Кајгана форум

MEDDLE
MEDDLE
?
КвикСилвер
КвикСилвер
Албумот...
MEDDLE
MEDDLE
ааааааааа.... хех.. ме збуни си викам шо сеа?! :))))

Па да и ти си нели „КвикСилвер“, по песна од Пинк Флојд од албумот „More“.. пардон.. саундтрекот :)

бај Д Веј.. беше на РОџер Вотерс на Ѕидот? Јас бев во Софија на 30-ти.. а ти?
КвикСилвер
КвикСилвер
Не бев:/ Требаше да идеме, ама во иднина имав предходно испланирано на што ќе треба да потрошам бајаги пари и неможев да си дозволам и во Белград да одам, за жал. И како си пројде? :D
MEDDLE
MEDDLE
оооооооооо брат.. никад више на друг концерт не одам... за негде надвор би се помислил, али во државава, нема шанси...
MEDDLE
MEDDLE
Роџер приреди тотално искуство и возбуда.... не знам како да ти опишам, али веројатно најприближно е дека едноставно Роџер направи да те стави буквално пред ѕидот и да те заебава, исмева и замисли за сметка на сите проклети проблеми, кои секојдневно ги прифаќаш здраво за готово...
MEDDLE
MEDDLE
Се она што он, како член од Пинк ФЛојд, го правел кога го издале Ѕидот, и додека иделе на турнеја пред 30-тина години, ти го принесува денес на концерт, дури и надискуствено...
MEDDLE
MEDDLE
Со таа разлика што, ако пред 30 години центарот на вниманието биле они како бенд, како се алиенирале со Ѕид од надворешниот свет (публиката и сите останати), е он денес само ги сменил улогите.. бенд не постои, Пинк не постои,, постои само ѕидот, и луѓе во Ѕидот што се гледаат на ѕидот.. Е тоа он го направи... невероватно...
MEDDLE
MEDDLE
И не знам како ќе ме сфатиш, али она што го видов во Софија е повеќе од концерт, повеќе од шоу... Концерт има на пример Бјонсе, не знам Фу Фајтерс, Ману Чао, Џастин Тимберлејк, Џастин Бибер... а Лејди Гага, Мадона прават спектакли....
Ова е нешто повеќе од тоа..
MEDDLE
MEDDLE
Дотолку поише што, ако пред 100 - 200 години старите класици сонувале за грандиозни музичко сценски дела - Опери, а Ѕидот е еден вид на модерна рок опера, онда Ѕидот уствари го надминува сето тоа, и секоја проклета музичка рамка... Ѕидот е повеќе од она за што сонувале стариве класици, и повеќе од она што ние можеме да го свариме за долго време...
MEDDLE
MEDDLE
А овде во Македонија сеуште не сме подготвени ниту да замислиме такво нешто, а камо па да приредиме .. на жалост..

сеа малку го затупев.. али у суштина е така си пројдов пред Ѕидот :)))))
КвикСилвер
КвикСилвер
Ништо во Македонија, тиња од секогаш. Ќе си пукнам во колено зошто не бев во Белград. Следна слика и прилика здравје боже :)
MEDDLE
MEDDLE
следната слика и прилика.. хех.. ако за наредно 3-4 години е способен да свири оти Роџер пред недела дена наполни 70 години :))) ...

Него друго нешто мене ми се врти у глава... Гилмор.... овој регион е атрактивен за концерти... се почесто доаѓаат големиве ѕверки, наравно освен во Македонија....
На врв Bottom