Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Срамота е ова како се работи.
Постои официјална веб страница,а единицата не е за он да собира лајкови и како капак сите припадници се сликани.

Врвен непрофесионализам од негова страна.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Срамота е ова како се работи.
Постои официјална веб страница,а единицата не е за он да собира лајкови и како капак сите припадници се сликани.

Врвен непрофесионализам од негова страна.
Јас не би го обвинил само него туку,тие што треба да ги информираат и пренесат тие работи.А тоа е страницата на арм и морм.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Таму се објавуваат после завршување на активностите поради безбедносни причини.

Нема потреба да сте информирани во реално време за распореденоста на единицата,нивните активности и поради протекување на такви информации во други армии се излегува на воен суд.



Постојат правила и се додека поединци се мислат дека се над правилата ќе има проблеми во АРМ.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Последно уредено:
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
НА ДЕНЕШЕН ДЕН (31.07.2001 - 31.07.2018)

....во заседа на терористите загинува полицаецот Цоки Стојановски. Во службеното возило во кое се наоѓал тој, терористите тогаш отворија оган од пушкомитралези и минофрлачи.

БИОГРАФИЈА

На полноќ на 31 јули 2001 година, во пресрет на големиот Илинден, Цоки беше на работното место на патот Тетово - Брвеница. Непријателскиот истрел од во темнината непознат и невидлиц правец го усмрти на 28 годишна возраст.

Остави во тага семејство со две деца на чие детство неизмерно се радуваше и им го посветуваше секој слободен миг од својот динамичен живот.

Колегите од полициската станица за безбедност на патиот сообраќај во Тетово својот колега ќе го паметат по безстрашноста и високата професионалнос и нескриениот патриотизам.

ВЕЧНА МУ СЛАВА!

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
МАКЕДОНИЈА ГО ЗАБОРАВА КАРПАЛАК? - СПОДЕЛЕТЕ

На денешен ден пред точно 17 години во 9:30 часот, на автопатот Скопје - Тетово армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени и масакрирани 10 прилепски припадници на резервниот состав на АРМ. Навршува уште една тажна годишнина која ќе биде во сенка на вечерашниот Суперкуп во Скопје. Да им докажеме на овие десетмина јунаци дека и покрај Суперкупот што се оддржува ги памтиме како бранители на оваа држава. Оваа слика нека им служи за вечен помен на овие десетмина македонски бранители кои го дале најсветото нешто за Македонија - сопствениот живот, оставајќи сопруги, мајки, татковци, синови и ќерки, цели фамилии во црно. Загинаа:

Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
Ердован Шабаноски († 20) ─ од Прилеп
Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
Веби Рушитоски († 26) ─ од Прилеп
Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле

Македонија и Бранителите ќе ве паметат и споменуваат како храбри синови на оваа напатена Македонија. Нека вашата храброст одекне во срцата на идните поколенија.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Како и секогаш така и денес а недај Боже и во иднина да останат вака во заборав. Тешко на живите и на блиските на загинатите
И на крајот како и секогаш 2-та гиганти во Македонија си ја префрлаат вината меѓусебно како да играт одбојка. Да се надеваме дека топката еден ден ќе се најде во рацете на праведните.

https://www.24.mk/17-godini-od-kobniot-den-na-„karpalak“-branitelite-velat-drzhavata-gi-zaboravila

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957

Kajgana Shop

На врв Bottom