Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
Анализирајќи ги внимателно текстовите на Новиот завет,пред очите ни се отвараат ситуации и настани кои се грижливо скриени зад литературната фикција на евангелистичката нарација. Една од тие е и релацијата помеѓу Јован Крстител и Исус.
Јован за кој податоци ни даваат евангелијата но и пишувањето на Јосиф Флавиј, поминал години во пустина, за да во петнаесеттата година од владеењето на Тибериј (28 година од новата ера) тој да ја напушти пустината и јавно да пророкува. Облечен во груба ткаенина од камилско влакно, проповедал за скорешно доаѓање на царството божје и го повикувал народот на покора и ветувал проштевање на гревовите и влегување во царството божје на оние кој ќе се крстат со миење во водите на Јордан. Спрема евангелијата, Херод Антипа, навреден од Јована поради обвинувања дека сторил родосквернување, го затвора во тврдината Махеронт, и занесен од танцот на Салома му ја отсекува главата. Кај Флавиј пак причината за ликвидација на Јован е многу посекојдневна, Јован се здобил со преголема популарност и премногу народ се собирал околу тој пророк, а тоа беше политички многу опасно во време кога на власт беше тиранин и угнетувач како Херод.
Евангелијата потенцираат дека Јован му се потчинил на Исуса, препознавајќи во него Месија навестен во стариот завет, та дури се прогласил недостоен да му го одврзе ремчето на Исусовите сандалки. Но низ текстовите на евангелијата постои ехо на далечните вистински настани, онакви какви беа пред нивната смисла и логика да биди забушурена од подоцнежните “толкувачи“ на христијанството. Така кај евангелието по Јован (3, 27)
И дојдоа при Јована и му рекоја: “Учителе, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Он крштава и сите одат при Него“.
Овој текст (иако по него спрема евангелијата Јован повторно ја признава супремацијата на Исус) кажува дека и двајцата имале и врбувале свои ученици. Малку потаму пак кај Јована (4, 1) стои
Кога разбра Исус дека фарисеите чуле оти Он придобива повеќе ученици отколку Јован, и крштава
а како последица на тоа Исус ја напушта Јудеја и заминува во Галилеја. Се поставува прашање дури и дали Исус и Јован некогаш се сретнале, имено, евангелијата се мошне конфузни по тоа прашање, кај Матеј (3, 13-14) и Лука (3, 15-16) двајцата евангелисти го опишуваат признавањето на Исуса од страна на Јован, но запрепастувачки е што и кај двата евангелисти во понатамошниот текст Јован е во затвор и по свои два ученика го праќа следното прашање до Исуса “Ти ли си оној што треба да дојде или друг да чекаме “ !?! (Лука 11, 19; Матеј 11, 2-3) значи одеднаш узнаваме дека Јован не знаел кој е Исус иако и двајцата предходно не убедуваат дека не само што го видел и познал како месија туку и јавно тоа го изјавил. Како што изгледа Јован и Исус припаѓале на две различни секти во јудаизмот, секоја со свој поглед кон божјото и овоземното, а доказ за тоа ни даваат Делата апостолски (18, 24-26)
24. И дојде во Ефес некој си Јудеец по име Аполос родум од Александрија, човек красноречив и силен во писмата
25.Тој беше упатен во патот Господов и, распален во духот, зборуваше и поучуваше правилно за господа, иако знаеше само за Јовавоното крштевање
26.Тој почна да зборува смело во синагогата. Кога го чуја Акила и Прискила, го прибраја и му го објаснија патот Господов поточно.
Колку јасен пример на постоење на две учења и гледања на патот Господов на две различни секти , на она Јованова и онаа на Исуса. Уште една потврда на тоа дека во оптек биле повеќе стрења во јудеохристијанството го имаме кај Павле во првото до Коринтјаните 1,
11. А ова ви го велам, затоа што еден од вас вели “Јас сум Павлов“, друг “Јас сум Аполосов“, трет “Јас сум на Кифа“, а друг “Јас пак Христов“
Култот кон Јована бил голем, и со тек на времето се повеќе растел, Флавиј вели дека цела Јудеја била убедена дека поразот што го претрпел Херод од Аретеј е поради убиството на Јован Крстител, а спрема една легенда, големиот рабин Гамлиел, забележувајќи ја главата на Јован како плива во Јордан рекол “Додек ти крштеваше те потопија, затоа судбината на тие кои те удавија е и тие да потонат“. И јован стана подоцна “плен“ на христијанската манија за реликвии така да едно време постоеа две негови глави, едната се чуваше во црквата во Сосоан а другата во црквата во Амиен.