- Член од
- 24 ноември 2005
- Мислења
- 3.233
- Поени од реакции
- 391
Мислам дека додека не се испазарат саглам, нема да го предадат. Не ми се верува дека туку така ќе го пратат за Хаг без да се омрсат за нешто. Воопшто немора да е битно да продолжат преговорите со ЕУ, иако официјално се залагаат за тоа, мислам дека воопшто не им е важна ЕУ. Србија дури и со влегувње во преговори со ЕУ дефинитивно ќе изгуби многу, народот најмногу ќе го осети тоа како и ние овде што го осетивме. Младиќ ќе го предадат ама не заради преговорите со ЕУ туку заради други нешта кои им се побитни. Кому лично, кому општо, секому треба по нешто. Поготово на офицерите кои беа во српската војска во Босна под негова команда и членовите на неговиот штаб. Прво тие мораат да се обезбедат дека нема да страдаат кога ќе се одмоткува клопчето на неговото судење, па после и другиот дел од српската елита која има крвави раце а сеуште слободно шета низ Србија.