Ако навлезеш во подлабока анализа на гифот, сите информации за географската местоположба па дури до степен на ГШ и ГД ќе можеш да ги екстрахираш од таму.
Еве како за пример, по сенката на Мег, конкретно отсуството на истата, очигледно се забележува дека таа стои свртена дорзално кон запад, додека светлината на гифот доаѓа од нејзината вентрална страна, ipso facto - исток.
Дополнителни информации околу ова, се разбира може да се најдат и во рефлектот на водата, којшто е бледо-жолт укажувајќи на тоа дека е утро, за разлика од вечерниот отсјај кој има црвено-жолта боја.
Покрај овие детали, има и други кои сугерираат на тоа дека Мег се наоѓа на северната хемисфера на планетата СГШ, источно од меридијанот на Гринич ИГД, отприлика една временска зона надесно, или популарно кажано GMT+1. Ти секако дека ова нема да го прочиташ, зашто веќе имаш прекинато после првиот ред, така што сметам дека е безбедно да пишам дека хуморот ти е тапа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.