T
Tetro
Гостин
ЌЕ СЕ ГРАДИ СПОМЕН СОБА ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА [16.04.2007]
23 понуди пристигнале на меѓународниот конкурс за идејно решение за изградба на спомен соба на Мајка Тереза. Таа ќе се гради на улица Македонија непосредно пред сегашната феудална кула. Проектот го финансира Владата на Република Македонија.
Анџело Малфети, архитект од Ватикан смета дека идејата на Македонските власти да изградат спомен соба за Мајка Тереза во нејзиниот роден град Скопје, е од исклучителна важност за христијанскиот свет, особено сега, кога нејзиното име се почесто се споменува како идна Светица.
На меѓународниот конкурс кој го објави Министерството за култура, пристигнале 23 понуди. Деновиве ќе се знае според кој проект ќе се гради спомен собата на Мајка Тереза.
Изградабата е предвидена да почне во текот на оваа година. Спомен собата на Мајка Тереза ќе се наоѓа на улица Македонија, непосредно пред феудалната кула кај домот на АРМ во Скопје. За оваа година владата од буџетот одвои околу 16 милиони денари за реализација на овој проект.