Ѓаволот-старата змија

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Можеш ли да докажеш???
Мене ми е многу интересно размислувањето на Алф и се разбира, вистината никој не ја знае, само си нагаѓаме и веруваме.:)

@alf КАДЕ БОГ јa сокрил змијата?
Да не сакаше да прашаш со што го сокрил/покрил,а не каде го сокрил/покрил?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
Ова би поминало кај г-ѓа @pozdrav eden topol бидејќи се што е тешко кај нејзе за умот, значи нешто многу јако е и битно!
Кај други не поминува...
Дали си свесен каква глупост напиша?
Што тоа за мене значело многу јако, битно???
:tapp::facepalm:
Кај мене поминува, а кај друг не поминувало!???
Ах бре Хепта, воз да те помине тебе.
Секоја чест за твојата наобразба, ама дај спушти се малку на земја и престани да ни кажуваш какви верници сме, оти тоа е наше лично право, дали сме начитани, глупи, тупи, тебе ич да не те боли.:mad:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Ова што го напишав за да те турнам во дискусија и да кажеш нешто твое од верувањето твое како ти веруваш дека се нештата во врска со ѓаволот и се останато, немаше врска со тоа ти какво верник си... никој не може да мери некој „каков верник“ e... Ти доаѓаш и ми велиш „воз да ме помини“ :D

Има врска тоа што го напишав со интерес за нештата најпрво, а второ со желбата да се учи што повеќе за религиите и верувањата.... ги немаш и двете ти, затоа те зедов како пример, по тоа како коментираш и што прашуваш по темиве...
Не се лути, промени се :)

А ако не е точно ова дека кај тебе поминуваат многу нешта бидејќи ти се навидум мудри и тешки за разбирање и затоа сметаш дека се многу битни и полезни, се извинувам :)
Од читање на постовите тука твои сум дошол до тој заклучок. Поправи ме и докажи дека грешам... ако можеш.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
Ова што го напишав за да те турнам во дискусија и да кажеш нешто твое од верувањето твое како ти веруваш дека се нештата во врска со ѓаволот и се останато, немаше врска со тоа ти какво верник си... никој не може да мери некој „каков верник“ e... Ти доаѓаш и ми велиш „воз да ме помини“ :D

Има врска тоа што го напишав со интерес за нештата најпрво, а второ со желбата да се учи што повеќе за религиите и верувањата.... ги немаш и двете ти, затоа те зедов како пример, по тоа како коментираш и што прашуваш по темиве...
Не се лути, промени се :)

А ако не е точно ова дека кај тебе поминуваат многу нешта бидејќи ти се навидум мудри и тешки за разбирање и затоа сметаш дека се многу битни и полезни, се извинувам :)
Од читање на постовите тука твои сум дошол до тој заклучок. Поправи ме и докажи дека грешам... ако можеш.
Може ли без расправање и навредување, омаловажување, едноставно игнорирај ме..мене и мојата неукост.
Барем после ќе можам да уживам во објаснувањата на Алф.
Да беше телемата занимлива, ке имаше дискусии...но нема...ниту ке има.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Така ли ќе го браниш твојот бог?
Сега го видов ова па да потпрашам дали добро разбрав:

Како тоа човек го брани богот и која е потребата од смртник да брани бог кој што го создал?
Го брани од кој? Од ѓаволот, од змијата?
И зошто би требало да го брани богот кој што е семоќен?

Или мерите фалуси кој најдобро и највистински ја разбира Библијата? :coffee:

Искрено прашувам што значи тоа „бранење на богот“, да не биде муабет дека само „пецкам“...

Автоматски споено мислење:

Може ли без расправање и навредување, омаловажување, едноставно игнорирај ме..мене и мојата неукост.
Барем после ќе можам да уживам во објаснувањата на Алф.
Да беше телемата занимлива, ке имаше дискусии...но нема...ниту ке има.
Абе тури фалусот на темата за Телема, ич нека нема дискусии, барем нема да читам глупости... кој му е до Телема има кај да најде и Телема и се останато (на толку мејлови и социјални мрежи до форумов ли дојде?) :) . Што си се фатила пак ти за Телема... остави свети работи, не се за тебе.

Дискусии тука по темите не е заради занимливост, туку заради мерење фалуси... кој колку добро разбира иили верува и контрање без врска (што е интересно, барем за мене)... а бидејќи никој не знае Телема и ги мрзи да се трудат бидејќи бара повеќе од верување, најдобро е во вакви теми, во дувлото да се сокрие човек и да „толкува“ мислејќи дека тука е сигурен во своите мисли :)
Не е :)

Бидејќи ако погоре го прочита постот каде што те р'чнав онака малку да те живнам, за Сатанаил и Сатана и ѓаволи и бесови има кај други учења, не само во цитираните дела од Библијата, иако некои коментираат како се да доаѓа од ист извор и исти учења...
Затоа е потребно знаење за нештата, барем да не запаѓа човек во лековерност и нештата по дифолт да ги прифаќате дека се така бидејќи навидум изгледаат дека се поклопуваат идеите и симболите!

И не спомнувај Телема, остави тоа... ѓаволска работа :D

Бидејќи симболите ги има насекаде и авторитет зборувале за нив, во различни времиња и различни простори и историски рамки... но, кој го засега тоа?
До сега малкумина видов низ овие години кои реално се заморуваат со религиите... за жал...


А и фалусот е како змија, можеби таму Христос го сокрил лошото? Или богот на евреите?
Кој да ти каже, премногу вулгарно звучи кога ќе пробаш да поврзеш сето тоа со христијанската религија...
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Сега го видов ова па да потпрашам дали добро разбрав:

Како тоа човек го брани богот и која е потребата од смртник да брани бог кој што го создал?
Го брани од кој? Од ѓаволот, од змијата?
И зошто би требало да го брани богот кој што е семоќен?

Или мерите фалуси кој најдобро и највистински ја разбира Библијата? :coffee:
Ќе се правиш дека си ти нешто поразличен од верниците?

Тие следат пророк кој го сметаат за бог, а ти следиш наркоман кој напишал книги како да го најдете бог во себе.

Заеднички ви се зборовите на кој сте поверувале или препознале како тие да се дел од вас.
Зборовите се семето кое се всадуваат во душата и стануваат тело.

Затоа , кога ќе се зборува за нивниот бог или твојот наркоман , а тоа не е во насока на верувањето или филизофијата, го примате лично.Затоа и контранападот или одбраната е со гнев, закана, исмејување или омаловажување.

Треба да те потсетам за личните закани во ЛП од твојот шпиун?
Ако уште еднаш сум ја девалвирал телема, ќе ги употребел сите срества како магичар да ме уништи.

Затоа, не јади многу бубрези со вакви прашања, демек вие сте цвеќе за мирисање.

Робови на буква!!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Ние сме Црвената Ружа на Крстот од злато :)
Јас што следам тука не ни зборувам - за разлика од вас знам што е свето и не го влечкам за да вие со вашите нечисти стапала го газите истото!

Апсолутно сум различен од христијаните и од тебе кој што од петни жили им толкуваш на христијани нивната света книга, а ти се поставуваш „надвор од хиерархијата“ бидејќи не поднесуваш цркви и попови. Бегаш од нив како ѓаол...
Ама другите се робови на буквите, ти на библијата си роб, о сине на Соломон, о ти кој што седиш во шаторите на Давид и зборуваш со богот tete-a-tete :)

Ти цитираш туѓа света книга бре сине и им ја толкуваш на христијаните и расправаш за ѓаволи и бесови собрани симболи од нивните преводи на македонски.
Зошто забораваш кој си и што цитираш и што толкуваш? Христијанска света книга толкуваш на секташки начин...

Колку пати да ти кажам дека треба да си извадиш гредата од твоите очи а потоа дојди и расправај за Телема и пророци и свети книги кои се далеку од тебе со еони :)

Не ми одговори како тоа очекуваш @PROROKOT да го брани богот? Како се брани богот? И нели богот е семоќен? ВО сите религии и верувања божественото е апсолутно семоќно, сезнајно... како тоа ти или некој друг верник ќе најде мисли и зборови да одбрани еден бог?
Или дела ајде нека биде...

И да: кои се тие за кои зборуваш дека пророкот го сметаат за бог? Христијаните?
Еми земи ги муслиманите сметаат исто како тебе дека Исус или Иса е само пророк, еден од многуте, исто како Мухамед, нивниот пророк.
И кај нив има Шејтан... исто од еврејското учење доаѓа тоа... ама тебе ти е најдобро да си читаш христијанска библија и да глумиш пророк и како од тебе се доаѓа, се е ориџиналс... абе колку си болен во егото да те прашам јас тебе вака искрено?
Бааги а...?

Дали знаеш дали кај муслиманите има симбол за „старата змија“? Дали знаеш?

П.С.Ти се заканувал мојот личен шпиун? Е утре ќе добие 100 стапа по грбот на гладен стомак!
Тој тебе ќе ти се заканува... гледам напразно се заканувал, не ми изгледаш уништен... што му се грижиш :)
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.700
ѓаволот ме натера, пак да ѕирнам на темава...
Па да истресам и јас некоја зелена од некој си Михаил Булгаков:
„Секој елемент на универзумот има свој владетел. Во елементот Етер - Луцифер, Ментала - Сатанаил, Оган - Ѓавол, Астрал - Сатана со неговите демони, вештерки и други зли сили. Луцифер е таткото на Сатаниел, Сатанаил е таткото на Ѓаволот, а Ѓаволот е таткото на Сатаната.“
од /Мајсторот и Маргарита/.
...
Малку и сам размислував, па си донесувам сопствени закључоци:
- Тој, што ги зема тие што лежат на посмртна постела, не е ѓаволот,
тој воопшто не беше лош, само си ја вршеше неговата должност
- Вистинскиот „ѓавол“??? Сеуште не го спознав по лик
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
А на крајот од постот, каде се 939393

Немој случано друпат да ти се случи ова, толку фалење, љубов, со мене легнуваш и стануваш, без телемитски поздрав на крајот.

п.с.Прашањето Пророк треба да ти го одговори.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.286
П.С.Ти се заканувал мојот личен шпиун? Е утре ќе добие 100 стапа по грбот на гладен стомак!
Тој тебе ќе ти се заканува... гледам напразно се заканувал, не ми изгледаш уништен... што му се грижиш :)
Хепта озбилно ова?Редовно читам црна хроника и се навлеков на тие писанија..ако е озбилна работава околу магичарот да ја тргнам сликава на аватарот за недај Боже..повеќе шанса имам ако нагаѓа без слика каков сум во приватниот живот..
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Ти го постави прашањето за бранење на боговите... од каде идејата дека боговите имаат потреба од луѓето да бидат бранети?
Од кој да се одбранат? Од луѓето и нивното верување? Да ги одбранат луѓето од ѓаволот? Од Змијата, од Змејот?
Од кој?

Или како што реков повеќе е за мерење фалуси кој колку ги разбира светите книги, како што ти си ги разбираш нештата? :)

П.С. 93 93/93 се пишува само ако претходно оди Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.
93 93/93 значи Љубовта е закон, љубов под волја

Како што гледаш, не оди да стои како потпис како што ти мислиш.
Автоматски споено мислење:

Хепта озбилно ова?Редовно читам црна хроника и се навлеков на тие писанија..ако е озбилна работава околу магичарот да ја тргнам сликава на аватарот за недај Боже..повеќе шанса имам ако нагаѓа без слика каков сум во приватниот живот..
Искрено и јас читам црна хроника и уште повеќе сум убеден дека човек треба да си го чува грбот и приватниот живот подобро од вчера, а уште подобро од денес!
Ако мене ме прашуваш... :coffee:
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ти го постави прашањето за бранење на боговите... од каде идејата дека боговите имаат потреба од луѓето да бидат бранети?
Од кој да се одбранат? Од луѓето и нивното верување? Да ги одбранат луѓето од ѓаволот? Од Змијата, од Змејот?
Од кој?
Одговорив, но не ме разбра.Како тоа не го гледаш во себе?Исто се однесувате.

Буквата, зборот ве врзува.Душата примила збор, кој е како скелет незин.Да се одели буквата од душата е како коска од месо да разделуваш.

Затоа го чуствувате секој напад на догмата или филозофијата како личен атак.Затоа одбраната е во афект на гнев, омраза и бес.

Допри се до нивниот бог, пророк или запали ги светите книги, огин се распалува во душата.
Види по себе.Направи анализа на себе кога некој ќе го оспори или навреди пророкот.

Душата е како матка, за која буква(бог-пророк) ќе ја отвориш, тоа ќе си растеш како ваше дете.

Девици никако да останете!
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Србите најдобро знаат...
Правоверните-да.
Автоматски споено мислење:

Каде во „Писмото“ е запишано името на лукавиот како Сатанаил па потоа некој му го скратил името?
НА погрешно прашање се дава погрешен одговор...
Автоматски споено мислење:

И нели знаеш дека доаѓа од хебрејскиот јазик שָׂטָן Шејтан што го користат и арапите бидејќи се блиску до еврејскиот јазик?
Каков Сатанаил какво секташко толкување тука ми се губите и преземате од други учења имиња само за да зборувате сешто? Ова би поминало кај г-ѓа @pozdrav eden topol бидејќи се што е тешко кај нејзе за умот, значи нешто многу јако е и битно!
Кај други не поминува...

Да не е од друго место ова позајмено Сатанаил, од гностиците или Богомилите? Хм?
Прво од Гностиците во првите векови, а потоа од Богомилите кога почнуваат коментирањата и толкувањата - бидејќи многу тешко писмото :)

И јас претходно те прашав од библијата е името Сатанаил, од коментари на „свети отци“ или од друго место... и сега ми вадиш коментари некој што зборува за Сатанаил :)

„ Затова богомилите учеле дека човекот со телото го создаде Сатанаил, а бог му ја даде само душата. Бог нема ништо со овова што е на земјава, демек не е вистина оти тој ги дал и поповите и феодалите и сета лошотиа што идела от ним. И така богомилите дошле до заклучение дека сета вера на државното христианство е лажна, дека по црквите владеат гјаволите, и дека земјата на феодалите им ја дал гјаволот, а не господ. И сега кај нас има една таква народна сказна, во која се кажуе како гјаволот му ја дава на Адама земјата под кирија. “
- Коста Солев Рацин/ Богомилите

Во втората книга на Енох што замисли, некој од многу јаките фаци на соборите што се собирале и одлучувале што е „мило на бога“, не ја ставиле да биде „канонска“ и ок - пишува за Сатанаил :)
Но во канонските книгишта - нема Сатанаил, нема скратено, по милост извлечено име Сатана од Сатанаил! Ќе го викаме Тоде бидејќи вистински името му е Теодоракис!

Тоа се туѓи учења, не христијански, но вам не ви смета да си преземате нешта од туѓи учења кои ги презирате ако тоа е полза на догмата.... Кога веќе сакате во вакви мрачни патишта да се симувате, бујрум за читање - малку душата да ви рече „оп“ :)

The devil is the evil spirit of the
lower places, as a fugitive he made
Sotona from the heavens as his name
was Satanail, thus he became differ-
ent from the angels, but his nature
did not change his intelligence as
far as his understanding of righteous
and sinful things.

Understanding (Разбирање) е Binah на еврејски, над бездната! Над разумот! :)

P.S. Ете ви ја целата Book of Enoch.
Класика-муабет со самиот себе, познат и како „монолог„.
Немај гаЉе Хепта, во право си...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Можеш ли да докажеш???
А како треба да „изгледа„ доказот?...
Автоматски споено мислење:

Мене ми е многу интересно размислувањето на Алф и се разбира, вистината никој не ја знае, само си нагаѓаме и веруваме.:)
Ма секакодека ти е понитересно.
Ај да се постетиме малку-лукавиот ја излажа Ева а Ева му поверува на лукавиот, на неговата лага...
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138
А како треба да „изгледа„ доказот?...
Автоматски споено мислење:



Ма секакодека ти е понитересно.
Ај да се постетиме малку-лукавиот ја излажа Ева а Ева му поверува на лукавиот, на неговата лага...
Ти тврдиш дека темите биле оддамна разјаснети, значи ти имаш доказ...а јас па ете, многу работи не ги разбирам, многу мистерии неоткриени постојат неразјаснети рсботи содржат во светите писма и затоа не верувам многу ...барам и ке барам....
А што мислиш, како ли ке беше приказната ако мудрата змија не успееше да ја
излаже Ева?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Ти тврдиш дека темите биле оддамна разјаснети, значи ти имаш доказ...а јас па ете, многу работи не ги разбирам, многу мистерии неоткриени постојат неразјаснети рсботи содржат во светите писма и затоа не верувам многу ...барам и ке барам....
А што мислиш, како ли ке беше приказната ако мудрата змија не успееше да ја
излаже Ева?
Змијата, сама по себе, како животинка, нема никкава мудрост. Веќе напишав на кој начин ѓаволот ја излажа Ева, а преку Ева, излажан беше и Адам.

Во учењето од Црквата не постојат претпоставени состојби, по начелото „...што ќе беше да беше...„, туку секогаш се земаат во предвид само нештата кои навистина се случиле, како реални настани и/или ликови, од кои можат да се извлечат одредени заклучици и сознанија.

Така, ѓаволот ги излажа нашите прародители, тие отпаднаа од блзиината Божја и станаа смртни од само еден сторен грев, а тоа е „трчањето по умот„ од лукавиот наместо послушноста кон Бога, сите го јадеме, сите сме смртни, но и целата останата природа страда...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom