Кајгана форум

FilipMKD007
FilipMKD007
Брат јас и во првиот дел можев рендом песни да ставам нешто од Гугл, ама не ми беше тоа фората, сакав да ставам песни што ми значат нешто и во кои што сфаќам за што се работи. Главен фактор за изборот на песните беа текстовите, па не сакав да вклучам нешто што не разбирам ниту збор. Е сега мое е да им кажам убаво што е работата, нивно е како ќе сакаат да гледаат на нештата.
FilipMKD007
FilipMKD007
Тие што се дојдени за музиката ќе откријат некоја песна добра што им е на уво и ќе си ја слушаат после со денови, тие што се дојдени за политика и балкански препукувања ја утнале целата поента на видеото, секаде ќе најдеш секакви :D
Илко Илија
Илко Илија
Еј да знаеш видеото го "шитнавме" интернационално

Му го пратив на еден колега шо работевме лани, од Сицилија е, слуша многу рап, знае се живо низ Европа, му се допаднало видеото, вика оти Страјк го има толку малку хахаа


И он извадил нова трака ќе ја ставам у темата сеа чисто ради зезање
FilipMKD007
FilipMKD007
Фала за подршка, ми значи! Иначе имам сериозно високо мислење за Страјк, најкомплетен е според мене на Балканов, но гледав малку да има логика поделбата, и во двете видеа не е дека малку има македонски песни опфатени (околу 20% се), па да не ставам 50% видеата да се македонски бидејќи така сигурно ќе запоставев некои други артисти кои исто така заслужиле место на листата. :D
FilipMKD007
FilipMKD007
Едно време сакав истово да го направам со топ50 за македонски рап, ама сфатив дека премногу песни би биле од Легијата, колку и да форсирам да опфатам нешто поразлично со по некоја песна, едноставно овие имаат многу песни што не можеш да ги исклучиш од таква листа.
Илко Илија
Илко Илија
Посебно фала за "Прича" од Марио Коза Ностра, кој знае кога сум ја слушнал последен пат а баш ја барав пред некое време.

Океј у првиот дел имаш доста наши траки.

Имаш и матријал за 3 дел, можеш без проблем да го направиш по некое време.
На врв Bottom