Ќе ја покажеме ли хуманоста на дело?

Статус
Затворена за нови мислења.

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
На многумина им се познати акциите организирани од форумџии за собирање стара облека. Бидејќи облека ни е потребна секојдневно, а на многумина баш таа им недостасува, дали сакате да организираме една викенд акција од форумџии и да собереме стара облека?

Наместо да ја фрлите или да ви зафаќа простор во плакар, може да ја донирате во акцијава....нормално доколку се нафатиме да ја реализираме.
Знам дека е ладно и најубаво е да си седиме на топло, ама некому му е потребна облека за да се затопли :(

Околу ден и час може да се договараме на темава, а и ќе треба да се организираме за стоење на поставени пунктови. Можеме да се преброиме во наредниве 5-6 дена и да видиме дали воопшто постои заинтересираност кај кајганџиите за реализирање на идејава.
Бујрум дајте предлози и кај да се стават пунктови.

п.с.Ако сака, секој може да одвои барем 1 час - еден ден во годината за да стопли нечие срце. Не секогаш се потребни пари за да израдувате некого.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Да бев во Скопје секако дека би учествувал. Ама штета шо нема личности како тебе во нашава околина да организираат вакви акции.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.181
Поени од реакции
34.393
Поука од минатите акции :)

- Акцијата да се одвива максимум 2 дена (нема потреба од цела недела);
- Акцијата да се одвива за викенд (ретко кој доаѓа во работни денови);
- Акцијата да се одвива 2 часа на ден (или 2х2 часа), зошто нема потреба повеќе да се мрзнат волонтерите;

Пример: Сабота (од 12 до 14 часот) и недела (од 14 до 16 часот).

Секој кој има желба да донира ќе може да најде време помеѓу овој временски распон во тие 2 неработни дена, нели? :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
^ па организирајте се и по другите градови.
Jaс сум да се организираме сабота и недела 17 и 18.12.2011 год. По 2-3 саата би стоеле на пункт, секако ако има поише пријавени може и да се менуваме.
Околу пунктовите мислам да бидат поставени еден во Аеродром кај новиот плоштад и еден во Центар, само каде во Центар? :unsure:
Еве јас се нафаќам и да испринтам и залепам инфо ливчиња за акцијава (нормално во мојот реон).:pipi:
Дајте и други идеи слободно.
 
B

Black Guard

Гостин
Одлична идеја.
--- надополнето: Nov 30, 2011 2:13 PM ---
Да бев во Скопје секако дека би учествувал. Ама штета шо нема личности како тебе во нашава околина да организираат вакви акции.
Се е до менаџмент-од кој град сте(или престојувате моментално),организирајте се па пратете облека ќе има кој да ја пречека.

Значи не ве лимитира фактот што не сте од скопје.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Одлична идеја.
--- надополнето: Nov 30, 2011 2:13 PM ---


Се е до менаџмент-од кој град сте(или престојувате моментално),организирајте се па пратете облека ќе има кој да ја пречека.

Значи не ве лимитира фактот што не сте од скопје.
Овие во мојата околина се до толку, не знам да кажам у која доба живеат. Да им го предложам јас ова ќе ме сметаат за спаднат од Марс. Мислам се’ е до свеста на луѓето. А можам понекаде само да напоменам за ваква акција па да видам само како ќе реагираат. Доколку се согласат секако дека тука ќе пишам дали сме успеале да собереме нешто и да го пратиме. :)
 

nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Одлична идеја, браво за темата, во оваа држава треба повеќе вакви личности како тебе
 
S

Sattva

Гостин
Овие во мојата околина се до толку, не знам да кажам у која доба живеат. Да им го предложам јас ова ќе ме сметаат за спаднат од Марс. Мислам се’ е до свеста на луѓето. А можам понекаде само да напоменам за ваква акција па да видам само како ќе реагираат. Доколку се согласат секако дека тука ќе пишам дали сме успеале да собереме нешто и да го пратиме. :)
Искуството ми вели дека нема да се согласат :( Премини на план Б.
 
S

Sattva

Гостин
Доколку нема да можам да се организирам и да ви се придружам во реализација на оваа идеја (бидејки луѓето овде нема да сакаат ни да ме сослушаат, а оние кои би го сториле тоа, би го сториле само ради фаќање сеир :sick:), ќе делувам на друг начин и на друг простор, онаму каде што ќе ја увидам потребата, не мора да е во Скопје.
Ама ќе го направам во мое и во името на оваа акција :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.181
Поени од реакции
34.393
Океј дечки, значи, да дефинираме датум и локација?
Ајде пријавувајте се јасно и гласно, не само да давате поддршка... Кој ќе помогне околу „дежурање“ на пултовите?
Ќе ја правиме акцијата во сопствена режија или со поддршка на Црвен Крст? Форумџии активисти на ЦК, што велите вие?
 
B

Black Guard

Гостин
Јас мислам да се организираме ние што не сме во скопје па понатаму облеката да се прераспредели преку форумџии/ки преку црвен крст таму каде што треба.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Изглеа темава ја отворив у погрешно време коа надвор е камен ладно - 20 степени, коа има 30 cm снег, иде нова година, крај на светот....
Oчигледно нема интерес за да се организира акцијава, па затоа би ги замолила администраторите да ја избришат темава, за да не ја покажуваме до толку хуманоста на дело.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom