Ах Делфино Џени Момино, не е тоа.
Вака сеа, слушат т.е. читај, сликава е од еден друг настан.
Once upon a time...
си бил Јован и работел во една битолска фирма. Еден ден додека седел со колегите, дошол генералниот директор. Јован одма ја кренал раката и шефот го отпоздравил со зборовите: '' О, здраво Јованe како си?'' Јован само се насмеал и одговорил: ''Еве добро, работно шефе.'' Колегите возбудени, веднаш го прашале Јован од каде се знае со шефот. Јован со длабок тон вратил : ''Нема чоек во светот со кој не се знам.'' Колегите се насмеале гласно а еден од нив изустил... е со претседателот на САД не се знаеш! Јован слатко се насмевнал и рекол: ''Ако го платиш билетот, авионскиот билет до Вашингтон ќе се увериш во спротивното.'' И така битолчаниве заминале во САД, стигнале пред Белата Куќа, дошло обезбедувањето се поздравиле со Јован, послале црвен килим и ја испратиле делегацијата до канцеларијата на Џорџ Буш. Американецов веднаш викнал, O, Jovan... my homeboy... how are you men? Long time no see! И фатиле муабет...
Колегиве запрепастени! Е добро ајде можеби се знаеш некако со Буш, ама не се знаеш со Леброн Џејмс. Е ајде ионака сме во САД, можеме да одиме до Кливленд да се уверите во спротивното - одговорил Јован. И така и било заминале во Кливленд стигнале баш за време на тренинг на екипата на Кавалирс. Џејмс одел на забивање, но тогаш го видел битолчанецов како стапнува на паркетот и ни едно, ни две... веднаш со трчање кај него. Џеј Џеј, my men!!! My nigga where have you been? Damn man, i happy to see you again! Колегиве само што не добиле срцев удар.(еден од нив фан на Кливленд од детството)
И ајде, некако ја собрале гордоста... и тргнале назад на Балканот. Само што го поминале Атлантикот, еден од нив извикал: Е со Папата не се знаеш бе!!! Јован само тивно изустил, океј... ќе видиме. Стигнале во Ватикан, имало некоја миса која ја држел Папата. Верници... десетици илјади, обезбедување илјадници. Јован, загрижен... колегите конечно со насмевка на лицата. Но сепак битолчанецов рекол, Добро многу обезбедување има, нема да можам да ве внесам ќе мора да причекате тука надвор, ќе ви мафнам одозгора од каде што зборува Папата. И така и било, на големо зачудување сепак го пробил кордонот од верници, поминал покрај обезбедувањето и се качил во некоја голема зграда. И по некоја минутка ете го на терасата до Папата! Се поздравуваат, се гушкаат, муабети... вернициве долу чекаат да ја слушат мисата, овие уште збораат. И така. По некое време слегува долу Јован и го гледа колегата лежи на подот. Се онесвестил...
Го потура со вода, и овој конечно се освестува! Целиот пребледен вика: ДОБРО БЕ, МАЈКО МУ СТАРА... СЕ РАЗБИРАМ И ЗА ШЕФОТ И ЗА БУШ И ЗА ЏЕЈМС, АМА КО ДОЈДЕ ЕДЕН КИНЕЗ КО МИ РЕЧЕ КОЈ Е ОНОЈ СО БЕЛОТО КАПЧЕ НА БАЛКОНОТ ДО ЈОВАН, Е НЕ МОЖЕВ ПОЈЌЕ!