Ѕверот на Обама

Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Службениот Cadillac на претседателот Барак Обама чини повеќе од 300.000 долари, а во него има различни системи на заштита, така што возилото не е отпорно само на куршуми, туку и на противракетен фрлач.


Однадвор изгледа како моделот Caddy STS, но во внатрешноста се крие сè што ѝ е потребно на тајната служба на САД да го заштити претседателот од евентуални закани.
Токму поради употребената опрема со која е заштитена внатрешноста, возилото е наречено Limo One или The Beast (Ѕвер).

Кога претседателот се вози во „Ѕверот“, автомобилот е опкружен со 30 други возила, вклучувајќи ги и возилата на локалната полиција, овде спаѓа и лажниот„ Ѕвер“ за да не се знае точно во кое возило е претседателот, посебно возило за комуникација, мобилен прес центар и други вооружени возила.
За службениот Cadillac нема многу детали, бидејќи се класифицирани како тајни податоци, но познато е дека гумите се отпорни, додека во внатрешноста на возилото има мала банка со крвната група на претседателот.

Нешто од мене што сум слушнал е дека доколку ракета од тенк директно удре во резервоарот од автомобилот, автомобилот нема да има значителни оштетувања... Побрзо тенкот ќе се распадни од ова чудово :D :D ... и на последната слика се гледа колку е само поголем од другите кадилаци :D
+

П.С се надевам нема да ми ја избришат темава :D :D
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Како не му е глупаво да живее во страв дека некој ден кога ќе излезе од колата некој ќе му го здрви у чело, да мора да внимава на секој потег...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Не можев а да не забележам дека името на количката на Обама има име кое за многу религиозни фанатици, а посебно за оние што се нестрпливи да дојде крајот на светот, е од посебно значење и секако ќе им влее голема надеж дека „времето е блиску“.
:)
Постов веројатно ќе биде избришан, освен ако некој не сака да ги споредува изгледот и спецификациите на Ѕверот од Откровението (кој сепак е, најверојатно, претставен како личност) и на Обама-мобилот.
Текстот долу, како што напишав погоре е дел од Откровението на Јован, од Новиот Завет:

2 И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. И змевот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт
3 И видов една од неговите глави, како да е смртно ранета, но неговата смртоносна рана беше исцелена. И се зачуди сета земја и тргна по Ѕверот,
4 и му се поклонија на змевот, што му даде власт на Ѕверот, му се поклонија и на Ѕверот, велејќи: „Кој му е еднаков на Ѕверот, и кој може да војува против него?”
5 И му се даде уста, која зборува големи зборови и богохулства, и му се даде власт да прави така четириесет и два месеца.
6 И ја отвори својата уста да хули против Бога, да го похули Неговото име, и Неговиот Шатор, и оние, кои живеат во небото.
7 И му се даде да завојува против светите и да ги победи, и му се даде власт над секое племе и народ и јазик и народност.
8 И ќе му се поклонат сите, кои живеат на земјата, чии имња не се запишани во Книгата на Животот на Јагнето, заклано од создавањето на светот.
9 Кој има уво, нека чуе.
10 Кој води во ропство, и самиот ќе биде одведен во ропство; кој убива со меч, и самиот треба да загине од меч. Тука е трпението и верата на светите.
11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.
12 И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена.
13 И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.
14 Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат лик на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.
15 И му беше дадено да вдахне дух во ликот на Ѕверот така што ликот на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на ликот на Ѕверот.
16 И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ознака на десната рака или на челото,
17 и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.
18 Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
glup e cts na izgled epten, trebalo nekoj mustang da napravat ili nekoj dodge charger da bide po fensi:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom