И мене ми има паднато хардот на паркет ама ништо не му стана. Не го чепкај денес, остај го да се одмори од падот а утре уштекај го да видиш дали ќе се вратат фаловите па ќе прајме муабет.
Можеби....иако не се сеќавам! Не сум аплоадирал ништо на страната, само имам симнувано, но не преку неа затоа што има многу малку сидерси, обично го копирам насловот на тоа што сакам да го симнам, и потоа преку гугл барам подобри торенти од истото.
Тука по кафичи и диска беше ок ама на плоштад тапа жива пошто пола е фатен ради скулптурата, многу беше студено така да и немаше некоја атмосфера. Во Австрија беше 100 пати повесело на улиците и на плоштад пред недела. Тоа е тоа, криза ги фаќа луѓево па и забораваат да се радуваат од срце се некако усилено им доаѓа .
Супер поминав, во Скопје сум деновове така да се собравме во кафанче со друштво и супер си поминавме па и се изнаигравме асално . Малку тешко држев права линија на крај од многу вино и коњак (да се пофалам инаку не пијам никад ) ама се се одлично беше .
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.