Хендрикс, Бади Гај, Џони Мишел, Ричи Хавенс, Паул Батерфилд и Елвин Бишоп на „Wake for Martin Luther King, Jr.“ концертот во Њујорк.

Во пролетта на 1968. бендот го менува името во „Janis Joplin and Big Brother and the Holding Company“, а медиумите Џоплин ја ставаат во прв план и создаваат лутина кај другите членови. Некои предлагаат таа да го напушти бендот и да започне соло кариера.

Магазинот „Time“ ја нарекува Џоплин „веројатно најмоќна пејачка произлезена од белиот рок(„white rock movement“)“, а Ричард Голдстајн од списанието „Vogue“ напиша дека е „запрепастувачка рокерка“.

Најголем успех Џоплин и Биг Брадер постигнуваат со албумот „Cheap Thrills“, а особено сингл хитот од него„Piece of My Heart“ кој достигна до првото место на Билборд листите 8 недели по објавувањето и остана на тоа место наредните 8 недели. Албумот стана златен и е продаден во над милион примероци во првиот месец од пуштањето во продажба. Некои од хитовите се и блуз- верзиите на соул песна на Ерма Френклин, сестрата на Арета Френклин, и класикот на Џорџ Гершвин„Sumertime“.

„Live at Winterland '68“, снимен во април 1968., претставува врв на нивната заедничка кариера. Заедно направија уште една турнеја истата година, настапувајќи на Columbia Records конгресот во Порторико и наNewport Folk фестивалот. По враќањето во Сан Франциско Џенис Џоплин најави дека ќе ја напушти групата, а последниот настап со неа го имаше на 1. декември 1968. година.

Потоа Џоплин собира нови музичари и ја основа групата „The Kozmic Blues Band“.

До почетокот на 1969. станува зависник од хероин. Наводно, го трошела дневно во вредност од најмалку 200 долари, иако се вложени огромни напори за да биде присебна во текот на снимањето на„I Got Dem All' Kozmic Blues Again Mama!“. Габриел Меклер, кој го продуцираше „Козмик Блуз“, по смртта на Џоплин му изјавил на биографот Мајри Фридман дека пејачката живеела во неговата куќа во текот на јуни 1969. снимајќи на негово инсистирање, а за да може да ја држи подалеку од дрогата и нејзините пријатели зависници.


Албумот „Козмик Блуз“ е издаден во септември 1969. и е прогласен за „златен“ подоцна истата година, но не го достигна успехот на„Cheap Thrills“. Критиките беа разновидни, но плочата имаше хитови како„Try (Just a Little Bit Harder)“, „Work Me Lord“, „Kozmic Blues“, обработките „To Love Somebody“ (Би Џис), „Maybe“ (Чентлс) и др.

Истата година Џоплин и „Козмик Блуз Бенд“ организираат турнеја низ Северна Америка и Европа, појавувајќи се во Вудсток во август.Настапот на него не е вклучен во оригиналниот документарен филм „Woodstock“, иако ремиксот на филмот за 25- годишнината на фестивалот ја опфаќа и нејзината изведба на песната „Work Me, Lord“.

На крајот од 1969. групата се распадна.

Во февруари 1970. Џенис Џоплин заминува во Бразил, каде што престанала со користење на дрога и алкохол, но по враќањето во САД продолжила со хероин. Во тоа време формира свој нов бенд „Full Tilt Boogie Band“, составен главно од млади канадски музичари.Во мај 1970. почнуваат турнеја, а Џоплин е среќна зашто добила претежно позитивни критики од фановите и критичарите. До моментот кога почнала турнејата таа на луѓето им зборувала дека не користила дроги, но нејзината потреба од алкохол се зголемила. Последниот настап е одржан на 12. август на Харвард стадионот во Бостон, Масачусетс.

Во текот на септември 1970. Џенис и нејзиниот бенд почнуваат снимање на нов албум во Лос Анџелес. Иако умре пред сите нумери во целост да бидат завршени, се уште имало доволно употребливи материјали да се состави лонг плеј. „Mercedes Benz“ е вклучен и покрај тоа што бил прв обид, а песната„Buried Alive In The Blues“, на која таа требала да го додаде својот глас на денот кога е пронајдена мртва, е оставена како иснтрументал. Резултат е постхумно објавениот албум „Бисер“ (Pearl, 1971). Стана најпродаван во нејзината кариера и го содржи најголемиот хит сингл, насловната страна на „Me and Bobby McGee“ на Крис Кристоферсон. Тој бил нејзин љубовник, не многу пред нејзината смрт. Во 2003. година албумот „Pearl“ (инаку нејзин прекар) е рангиран како 122-ри на листата на магазинот„Ролинг стоун“ од 500 најдобри албуми на сите времиња.

Последните снимки кои Џоплин ги завршила се „Mercedes Benz“ и роденденската честитка за Џон Ленон(„Happy Trails“) на 1. октомври 1970. година. Ленон, чиј роденден е на 9. октомври, подоцна изјавил дека снимената честитка стасала на неговата адреса по нејзината смрт.

Во саботата на 3. октомври Џенис Џоплин го посетила „Сансет студио“ во Лос Анџелес за да го ислуша инструменталот за песната на Ник Гравенитес „Buried Alive in the Blues“, пред снимањето на вокалните нумери закажани за следниот ден. Кога не се појавила во студиото до неделата попладне, продуцентот Паул А. Ротчајлд се загрижил. Менаџерот на„Фул Тилт Буги Бенд“, Џон Кук, отишол до „Landmark Motor“ хотелот (кој го променил името во „Highland Gardens Hotel“) каде што Џенис била гостин од 24. август. Го видел психоделично бојосаниот „Порше“ на Џенис Џоплин се уште на паркингот. По влегувањето во нејзината соба ја нашол мртва на подот. Официјалната причина била предозирање со хероин, евентуално во комбинација со алкохол. Кук смета дека на Џоплин случајно и е даден хероин кој бил многу помоќен одошто е вообичаено, бидејќи неколкумина други муштерии на нејзиниот нарко- дилер исто така биле таа недела предозирани.


Џенис Џоплин е кремирана во „Pierce Brothers Westwood Village“ мртовечницата во Лос Анџелес, нејзината пепел е растурена од авион во Тихиот океан и долж Стинсон плажата, а единственото опело е одржано во„Pierce Brothers“. На него присуствувале родителите и сестрата на нејзината мајка.

Џенис Џоплин умре на ист ден кога и нејзиниот идол, според многумина една од најдобрите блуз и џез пејачки на сите времиња, Беси Смит. (Таа почина по сообраќајна несреќа и губење на крв зашто одбиле да ја прифатат во блиската болница за белци.)

По смртта групата „Мамас едн папас“ сними песна за Џоплин со наслов „Pearl“ и ја издаде на својот последен албум„People Like Us“, во 1971. Сестрата Лора Џоплин напиша книга за нејзиниот живот насловена „Со љубов, Џенис“, според која подоцна е направен и истоимен мјузикл.

Дискографија: Big Brother and the Holding Company (1967), Cheap Thrills (1968), I Got Dem Ol' Kozmic Blues Again Mama! (1969), Pearl (1971), Joplin In Concert(1972, во живо), Greatest Hits (1973), Janis (1975), Farewell Song (1982), Prime Cuts (1983), Cheaper Thrills (1984), Janis BoxSet (1993), 18 Essential Songs (1995),Absolute Janis (1997), Box of Pearls (1999), Live at Woodstock – August 19, 1969, 900 Nights(ДВД, 2002), Pearl, Legacy Edition 2CD (2005)
 
Член од
20 август 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
Мх,мх, една од моите омилени. :) Повеќето што ги знам сметаат дека личам на нејзе,најверојатно поради носот. o_O Не дека не ми годи,ама белки че ја оправам како реинкарнација да не се фатам за дрогите :D
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Еее што убава тема, арно ти текнало..
Џенис Џоплин, па во топ 10 листата ми е. Прекрасен, специфичен вокал, еден од најдобрите. Незнам што би издвоила, еве албумот Greatest Hits издаден по нејзината смрт, сочинет од нејзините најголеми хитови, кој инаку го добив на подарок една драга личност.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Да ставиме некое песниче да се размрда темава:



 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Браво за отварачот на темава, Форест Гамп. Одличен воведен пост.

Ај колку да не е празен постов уште еден нејзин голем хит

И уште еден

 

Kajgana Shop

На врв Bottom