ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 26
Обединување на албанските територии кон матичната држава, во која освен Албанија, би влегле и Косово и западна Македонија, денеска повторно побара лидерот на најголемата опозиционата партија на Албанците во Македонија Арбен Џафери.
Тој, како што јави дописникот на Макфакс, од Тирана порача дека обединувањето на албанските територии во една држава е во контекст на решавање на албанското прашање, без што не може да се реши кризата во регионот.
„Албанското прашање не е фикција или романтизам, туку реалност. Процесот на асимилација на Албанците е прекинат, процесот на големи преселби е прекинат и сега останува да се согледа реалноста“, изјави лидерот на опозиционата Демократска партија на Албанците Арбен Џафери за албанската телевизија „Клан“.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали неговиот концепт може да прозвучи екстремно и да има последици врз Албанците во време кога меѓународната заедница повторува дека нема да има промени на границите во регионот, Џафери рече дека непромената на границите е техничко прашање за да се запре насилството, над кое е правото на самоопределување.
Тој додаде како аргумент плус, дека од основањето на Обединетите нации, досега, над 180 пати биле промените државните граници во светот.
Лидерот на опозиционата ДПА Арбен Џафери, во Тирана учествува на тркалезна маса на тема „Прашањата на албанските проблеми“ организирана од Институтот за дијалог и комуникации.
Превземено од А1