Јавете се ако познавате човек без дом да биде згрижен зимава од Црвениот крст

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Една убава иницијатива на Црвениот Крст:


Јавете се ако познавате човек без дом да биде згрижен зимава од Црвениот крст

Доколку познавате човек кому му е потребно прифатилиште за да ја презими студената зима, јавете се на телефоните кои ги објави Црвениот крст.

[Јавете се ако познавате човек без дом да биде згрижен зимава од Црвениот крст]

Заради ниските временски температури, Црвен крст на град Скопје од денеска ги отвори вратите на пунктот за бездомници во Момин поток да работат 24 часа, со цел бездомниците да можат да преноќат во прифатилиштето, да се стоплат и да добијат оброк, се додека траат ниските температури.

Доколку некои од граѓаните познаваат лица кои имаат потреба од прифатилиштето нека се обратат на следниве телефони:

070 250 054
070 317 822
071 261 787
070 317 601


Животот на бездомниците на поларните температури кои ја зафатија земјава е во опасност. Доколку познавате човек кому му е потребно прифатилиште за да ја презими студената зима, јавете се на телефоните кои ги објави Црвениот крст./www.kanal5.com.mk

31.01.2012, 16:52







извор:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=86401

раширете секаде, споделете со секого и кажете им на сите и се разбира доколку познавате бездомни лица - помогнете...
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
нека поминат во жена-парк, обавезно има бездомници
 

Kajgana Shop

На врв Bottom