Леле, и прееска ми го постави тоа прашање, се извинувам што го изумив одговорот. Инаку, НЕ, немам јадено, не знам ни како објект за што е тоа, или пак сум јадел, а не сум го запомнил името... Но сепак, мислам дека немам јадено, не ме карај.:kesa:
Да, и тие со вишна се убави, и да, тие со еурокрем не се ништо посебно, зашто не само што не е некој убав, туку речиси и празни се, не ми ги задоволуваат гурманските потреби.
Омилени? Најискрено да ти кажам, вака појма немам, а кога сум таму на лице место, знам кои да си ги одберам, интересна работа. Знам дека тие со печурки и пилешко ги земам секогаш, за другите не помнам воопшто.
Абе како што јадење знае да направи да се чувствувам исполнет, ништо друго . Па ете, ти велам, да најдам некој за во кинески ресторант, и веднаш одам (во џеб ќе си носам и резерва ракавици за во кујна, за ако треба да мијам ко ќе стигне сметката ).
Ама сепак бе, вреди еднаш да се отиде. Јас ако би одел, тоа ќе биде со 500 денари во мене, не повеќе. Ако ме фати повеќе, а немам во мене, се знае, цела ноќ миење чинии, чаши и кујнски прибор кај нив, и ќе си ги обработам останатите пари.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.