Кајгана форум

dragonsky
dragonsky
Рафа има поддршка од мене да направи некаков успех.
Арно ама после овие 3 меча гледам дека нема идеа што прави.
3 меча-1 даден гол,3 примени,0 победи.
Се повеќе почнувам да мислам дека во Среда Шахтјор ќе победи а ние ќе кикснеме.
Распоредов во ЕПЛ за месецов е полн со нзгодни екипи така да како што тргнало на крај на месецов многу очигледно е да бидеме и 6-7 на табела.
closertb
closertb
Е како нема. Бар размислува дека им треба одмор на играчите. Прво Мата, па Оскар, а веројатно и Хазард ќе го одмори, ако не во ЛШ, тогаш во ПЛ. Концептот беше срушен од страна на РДМ и не можеш (не смееш) да го обвинуваш Бенитез за тоа. Ако по 10тина утакмици не се смени ништо, ама баш ништо, јас ќе ви се поклонам на сите во ФК и ќе кажам дека бевте во право. Само ме иритира плачењето на навивачите.
closertb
closertb
Ако не оди, тренерот е крив кој е тука од вчера; а од друга страна одат критики за Абрамович. Јас сум да кажам, задоволен со неговата работа до сега, не ни очекував нешто повеќе.
dragonsky
dragonsky
Тим како Челзи не треба да биде задоволен со 2 бода од 3 меча.
Инаку и РДМ ги ротираше играчите а баш читав некоја изјава на Рафа во која вика дека ќе го направел тоа што не го правел РДМ т.е. ќе ги ротира играчите.
closertb
closertb
А ги забораваш претходните 7 меча на РДМ? Очекуваше 3/3 кога ќе дојде Бенитез? РДМ го направи тоа кога дојде со некоја среќна ѕвезда. Немавме игра, ни одбрана, ни напад. Имавме среќа.
Воопшто не ги ротираше, не знам од каде тоа. Ако му текнеше во 1 месец, само еден играч да одмори и толку.

П.С. Го тепаме Нордсјеланд сигурно.
dragonsky
dragonsky
Немавме игра? Со РДМ секој натпревар напаѓавме.Да примавме голови али барем напаѓавме.
Ротираше РДМ играчи. Еве прв пример што ми текнува е со Свонси кога смени пола тим пред ЛШ мечот со Шахтјор.
Со Рафа немаме игра.
Со Сити ајде ќе сфатам.Ама со Фулам?Фулак со пола играчи повредени и пак шут немавме кон гол.
Back
На врв Bottom