Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Пратеничката Јагнула Куновска деновиве и официјално ја напушти НСДП и премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Минатиот петок пратеничката Куновска пратила известување до претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, во кое го информира дека како пратеник од први август ќе дејствува во состав на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Кон крајот на јули се пожали дека во пратеничката група на НСДП и ја чепкаат поштата и и ги расфрлаат материјалите. Поради тоа решила да ја користи адресата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Нејзината политичка кариера започна со партија МААК, која ја формираше со Гане Тодоровски. Куновска едно време стана и лидер на МААК, а на два пати, во 1994 и 1999 година, се кандидираше за претстедател на Македонија. На последните претседателските избори, иако собра потписи за кандидатура, се повлече во последен момент, во корист на кандидатот на тогашната опозиција Тито Петковски.
Во НСДП не се зачудени од потегот на довчерашната нивна сопартијка. Лидерот Тито Петковски вели дека Куновска уште од почеток на мандатот не функционирала како дел од нивната пратеничката група.
Според него, мотивите за нејзиното заминување се исклучително економски. "Веднаш по конституирањето на Парламентот, Куновска побара да разговара со мене. Ми соопшти дека нејзината адвокатска канцеларија, поради ангажманот во Собранието, месечно губи по 10 илјади евра, и побара НСДП да најде фирми кои би ги застапувала нејзината канцеларија за да ги намали загубите", објаснува Петковски.
Ако трпи загуби нејзиниот бизнис, Петковски ја советувал Куновска да си даде оставка од пратеничката функција и да се посвети исклучително на нејзиниот професионален ангажман или сама да се снајде, но без да го користи името на НСДП.
Во НСДП тврдат дека адвокатската канцеларија на Куновска сега ги застапува интересите на неколку крупни јавни претпријатија. [/FONT]