Кајгана форум

JeepMkd
JeepMkd
Да да, дома сум. Школијата супер, ми остана математика двојче за во август :D сега ја почнав Махиндрата во 1:16 размер, скоро ќе биде еднa build тема.
Dzish
Dzish
хаха, така треба ;) фрли се на работа

Него јас со мерцедесот имам мака. Не сака да пали. Мерев компресија, слаб е... ќе го носам четврток на мајстор да видат шо е маката и дали ќе поминам само со карики... ако треба фул ремонт се думам да сменам цел мотор... во игра се 250 или 300 Д... мада појќе ќе знам петок, ко ќе ја извај деклата мајсторо.
JeepMkd
JeepMkd
Јас ја исполирав Махиндрата, ја вратив бојата во живот. Има фабрички алуминиумски лајсни, тие ги извадов, го исчистив гумениот дел а алуминиумот го исполирав со Пурол. Сега е како хром, ќе турам некое сличе во Направи сам :) Купив Сонакс паста за хром за рачките на вратите и други ситници...
JeepMkd
JeepMkd
Кај мене е тапа куплунгот (камен цврст е) и тоа ќе го решаваме деновиве за да можам да ја возам низ град. Другарче мое среди Вилис CJ3B од 1953 година и треба да му правам друштво :)))
Dzish
Dzish
Ајде да видиме... чекам фотки од двата паркирани едно до друго :)

Мерцедесот има хидрауличен кунплуг... така да ако ти фаќа глата дека можиш да го интегрираш кажувај... ако има хидраулика ќе биди мек ко памук :)
JeepMkd
JeepMkd
Требаше да биде памук, ама излезе камен тврд. Худрауличен преку таквото :D Утврдивме дека една од полугите кои туркаат кон пумпата допира на делови од шасијата така да напразно стискаш со педалото. Сега треба да најдеме време за да го средиме.... ама според моабетот на тато ја нема шанси да го возам низ град, така да веќе почнувам да не се интересирам за ништо..
На врв Bottom