Резултати од барањето

  1. Македон91

    Стартува изградбата на втората градска плажа

    А да го подзачистеа малку матен Вардар? Онака чисто, еколошки..
  2. Македон91

    САД, Франција и Британија ја нападнаа Либија!

    Искрено се надевам на тоа.
  3. Македон91

    Светиот Грал

    И јас го поддржував додека „случајно“ не открив дека препишувал од измислена, фиктивна историја.
  4. Македон91

    Пробиштип

    Со последниот коментар си го покажа вистинското лице. Тоа е права малограѓанска култура: да се навредува различниот од тебе и да се смета за културно инфериорен. Епа, продолжи да се храниш со таквото его, заради таквите како тебе во главниот град имаме искомплексирани луѓе кои лечат комплекси на...
  5. Македон91

    Пробиштип

    Морам да ти вратам бидејќи тотално не се сложувам. За работната хиерархија и малите плати, како и конкуренцијата која доаѓа (надвор од Скопје) не ти е крив никој. Секој според заслугите, никој не треба да ти е крив ако ти си завршил факултет со 6,0, а некој од Валандово завршил со 9,8 и се лутиш...
  6. Македон91

    Пробиштип

    Личните согледувања не оставаат можност за реална и објективна проценка, дечко. Друга работа, во Македонија не постојат провинции, ниту некогаш постоеле (освен во римско време кога самата Македонија била поделена на две: Македонија Прима и Македонија Салутарис). Оттука секој обид да се...
  7. Македон91

    Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

    Не дека многу ги користам автобусите на ЈСП, ниту многу ми требаат, меѓутоа ја поздравувам идејата кршот наречен „јавен транспорт во Скопје“ да се замени со нов и пристоен превоз.
  8. Македон91

    Пробиштип

    Морав да ти реплицирам иако не сум од Пробиштип. Според твојов исказ, самобендисан и нарцисоиден, ти дечко имаш сериозни проблеми. Прво и основно го омаловажуваш градот Пробиштип и покажуваш основно незнаење за неговата историја. Споредбата за детето скопјанче и детето надвор од Скопје (за вас...
  9. Македон91

    Две децении по СФРЈ - Кој до каде стигна

    Дојдовме на тоа дереџе да се споредуваме со полудржава (Босна) и полупризнаена држава (Косово). И Црна Гора и Србија и економски, а богами и политички се пред нас. Пред 10 години, бевме први во поглед на евроинтеграциските процеси и меѓународната афирмација, сега сме последни (не сакам да ги...
  10. Македон91

    Границата Србија-Македонија ќе се минува со лична карта

    Добра и корисна работа за обете држави.
  11. Македон91

    Колку читате?

    Можам да се пофалам со една работа: минатата година прочитав 50тина книги. Од поезија, проза, драма, класици и бестселери, домашни и странски, разновидна литература.
  12. Македон91

    Дијалекти

    На охридски: Тројцата се загледаја. Како да сакаја да откриет кој од ниф е сумлив заради кого нема да ја отворет портата. Ама никој и со ништ(ч)о не оддаваше лоша особина. Брадестиот имаше благи црти на лицето и весели очи. Мустаклијата, сите го знаеја то, имаше добра душа, а Газдата беше...
  13. Македон91

    Англискиот јазичен империјализам

    Денешната статија во Нова Македонија, ме поттикна на размислување околу темата за англискиот јазичен империјализам и неговите ефекти на книжевен план. Нобеловецот Орхан Памук против англискиот јазичен империјализам Турскиот нобеловец и еден од најценетите современи романсиери, Орхан Памук...
  14. Македон91

    Грчката политика спрема Mакедонија и Mакедонците

    Да живее тоталитаризмот!
  15. Македон91

    Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

    Тоа ти се вика површно размислување. Ако вака размислуваа сите, се уште ќе имавме 1 телевизија, 1 дневен весник, 1 супермаркет, 1 вид на облека итн. Лупос, не секогаш она што го гледаш на телевизија, снимките од 35 секунди за кавгите во Собрание е реалноста. За волја на вистината, таму постојат...
  16. Македон91

    Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

    Колку и да ти звучи неудобно или безобразно, партиската поделеност е добра и здрава за општеството. Затоа што таа создава услови за борба, за наметнување на ставови, за различни гледишта, за различни решенија. Тоа е главната придобивка на плурализмот. Рамнодушноста, апстинирањето и одбивањето на...
  17. Македон91

    Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

    Lupos, да те посоветувам бидејќи студирам на политички: Негласањето, апстиненцијата, е двапати полошо, отколку гласањето за погрешна личност. Затоа што со чинот на апстиненција дозволуваш оној што гласал да решава за тебе и пак си во загуба. Пасивноста и рамнодушноста не даваат ни можност, ни...
  18. Македон91

    Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

    Политичката. Онаа на слободно здружување, протест, гласање, правото на различен светоглед од официјалниот и сл.
  19. Македон91

    Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

    Се согласуваме во муабетот, прашањето е дали еден народ, сака да ја жртвува својота слобода на сметка на својата сигурност. Нормално, не сакам да влечам паралели со тоталните диктатури како Нацистичка Германија, СССР и Фашистичка Италија, меѓутоа доживотното владеење на Тито, без реално право...
Back
На врв Bottom