Па добро да, тренирам башка, ама и само со исхраната се слабее. Можеш и исхраната плус лесно трчање, т.е. џогинг, сеедно. Просекот е 4 килограми за 7 дена, ама јас ете 6 скинав.
Кога ќе станам шолја зелен чај, после за доручек стек + краставица, па измеѓу ручек и доручек бадеми, па за ручек стек + патлиџан + краставица, па сурутка + како измеѓу и за вечера стек + пиперки свежи. Доручекот најкасно до 12, вечерата најкасно до 8-9. Јадеш од се по колку можеш додека не се осетиш најаден. Утредента имам риба + мешан зеленчук, третиот ден варени јајца, и така, се менува секој ден.
Вие мажите и вашиот забрзан метаболизам. :/ И јас имам јадено овака, али наместо толку многу стек, сум била само на зеленчуци и пак слаби и бавни резултати. Да погодам, никако сирење и многу малку овошје?
Овошје никако, инаку немаш сирење ама имаш урда два пати во 7те дена. Целта е да не се внесуваат јагленихидрати и шеќери во организмот за да можеш да се ставиш на дефицит, односно да ослабеш. Не е воопшто скапа диетата, кошта околу 1000-1200 денари, во зависност од тоа што веќе имаш дома во фрижидер. Ако сакаш ќе ти ја пратам.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.
Како?