Јавен слуга или партиски војник?

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ако од некаде познатиот Макс Вебер има можност да ѕирне и да ја види нашата администрација, нејзината организираност, стручност, но и коруптивност, верувам дека дефинитивно ќе се откаже од својата теорија за државна бирократија, која тој ја сфатил како "јавни слуги". Во нашата еуфорија за статусот држава-кандидат за полноправно членство во ЕУ многу малку зборуваме за реформите во Јавната администрација, а мафтаме дома и пред меѓународниот фактор со реформите во судството. Имено судската реформа ќе остане само на уставните промени ако не ја направиме и реформата во јавната администрација. На пример, странските инвеститори ги одвраќа бавните, неефикасни бирократски процедури за добивање кој било документ. Едношалтерскиот систем штотуку формално почна, а за неговото фактичко функционирање ќе треба да почекаме. Понатаму, нереформираната регулатива во областа на сопственоста и катастарот е основа за пренатрупување на судовите со предмети од областа на сопственоста и имотни односи. И ако тука ја додадеме и корупцијата, која почнува со 100 грама кафе на шалтер, па до продавање земјиште или стопански објекти со договори во четири очи, е тогаш уште долго нема да создадеме клима за странски сериозни инвестиции.

Кои се причините што 15 години не успеавме да создадеме Јавна администрација, која, пред се, ќе биде во служба и интерес на граѓанинот и на државата во целост. Односно Јавна администрација што ќе обезбеди функционирање на правната држава. Основната причина е фактот дека од осамостојувањето до денес создаваме, пред се, партиска администрација, а не Јавна администрација. Администрација што, пред се, ги штити интересите на партиите на власта, а не интересите и правата на граѓанинот, што во развиените држави е нешто нормално веќе 200 години. Понатаму треба да се спомне и таканаречениот "принцип на правична застапеност". Ова не треба да се сфати како отстапување од одредбите на рамковниот договор, туку како што неодамна во својата колумна во "Дневник" запиша професорот Фрчкоски, овој принцип не може да се сфати механички и да го надминува принципот на стручност на државните службеници од албанската националност. Факт е дека ДУИ како член на владината коалиција токму под плаштот на правична застапеност направи вистински ?ршум во државната администрација носејќи свои партиски војници без соодветно образование и стручност. Да биде работата потрагична ДУИ ги "исчисти" и оние албанци во Јавната администрација кои беа дојдени во времето на претходните влади. Би било навистина интересно да се види на пример колку државни службеници во време на бившата влада беа испратени и завршија разни обуки и тоа надвор од државата колку овде кај нас под водство на меѓународни организации и експерти поминаа и се стекнаа со соодветни квалификации и способности за ефикасно работење во Јавната администрација. И каде се сега тие луѓе? Актуелната влада многу од нив едноставно ги смени од местата за кои беа обучувани и ги стави во "хибернација" само затоа што ете своето дошколување и напредување го направиле за време на бившата влада.

Затоа кога се зборува за реформа во Јавната администрација основен предуслов е да се напушти сегашниот извитоперен рецидив на комунизмот за создавање партиска државна администрација.

Бидејќи, ете, добивме каков таков статус на држава-кандидатка за членство во ЕУ, потребно е веднаш да почнеме со реформите во Јавната администрација при што треба да се сконцентрираме на неколку битни прашања и проблеми. Прво: Подготовка и прифаќање на новиот Закон за државна служба за да се унапреди управувањето со човечки потенцијали во јавната управа и да се зголеми транспарентноста во работењето на јавната управа; Јакнење на човечките потенцијали во јавната управа вклучувајќи и јакнење на кадровската пополнетост и техничка опременост на Централното државно биро за управа; Јакнење на Центарот за стручно оспособување и усовршување на државните службеници; Подготовка, организација и спроведување на обука на државните службеници посебно на полето на применета информатичка технологија и опрема. Утврдување на моделот и решавање на информациските системи со поврзување на телата на државната управа во единствена телекомуникациска мрежа во функција на јакнење на улогата на електронската управа; Востановување и дејствување на целосна транспарентност на Јавната администрација како и воспоставување на начелото на слободен пристап до информациите.

Оваа влада барем според она што досега го направи на ова поле покажа дека нема капацитет за успешна реформа на јавната администрација, а не верувам дека има и време тоа да го направи. Останува да веруваме дека сепак оваа влада барем вистински ќе почне со реформата во Јавната администрација, а што ќе направи новата - ќе видиме. - АЛЕКСАНДАР ДАШТЕВСКИ (со одобрение на авторот)


Џиберааана, тињи, бесполезници. Срам и арам. :pishtoldz :pishtoldz :pishtoldz :pishtoldz :pishtoldz
И после, избори во јули, кога само бесполезниците, пензионерите и сличните лајнари ќе гласаат одека прогресивната младина и ум ќе царуваат во некое летувалиште, а се со цел да се продолжи с трдицијата на разнебитување на Македонија, партизацијата на администрацијата и побег од патот кон благосостојбата идна.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Imas pravo Garfield....prvo nearno da im se opre, a posle toa pistolot u celo :):):)!!!
Uste samo da napraime spisok komu se !!!!
Ili pobrzo ke bide spisoceto za komu ne ???!!!!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
concrete напиша:
Imas pravo Garfield....prvo nearno da im se opre, a posle toa pistolot u celo :):):)!!!
Uste samo da napraime spisok komu se !!!!
Ili pobrzo ke bide spisoceto za komu ne ???!!!!
Дефинитивно ке биде побрзо списочето кому не.
Како шо сме тргнале за најобичен,најлесен судски спор да чекаме 2 год. и повеке... Од корен да се реформира целокупна јавна администрација треба.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
јавен слуга или партиски војник
партиски војник нормално... и немој ти на него да му објаснуваш како се работи, знаеш ли он која партија е

ебати државата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom