Јован Крстител vs Исус - антагонизам низ светите писма

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Анализирајќи ги внимателно текстовите на Новиот завет,пред очите ни се отвараат ситуации и настани кои се грижливо скриени зад литературната фикција на евангелистичката нарација. Една од тие е и релацијата помеѓу Јован Крстител и Исус.
Јован за кој податоци ни даваат евангелијата но и пишувањето на Јосиф Флавиј, поминал години во пустина, за да во петнаесеттата година од владеењето на Тибериј (28 година од новата ера) тој да ја напушти пустината и јавно да пророкува. Облечен во груба ткаенина од камилско влакно, проповедал за скорешно доаѓање на царството божје и го повикувал народот на покора и ветувал проштевање на гревовите и влегување во царството божје на оние кој ќе се крстат со миење во водите на Јордан. Спрема евангелијата, Херод Антипа, навреден од Јована поради обвинувања дека сторил родосквернување, го затвора во тврдината Махеронт, и занесен од танцот на Салома му ја отсекува главата. Кај Флавиј пак причината за ликвидација на Јован е многу посекојдневна, Јован се здобил со преголема популарност и премногу народ се собирал околу тој пророк, а тоа беше политички многу опасно во време кога на власт беше тиранин и угнетувач како Херод.
Евангелијата потенцираат дека Јован му се потчинил на Исуса, препознавајќи во него Месија навестен во стариот завет, та дури се прогласил недостоен да му го одврзе ремчето на Исусовите сандалки. Но низ текстовите на евангелијата постои ехо на далечните вистински настани, онакви какви беа пред нивната смисла и логика да биди забушурена од подоцнежните “толкувачи“ на христијанството. Така кај евангелието по Јован (3, 27)

И дојдоа при Јована и му рекоја: “Учителе, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Он крштава и сите одат при Него“.

Овој текст (иако по него спрема евангелијата Јован повторно ја признава супремацијата на Исус) кажува дека и двајцата имале и врбувале свои ученици. Малку потаму пак кај Јована (4, 1) стои

Кога разбра Исус дека фарисеите чуле оти Он придобива повеќе ученици отколку Јован, и крштава

а како последица на тоа Исус ја напушта Јудеја и заминува во Галилеја. Се поставува прашање дури и дали Исус и Јован некогаш се сретнале, имено, евангелијата се мошне конфузни по тоа прашање, кај Матеј (3, 13-14) и Лука (3, 15-16) двајцата евангелисти го опишуваат признавањето на Исуса од страна на Јован, но запрепастувачки е што и кај двата евангелисти во понатамошниот текст Јован е во затвор и по свои два ученика го праќа следното прашање до Исуса “Ти ли си оној што треба да дојде или друг да чекаме “ !?! (Лука 11, 19; Матеј 11, 2-3) значи одеднаш узнаваме дека Јован не знаел кој е Исус иако и двајцата предходно не убедуваат дека не само што го видел и познал како месија туку и јавно тоа го изјавил. Како што изгледа Јован и Исус припаѓале на две различни секти во јудаизмот, секоја со свој поглед кон божјото и овоземното, а доказ за тоа ни даваат Делата апостолски (18, 24-26)

24. И дојде во Ефес некој си Јудеец по име Аполос родум од Александрија, човек красноречив и силен во писмата

25.Тој беше упатен во патот Господов и, распален во духот, зборуваше и поучуваше правилно за господа, иако знаеше само за Јовавоното крштевање

26.Тој почна да зборува смело во синагогата. Кога го чуја Акила и Прискила, го прибраја и му го објаснија патот Господов поточно.

Колку јасен пример на постоење на две учења и гледања на патот Господов на две различни секти , на она Јованова и онаа на Исуса. Уште една потврда на тоа дека во оптек биле повеќе стрења во јудеохристијанството го имаме кај Павле во првото до Коринтјаните 1,

11. А ова ви го велам, затоа што еден од вас вели “Јас сум Павлов“, друг “Јас сум Аполосов“, трет “Јас сум на Кифа“, а друг “Јас пак Христов“

Култот кон Јована бил голем, и со тек на времето се повеќе растел, Флавиј вели дека цела Јудеја била убедена дека поразот што го претрпел Херод од Аретеј е поради убиството на Јован Крстител, а спрема една легенда, големиот рабин Гамлиел, забележувајќи ја главата на Јован како плива во Јордан рекол “Додек ти крштеваше те потопија, затоа судбината на тие кои те удавија е и тие да потонат“. И јован стана подоцна “плен“ на христијанската манија за реликвии така да едно време постоеа две негови глави, едната се чуваше во црквата во Сосоан а другата во црквата во Амиен.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Леее чоек, дај барем текстовиве кои ги пастираш, земи прераскажи ги, накратко. Ќе се дупнам од читање. Не е од фазла читањето, ама па ...:helou:

Многу интересно !

Не знам кој би бил соодветен коментар на ова освен сомнеж во постоење на Бог и веродостојнот на Светата Книга, која е далеку контроверзна.

Не е лошо на крајот да оставаш твој заклучок, мислење....
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Јова Крстител vs Исус - како прво грешен ти е насловот, како второ: иритира! Јован versus Исус. Што е ова, Street Fighter или Celebrity Deathmatch??? Кажи резултат! 0-3 или нерешено ??? :pos2:
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Јова Крстител vs Исус - како прво грешен ти е насловот, како второ: иритира! Јован versus Исус. Што е ова, Street Fighter или Celebrity Deathmatch??? Кажи резултат! 0-3 или нерешено ??? :pos2:
Добродојде на религија,
како што знаеш денес преовлада христијанството на Павле, значи ни на Исус ни на Јована, а “вс“ не мора да значи (пошто ти е познато од Стрит фајт или Текен) дека е во прашање некоја бориличка техника на Јован против Исус (клечеќи крститељ -притајени месија) туку како спротивставеност на две учења околу божјото царство, како и самиот виде и двата (Јован и Исус) имаат свои ученици свои присталици за своите учења а кои учења се разликуваат (како што виде во цитатите кои го дадов од делата и од Павле.
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
каде стигнавме со темава ?
Јован крстител(претеча) и Исус се роднина ако не грешам
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Спрема Лука, да, тие биле роднини, но сепак историски имаме потврди дека Јован постоел и живеел додека за Исуса тоа не може да се каже.
 
Член од
12 септември 2007
Мислења
20
Поени од реакции
0
Clen na rakovodstvoto

TE MOLAM, daj mi nekoi linkovi ili nekoi izvori da procitam nekade za da go potkrepi toa sto go tvrdis.
A ako se sekjavas pred nekoj den mi rece da ne go koristam terminot literatura za svetite knigi, a ti tuka na samiot pocetok go koristis terminot. Do sega dobro se kontriras samiot za natamu ke vidime.
Ne znam dali si slusnal za homeletika, no bi trebalo da zemes nekoj cas od toj predmet za da ti stane jasno kako se cita literatura. mnogu e zalno ako so takov pogled ja citas celata literatura koja ja citas. Ja citas Biblijata so normite od 21 vek, citaj malku so predstava deka e pisuvano vo prvi vek i so taa perspektiva treba da se cita. Ako ti e toa preslozeno odi na nekoj web sajt, ima besplatni lekcii po homeletika.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Clen na rakovodstvoto

TE MOLAM, daj mi nekoi linkovi ili nekoi izvori da procitam nekade za da go potkrepi toa sto go tvrdis.
Линкови, немам, али можам да ти препорачам автори и нивни дела, Алегро “Свитците од мртвото море“, Амиот и Ропс “Апокрифи на Новиот Завет“, Бултман “Новиот Завет и Митологија“, Дејвис “Свети Павле и христијанските почетоци“, Ропс “Од Аврам до Христос“, Страковски “Кумранските ракописи“, Зарнт “Историскиот Исус“, Зиелински “Јудаизам и Хеленизам“, “ракописите од Наг хамади“, Мирча Елијаде “Историја на верувања и религиски идеи“ и “Мит и Реалност“, Фројд “Мојсеј и монотеизам“, Р.Х. Чарлас “Апокрифа и Псевдоапокрифа“, Гинзберг “Еврејските легенди“, Валис “Историја на блажена марија - сириски текстови“..................... и уште доста ракописи, скрипти, книги, текстови, ПЛУС Библији и Нови Завети од различни цркви (Православна, Католичка, Протестантска, Вулгата, Тора). Ова се мораш да го комбинираш со книги историски како и книги за другите религии (Персиска, Римска, хеленска, Египетска, Каанска......)
Млад си имаш време ,ако навистина сакаш да истражуваш и учиш мене ми требаа 20+ години да го стекнам тоа знаење и познавање.
 
Член од
12 септември 2007
Мислења
20
Поени од реакции
0
Navistina mnogu dela, ke mi trebaat 20 godini da gi proucam, no zal mi e sto gi kombiniras site tie informacii nadvor od kontekst. Jas nemam problem so znaenje i drugi mislenja, no ako pocnes da gi kombiniras kako na tebe ti se dopagja, ne dokazuvas nisto, tuku si samo uste eden megju mnogumina koi probuvaat da ja zamatat vodata za da pokazat kolku tie znaat. kontekstot e mnogu vazna rabota, a za toa osven homeletika mozes da razgledas nesto i od hermenoutika. Gi imav tie predmeti kako izborni i navistina ti davaat perspektiva kako treba da gi gledas rabotite.
Imas znaenje sekoja cest no nemoj da kombiniras za da pokrepis nesto sto ne e vistinsko. Me interesira zosto go kries tvojot stav za tie raboti ili go kries tvojot svetogled pozadi tie diskusii.
ako sakas otvori tema na toa sto ti go tvrdis pa veruvam deka ke diskutirame tamu za tvojot svetogled.
ke cekam
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Надвор од контекст???
Не е вистина???
Мојот светоглед??

Јас не знам што е твоето интересирање дали ЈАС или темите кои ги отварив, Темите се тие, моето мислење е таму напишано (што појасно сум можел) и сум за дискусија на тие теми.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Членов на раководството не знам што точно проповеда ама дефинитивно неговите текстови ги игнорирам како православна христијанка.
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
интересно члену јас мислам дека те разбирам
те читам низ темите и гледам некои факти кои сакаш да ги кажаш
повели кажиси да не вадам клешти за зборови хехе
Па не е ни важно што проповедаш: кога знам дека некој се обидел да постави прашалници околу постоењето на Исус, знам и дека се' друго што пишува треба да се игнорира.
полако
мислам дека не баш си сватила што сака да каже авторот
1 влианието на апостол павле
2 влианието на константин (вршовен свештеник во митраизмот)и човекот кој ја прогласи христијанската религија низ целата римска империја
па вселенските собири ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom