Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
... не знам зошто све се врти околу секс, ебачка, легнување, дечкото не може да искумуницира со било кое женско, рандом да праша ,,колку е часот", а не пак да ја легне, бариерата е таа, приодот со илјада комбинации на неговиот мозок и одредување како ќе се одвива ситуацијата во иднина ако направи то и то, тука има некоја траума и страв, дали од мал нешто му се случило, а не памти, не е џабе ненајдената тахикардија и аксиозност кога ќе проба спротивно од мозокот што му одреди.
 
... не знам зошто све се врти околу секс, ебачка, легнување, дечкото не може да искумуницира со било кое женско, рандом да праша ,,колку е часот", а не пак да ја легне, бариерата е таа, приодот со илјада комбинации на неговиот мозок и одредување како ќе се одвива ситуацијата во иднина ако направи то и то, тука има некоја траума и страв, дали од мал нешто му се случило, а не памти, не е џабе ненајдената тахикардија и аксиозност кога ќе проба спротивно од мозокот што му одреди.

Крајната намера е тоа, ипак се сведува на разговор за романтичен интерес. Ако ми се свиѓа личноста од спротивната страна, размислувам, премислувам што како да би водел разговор, но на крајот на краиштата самиот се сопкам и тешко да произлезе нешто од разговорот освем само едно бедно здраво, како си. Овдека немам проблем да комуницирам со вас, во реалност, кога картите се на маса, секогаш се мислам да не ја направам ситоацијата незгодна (повеќе него што е), да речам нешто глупаво што 90 % сигурно ќе биде, бидејќи во дадениот момент работат само 2 мозочни клетки...
Моментална состојба на немир и константна тахикардија е присутна во последниов период, некое време пред да се обратам тука на форумот - и поради што се обратив, кога размислив кои ми се годините, каква ми е состојбата и до каде сум стигнат во животов од тој аспект...
Значи, да, имам анксиозност и во нормални разговори, состаноци, разговори во врска со работата, било што, но сепак можам да функционирам и да комуницирам, но кога ќе дојде другото... е тука е сериозно.
Сум имал турбулентно минато, моменти да ми се сведи самодовербата и подолу него што ми е, но сепак не можам да се присетам на некој конкретен момент што трауматизирал до овој степен.
Можеби наједноставниот одговор може да биде најточен, изолацијата, комфорт зоната, незаинтересираноста за социјализирање и додворуваање си го направи своето, и сега ќе си наплати и со камата :)
 
Ако идам летово накај Охрид ќе идеме заедно негде изгубен. Покрај мене ќе ќариш путка.
 
Ај и јас да идам или се намалуваат шансите ако одиме појче?


Ќе правите Бермудски триаголник.

Но кога сте тројца, за грепките на лотарија се вели секоја трета добива. ;)
 
Здраво Христијан.
Погрешно сосем, не сум задоволен со мојот стил на живот, никако, далеку од тоа. Криво ми е многу што неможам отворено/опуштено да го живеам како вас. Игри, серии, филмови, YouTube повеќе не ми пружат задоволство веќе долго време. Само пружат начин за да помине време, кое што сфатив и не ми е веќе во полза одамна.

До пред некое време бев таков, излегувањето од дома го сметав за губење време, сметав дека местото не ми е тука, едноставно не се чувствував вклопен. Избегавав покани за излегување, настани, случки, барав изговори како да си седам дома и да грајндам Immortal ранк за некојси ефтин допамин што не ми пружи ништо. Токму така, за да излезам некаде ми беше потребен психолошки тренинг, закажано унапред. Затоа е комфорт зона, бидејќи се осеќаш добро, во мир, ама сега и да стојам така дома во таа комфорт зона, не е веќе комфорт кога во седечка состојба имам 100-110 BPM, како да сум трчал. Знам, еден куп луѓе ми предложивте да излезам сам, но самата помисла ме прави да се чувствувам одвратно, изрод, неспособен, и се обложувам дека кој и да ме погледне ќе си го помисли истото. Во овие 30 години не дека сум излегувал многу, но до сега не сум видел некој да биде сам. Јас моментот кога ќе имам храброст да излезам сам, мислам дека ќе немам проблем воошто и да и пријдам на некоја. Сам опкружен со еден куп луѓе, парови, самата помисла ме стаписува.

Хипотетички гледано не знам ни како да започнам разговор да би бил во таква околина, и да започнам не знам ни како ќе задржам. Ќе зборувам за хоби, ќе му раскажувам серии, Dota, за работата која што никого не го интересира и е излезен на прво место таму за да се декомпресира? Не знам, многу сериозно го имам сфатено животов како демек некој жив ќе излезе од него.

Додека пишувам една голема работа ми дојде на ум. Ова можеби и спаѓа во глорификацијата но мислам дека е оправдано. Често се запрашувам како јас ќе се вклопам во тој стил на живот кога (еве да речиме потенцијална партнерка би била на возраст 25+ години) има искусено премногу, може да намириса дека сум чуден повлечен, па и невин. Се осеќам многу засрамено од тоа, како пред време да сум ја разочарал.

Точно, сфаќам дека секој учи додека е жив, никој не се родил учен/искусен, во моментов јас се осеќам како да учам да одам на 11 години, а тоа требеше да го направам на 2.

Прво, немој да мислиш дека ние тука кои ти делиме совети имаме нешто по “бурен“ живот од тебе, дека сме секој ден пијани и петок/сабота затвараме ноќни клубови...... јас сум ете твоја генерација, не женет, па и мене животот ни е сведен на работа, некое хоби и се помал и помал круг на пријатели за кафе/пијачка... ама пак сум 4-5 пати во неделата излезен... Од некаде мора да се почне, сега на 30+ години не е лесно да се оформуваат нови пријателства како што тоа беше во средно/факултет... повеќето се веќе женети/мажени, во серизони врски, секој живее свој живот... викаш дека работиш од дома, па од старт паѓа варијантата да се мешаш со луѓе на работа, па потоа 'after work party' и на тој начин да оформиш некој круг на луѓе... така да не гледам други опции освен теретана, да запишеш да учиш некој јазик... и така да се тргнеш од твоето секојдневие и да се измешаш со луѓе... пак ќе ти кажам, немој да мислиш дека на теретана ќе ја најдеш сродната душа или новото друштво, туку круг на луѓе со кој ќе направиш некој неврзан муабет измеѓу серии, можда за викенд ќе се организирате за одење некаде на планина, со скара ручек, тренинг во природа... ова ти го кажувам од лично искуство, јас вежбам 10тина години, рекреативно и стекнав одреден круг на познаници со кој што одвреме на време ќе одам на пешачење, па потоа ќе пиеме кафе, за викенд некогаш се качуваме на Водно, екскурзија од неколку саати...

Зошто мислиш дека не знаеш да правиш муабет? Баш тие работи кои ги кажа, се работи од нашето секојдневие Сериите и филмовите се сосем добра и интерсна тема, не знам дали читаш книги, музика, спорт... има доста теми за разговор, само треба да си опуштен и да си свој... исто така можеш и да прошеташ, една интересна варијанта се агенциите и турите кои ги организираат пример за продолжен викенд.... 3-4 дена, макар да и сам да тргниш, ќе имаш таму група луѓе со кој ќе се дружиш, ќе шетате, јадите пиете...

Се трга со промени од себе, ти во случајот треба да ја разбиеш монотонијата во која си навлезен долги години.. нема да е лесно, ама мислам дека овие 2-3 работи треба прво да ги направиш... нема магичен збор да фатиш женска или некој тука да те научи како да се однесуваш со луѓе или што муабет да правиш
 
Ќе правите Бермудски триаголник.

Но кога сте тројца, за грепките на лотарија се вели секоја трета добива. ;)


Јас потпрен со газо на ѕид ќе бидам па сеа кој че се набоди на копјево во темница, нека му е со лесно.
 
Зборуваш како да си созреал, од дете се претвори во возрасен, но исто така по симптомите делуваш како да имаш анксиозност во социјални ситуации. Не само на мене што не ми пречело, туку и сум преферирала такви ликови од причина што си неискварен, чист, девица, покрај што немаш/не носиш полови инфекции со себе,... да шириш, туку имаш и чисти намери.
Без грижа, оди помоли си се во црква да се опуштиш и да ја најдеш правата личност, имај искрен пристап и намери како и до сега, и искрена добра личност ќе те прифати за пријател, се започнува од пријателство, понатаму спонтано се опушташ и во останатите работи.
Ке летува некој бесплатно во Охрид ова лето
 
Јас потпрен со газо на ѕид ќе бидам па сеа кој че се набоди на копјево во темница, нека му е со лесно.
Кога идеш на вакви настани земи се една тапа и не мора шупак да вртиш накај ѕид. (y)
 
Na star tocak se ucis da vozis, ne na nov :D
Само после да не ни излези овде со нов проблем - жена ми сака 5 пати а јас неможам, постојано сум излезен ме страв да си одам дома, шо да правам... :D
 
Само после да не ни излези овде со нов проблем - жена ми сака 5 пати а јас неможам, постојано сум излезен ме страв да си одам дома, шо да правам... :D
Teski do to da stigni , ko e ko nego :D
Автоматски споено мислење:

Кога идеш на вакви настани земи се една тапа и не мора шупак да вртиш накај ѕид. (y)
E ova e vekje prakticno iskustvo. Koj si znaj, si znaj :D
 
E ova e vekje prakticno iskustvo. Koj si znaj, si znaj :D
Имаше еден виц, мене 10 пати ми го турија а ја цицка не фатив...овие другиве тапи имале спремни од дома а овој како Том Круз у филмон на Кјубрик :D
Автоматски споено мислење:

Да се поднашалиме ама може решението на проблемот на младичов е баш у сериозноста у оној нихилистички негативен поглед на светов.
Излези надвор, пролет е....мравки тропаат по земја иако не можеш да ги чуеш, бумбари мајски летаат, птици пејат...цела планета е у екстаза.
 
Имаше еден виц, мене 10 пати ми го турија а ја цицка не фатив...овие другиве тапи имале спремни од дома а овој како Том Круз у филмон на Кјубрик :D

А ја па на овакфи настани како бифши келнер и шанкер, не повааѓам без отфарач за вино.
:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom