wild dolphin
Поени од реакции
229

Профил пораки Последна активност Теми и мислења За мене

  • Хехе, најпрво, добровечер и на тебе =). Ете ме мене, се одмарам, до пред малку играв фудбал кај мене во населба, едноставно времево мами за надвор за да се издуваме и прошетаме, а ние залепени пред мониторите. :D
    Да, верувам... Но тие личности кои посегнале по својот живот заради стихови од една песна, за мене се доста нестабилни, и само чекале повод да го сторат тоа што одамна го зацртале... Никој, ама БАШ НИКОЈ И НИШТО не е доволно вредно на овој свет да направи да не го цениме она што уште од почеток го имаме како највредно... Нашите животи.:)
    Па искрено, не ме погоди толку песната колку што ја опишуваа во најавите на форумов. Што знам, таква личност сум, си имам поставено јасна граница помеѓу реалноста и имагинацијата, а уметноста (во која спаѓа и музиката) е имагинација преку која некогаш се опишува нечија реалност, нели?
    Мислам дека најубавите стихови и зборови секогаш произлегуваат од срце кое некогаш било повредено... Затоа што преку тие стихови ги кажуваме сите оние нешта кои никогаш не сме имале шанса да ги (по)кажеме на личноста која ни го направила тоа.
    Мило ми е ако ти се допадна :)... На компјутер ми се сите поеми, плус има нови што пишувам, и вака привремено ги пишувам на Кајгана. Фала уште еднаш. :)
    Па не спиј де, барај си жртви за малтретирање, како јас што правам :D. Шала на страна, пушти си мирна музика, ќе те успие. Јас еве, и пишувам некои стихови паралелно. :)
    Ете ме и мене, на мсн, кајгана и со пријатна музика, и уживам. Никот доволно ти говори за мене, не спијам до ниедно време, се вампиросувам. :)
    Па да де, кога ми пиша дека Listen to Your Heart е од Roksete, и со тоа ти дадов 5 поени репутација.:D
    Да, споро е, особено клиповите од You Tube. За репутација можеш да си видиш во кориснички панел, имаш таму податоци кој точно ти дал репутација и за кој пост. А за песната што ја ставив сега кај мене??? Хехеее, нека остане тајна засега. :)
  • Вчитување…
  • Вчитување…
  • Вчитување…
Back
На врв Bottom