Јапонски јазик (Nihongo)

Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Здраво дечки ја почнувам оваа тема за Јапонски јазик, ако случајно има некоја тема на форумот поврзана со ова слободно избришете ја или припојте ја.

Значи вака, јас првпат се запознав со Јапонскиот јазик пред 10тина година кога првпат почнав да гледам Аниме серии (сигурно како и многу од вас) и кога добив пристап до побрз интернет секако. Меѓу многу луге постои заблуда дека овој јазик е сличен со Кинескиот или Корејскиот, што е тотално неточно не постои никаква поврзаност со овие два јазици и народи што е докажано од разни светски експерти, додека кинскиот јазик е некакви звуци поврзан како Чанг, Ванг, Чен, Ленг, Квон и слично, Јапонскиот јазик е многу поелегантен од тоа и е еден од најправилните јазици во светот се води од едноставното правило, каде слоговите се составени од самогаска и согласка и единствено само -н може да стои сама и тоа на крајот на зборот ( Primer -rainen (ra-i-ne-n)). Во таа смисла е поправилен и од македонскиот, мислам на буквата Р која може да стое и пред согласка Драган, Мартин, Крст, но и други зборови како Скопје каде што помеѓу С и К и П и Ј нема самогласка. Еве на пример тоа и ме привлече кон овој страшен јазик, сите знаеме за лесноста на некои јазици, како Шпанскиот, Италијанскиот, Португалскиот и Англискиот, каде со гледање на филмови и серии може да се научи многу за јазикот, еве на мене многу тежок ми беше Германскиот јазик каде што колку и да гледав емисии на Германски неможев да запамтам ништо, веројатно слично е и со Данскиот/Норвешкиот, Холандскиот и Шведскиот, барем јас така мислам.

Да се вратиме на темата, досега јавно прифатено мислење е дека Јапонците немале сопствен систем за пишување и никој не знае точно како комуницирале во пишана форма, многу мислат дека ја немале, секако Јапонски може да се пишува со латинични, кирилични или арапски букви, нема некое големо значење, но сепак овие писма не биле достапни до Јапонците во 5 и 6 век од нашата ера, туку било присутно кинеското писмо од многуте Кинески трговци од кина кој патувале на исток спрема т.н Земјата на Ва (Wa) како ја нарекувале кинезите, па така Јапонците зеле некои од нивните т.н Кинески карактери или Канџи, слично како и Корејците пред нив, но како што веќе напоменав овие два јазици воопшто не се слични еден со друг немаат ништо заедничко, со што Јапонските книжевници се соочиле со многу предизвици, еден карактер покрај различниот изговор имал и свое значење, но бидејќи јапонците си имале веќе свои имиња и свои изговори на зборовите кои воопшто не соодвестуваат со кинеските така зборот 山 (планина) се вика Јама на јапонски, додека на кинески се вика Shān, и не се уклопува никако па јапонците одлучиле да го земат значењето и да си направат своја варијација, има околу 1000 вакви карактери кои ги земале Јапонците за користење, а потоа си создале свои букви ви 14век наречени Кана, и има две варијации хирагана - која се додава на некои канџи да изведе некои значење или за некои зборови за кои нема канџи, и катакана - која се користи за зборови кои ги нема во јапонскиот јазик, како радио, телевизор, интернет, кревет (западен стил), авион, Аниме, лични странски имиња, и разни работи кои дошле во Јапонија како Виски, Вотка, Ајвар, Пиперка, Маслинка и се што се појавувава како нов изум.

Јас кога заопчнав да го изучувам овај јазик го оставив читањето и пишувањето и се сконцентрирав на комуницирањето, но сепак ги познавам поголемиот број канџи што се учат во основно училиште, сега најголем предизвик ми претставува тоа што англискиот, рускиот, кинскиот се SVO јазици, субјект-глагол-објект (пр. Таа-го сака-него en. She loves him), додека јапонскиот е SOV јазик, односно -субјект-објект-глагол (пр. Таа- го него-сака en.She-him-loves). Што е многу фрустрирачки да го ставаш глаголот на крајот на реченицата, посебно кај сложените реченици кои можат да бидат, големи и тешки, бидејќи се обидуваш да кажеш нешто и го преведуваш тоа што сакаш да го кажеш од англиски или македонски на јапонски и тешко ти е да смислиш што треба да оде каде во реченицата...

Можете да видите дека го сакам овој јазик многу и можам да напишам многу, па ако имате некои прашања слободно поставете ги и ќе ви помогнам, како и ако ви треба некоја помош со литература или програми да ви кажам, јас користам една програма која се вика Розета Стоун и тоа пиратската верзија (секако ако имате пари може да ја користите и оригиналната верзија) како и две апликации за Android/iPhone кои се викаат Obenkyo и Tsukiji кои служат за учење на канџите. Kе прикачам една книга за објаснување на основните канџите доколку тоа е “вашата чаша со чај“.
 

Attachments

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Заборави да кажеш дека немаат Л и секој збор што е од странско потекло каде што има Л го мењаат со Р :pos:. Со аниме културата овој јазик стана доста популарен секаде низ светот и се створи побарувачка за учење на истиот. Незнам дали кај нас воопшто има луге што се образовани и квалификувани да држат часови за изучување Јапонски, мада, многу работи денес се учат на интернет а и со јазиците не е ништо поинаку. А и тешко ќе го научиш било кој јазик доколку не дојдеш во секојдневен вербален контакт со говорници што го знаат јазикот што сакаш да го научиш од раѓање, нејтив спикерс.

Интересно што некој тука отвори ваква тема.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Заборави да кажеш дека немаат Л и секој збор што е од странско потекло каде што има Л го мењаат со Р :pos:. Со аниме културата овој јазик стана доста популарен секаде низ светот и се створи побарувачка за учење на истиот. Незнам дали кај нас воопшто има луге што се образовани и квалификувани да држат часови за изучување Јапонски, мада, многу работи денес се учат на интернет а и со јазиците не е ништо поинаку. А и тешко ќе го научиш било кој јазик доколку не дојдеш во секојдневен вербален контакт со говорници што го знаат јазикот што сакаш да го научиш од раѓање, нејтив спикерс.

Интересно што некој тука отвори ваква тема.
Da de London e Rondon, a Spain e Supein, toa e malce zafrknato sto ima razlicni transkripcii na stranskite zborovi, isto taka ne se koristat prazni mesta i ne se koristat interpunkciski znaci (sekako po ponovoto online vreme se primetuva upotreba na interpunkciski znaci kako koristenje na ? namesto ka). Nesakav da go pravam pocetniot post premnogu dolg. Eve i tabeli so site dosptapni slogovi vo jazikot.


 
G

garthok

Гостин
До сега што сум истражувал според мене од домашните курсеви најдобар е Absolute pimsleur's japanese, многу е практичен начинот на кој што се учат зборовите, речениците од аудиата, исто има и пдф со нивни објаснувања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom