Кајгана форум

RATM
RATM
Боље Факе да речеше него овој.
Peja989
Peja989
Ај утре у Ајриш или кај и да се глеа....
Peja989
Peja989
И ајде брат, кажи ми, како да не се нервирам за ова. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20269
Нема вода на факултетите?
Леб бараат бе брат, леб...
Кафе? Кафе храна е? Потреба е кафето?
RATM
RATM
Лебот е во ред. За кафето се согласувам. Иако потребно е за да се издржи буден.
RATM
RATM
Инаку не сум поканет за гледање на мечот. А не сун Марјан Стојановски :D
Peja989
Peja989
Сите беа поканети, не си се пројавил :)
Што и да бараат, според мене е безобразно затоа што има семејства кои загубија домови и таму треба да се донира...
Ја виде и сам сликата во темата. Нема ништо корисно на кое што ги потрошиле парите. Пример, видов 5-6 шишиња фанта, чипсови, ресани и слични срања. Парите можеле многу покорисно да ги искористат... Не се на пикник, па кроасани и сокчиња да купуваат.
RATM
RATM
Фантите и таквите работи ги носат луѓе. Доаѓаат со кеси од Тинекс, ги оставаат и заминуваат. А не можеш реално да ги одбиеш, во такви моменти се е добредојдено. Кроасаните се брза храна, нешто да те држи ви живот. Ако не и единствена заедно со сендвичите. Инаку Пленумот имаше отворен повик до сите да донираат за поплавите, дури и самиот пренасочи средства за таа намена.
RATM
RATM
Ма да те разбирам на што целиш целосно.

Инаку знам, се зезав. Имам обврски со заедницата во која не припаѓам ( :D ) и не ќе можам за жал да дојдам. Во наредна прилика, финалето во мај, ќе присуствувам.
Peja989
Peja989
Здравје тогаш, се гледаме :)
Не се сомневам јас дека пленумот ќе пренасочи пари за поплавите туку ете некои такви навидум ситници ме вадат од такт... А и глуп македонски народ, наместо со тие 1000 денари да замеси пита да ви донесе, има два дена да јадете, тие чипс, соленки и ресани ви носат.... :))))
RATM
RATM
Шо те мачит море?
Peja989
Peja989
Кои ти се овие хипик „фори“ да дојдеш до своето во општество каде што преовладува диктатура? :) Да им се намочам на концертчињава што ги прават....
RATM
RATM
Ах, да. Види, мислам дека ова со Дубиоза испадна инцидентно. Па глупаво би било да се одбијат. Но, јас исто не сум баш зс вакви ивенти, затоа што се губи интензитетот и енергијата. Бев и против Џака на третиот протест. Ама па мнозинството на Филозофски така одлучило.
Peja989
Peja989
Епа тоа е муабетот што мнозинството носи грешни одлуки. јас искрено не знам како дошло до ова ама не помага на никаков начин освен ако не сакаат да си направат егобуст за да има повеќе луѓе. Ако им е за тоа, нека си ја викнат Цеца и ќе има 100.000 од кои 99,9% ќе ги боли цеф за пленум и слично...
RATM
RATM
Демократија за првата реченица ќе ти речам. Не е од сега тоа. Абе види, прав си за ова. Се согласувам скоро во целост. Ама па не може да е се совршено, ново е ова за сите нас. Некој ќе згреши, некоја добар предлог ќе биде претопен од мнозинството итн.
RATM
RATM
Ама па ти да не гледаш само негативно, еве денес се ослободи и Архитектонскиот факултет и трендот се шири се повеќе и повеќе. Тоа носи поголем притисок, а тоа значи побрзо решавање на проблемот.
Peja989
Peja989
Мене ми е јасно дека „кој работи, греши“ ама ова ми се константни погрешни потези, ме сфаќаш? :) Од старт е грешка со зонава, што само 5 факутелти учествуваат и од ден на ден можеби се зголемува бројката на факултети ама бројката на студентите ко да ми се намалува а незадоволството да се зголемува. Како да не им беше промислен потег....Никој не ги гледа, никој не знае дека штрајкуваат....
Peja989
Peja989
улица му е мајката и внимателно, без радикални испади. Сите што спијат на пленум можат да излезат секој ден по два часа да одвојат за марш...од уким или од било каде, каде и да се собрани од сите факултети до пред влада и назад, секој божји ден...
RATM
RATM
Окупацијата ја блокира и работата на фаултетот. Со самото тоа деканите на тие факултети и професорите ќе направат поголем притисок кон надлежните. На улица бевме и не постигнавме којзнае колку.
RATM
RATM
Ма да, мислам дека не чека интересна пролет и враќање на улица и пред институциите. Освен ако не се реши дотогаш сето ова.
Peja989
Peja989
Нека остане одреден дел на факултет, нека продолжи со попречување на настава а другиот дел од пленумците нека бидат на улица и нека „регрутираат“, нека го шират зборот. Вака имам чувство дека не се слушнати од народот (кој реално им е потребен) а ако не се слушнати од народот, власта не се замара... Попречување на настава е одлична работа ама ако е единствена. Сега за сега, не е.
Back
На врв Bottom