Точно, ама заокружувањето е најниска форма на проверка на знаењето. Реално, колку и да се тешки, пак ако ти ги дадат унапред прашањата секој може да ги набуба. Убеден сум дека да дојде некој од ФИНКИ и да му дадат готови прашања од економски, ако потроши 3-4 дена на учење на истите, ќе си го положи државниот за друг факултет. И тоа го прави стручен за тоа? Нема логика. Башка да не збориме што и да не знаеш нешто, имаш шанси на тепка да го погодиш. Плус да не го спомнувам тоа што за кај мене конкретно, не е возможно да се провери знаењето на еден историчар ако прашањето има одговор кој треба да го заокружиш, пошто самата наука си налага објаснување на исказите, а не фактографија и хронолошки познавања.
Според тебе горенаведениве факултети што ги набројав и продуцираат Нобеловци како што Македонија продуцира кафани не се во право?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Давање однапред прашања е дел од она што да повторам, не се решава со екстерно и државен испит. Океј е мустра да имаш, да видиш каков модел ќе биде, но не да ги добиеш.
Ова со Финки и другите факултети е малце дискутабилно зошто не секој може да учи теории и не секој може да решава комплексни проблеми преку задачи. Еве јас сум пример, ми иде да се обесам кога ќе видам на ФЕИТ предмет со теорија, поготово оние од ТК смерот. Физика 1 заради таа теорија морав да го презапишам зошто професорката бараше од А до Ш иако од задачите секогаш имав 50/50, ако има електраши ќе ти потврдат. А на истата таа професорка по физика 2, јас и уште четворица и направивме таква семинарска за Припјат/Чернобил (налик на Горан предавањана
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) да ја тераше асистентката која не водеше да и објаснува "што е муабетот". Е овде е исто проблемот во образованието. Некои професори не се апдејтирани со знаењето од кога завршиле. Уште мислеше типката дека Чернобил стариот оклоп ќе седи околу реакторот. Сега ние сме и прикажале применето знаење од алфа, бета и гама зрачење а таа ќе ни крати по 10 бода зашто некој утнал да напише log на некоја равенка од теоријата. Нели не иде?
И на ФЕИТ имаш напамет учење и погаѓање, цело време дробам јас дека и таму е утната работата и не е поентата да решаваш троен интеграл качен на степен и да му најдеш лимес. Ни таму не е совршено и не значи дека ако е потешко дека е поквалитетно. На дваес теми имам пишано за колегата десеткаш кој по едно предавање по предметот Компјутерски архитектури го оверклокна и го сјеба процесорот
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Во фаца му се прснав од смеење. Исто и по програмирањето, ги учеа напамет фор циклусите, кодот за датотеките и условот за матрица и ете, положени.
Значи си треба практична работа, поготово на техничките факултети, апдејтирање на програмата и исфрлање на онакви глупости како горенаведените. Не може бе студент десеткаш да заебе процесор со таква глупост. Нели учел тек на функции по математика, нели десетка зел, како така појма да нема од тактови? Затоа на ФЕИТ сите професори јадат гомна за Тентов али човекот е во право за се иако и јас го хејтав. Ги прашувал усно на дополагање каков вид на меморија е USB, не знаеле да му кажат. За греота.
Можам цел ден да пишувам на овие теми ама да скратам, чисто ми е да доловам дека не се работи во читање библии и помнење глупи факти напамет. МИТ во Америка си имаат своја NASA based просторија каде испитуваат нон стоп работи, гледаат практично како им работи тоа што го створиле. Тебе може а и мора да те пратат од факс во Атина, Рим и други локации да ги видиш. А не кај нас, ти ги даа интегралите и ти вика ај земи дигитронот и не замарај, или кај тебе, држи книгата, учи приказни.
На стоматолошки немаат маса за отпечатоци земање студентите, сами да земат отпечаток, а утре ќе треба кога ќе одиш на забар мост да правиш, отпечаток да ти земе. И кога ќе ти направи заби за коњ наспроти твоите ситни, ем изгубено време, ем пари, ем нервоза...
ама реков, образованието и здравството плачат за инвестирање, но така ќе нема буџет за гипсени срања на плоштад
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)