Грчеви (колики) кај бебињата

Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Топ тема за тазе родители. Ја отворам базирано на лични информации, како и информации добиени од повеќе различни извори (Ремедика, специјалистички трудови, форуми и тн). Добро е да стои како некаква основа за сите нови родители кои не знаат како да му помогнат на своето дете за време на (можеби најмачниот) период на колики.

Според статистичките податоци, приближно 20% од бебињата имаат колики т.е.грчеви во првите три месеци од животот. Тие најчесто започнуваат во текот на втората или третата недела од животот (кај недоносените деца и подоцна) а својот максимум го достигнуваат околу шестата недела од животот.

Што ги предизвикува коликите?

Постојат бројни теории за тоа што може да ги предизвикуваат коликите т.е. грчевите кои не се болест туку само симптом. Дел од нив се поврзуваат со недоразвиениот систем за варење кај децата, но и со падот на хормоните (прогестеронот) од мајката, алергија или внесување на прекумерна количина храна. Теоријата дека бебињата имаат колки само заради што мајката е напната, е една од контраверзите. Иако се смета дека поверојатно е плачењето на детето да ја прави мајката напната и раздразлива, според некои автори и загрижената мајка може несвесно да делува на детето и да го направи плачливо. Загриженоста на мајката можеби не ја предизвикува коликата, но секако ја отежнува.

Како се манифестираат коликите?

Станува збор за здрави деца на возраст до три месеци кои ги манифестираат следните симптоми: − Гласно и долготрајно плачење кое може да трае повеќе часови, неколку дена во неделата. Вообичаен период е од 6 часот попладне до полноќ, но некои деца плачат и во текот на денот.

− Додека плаче, бебето ги собира нозете кон стомакот, ги стиска рацете во тупаници, ги витка прстите на нозете, а лицето наизменично поцрвенува па пребледува поради напорот што го предизвикува плачењето. Хранењето и спиењето се нарушуваат поради плачењето. Бебето бара да цица,но нагло прекинува откако доењето ќе почне, или ке заспие за момент, а потоа веднаш се буди врескајќи.

− Нападите на плачење вообичаено завршуваат со празнење на цревата или испуштање на гасови. Би морале да напоменеме дека нема две бебиња кои плачат на ист начин, со иста сила и се однесуваат на ист начин, но нема ниту родители кои на таа ситуација одговориле на ист начин. Како се лекуваат коликите? Очајните и растроени родители од плачењето на нивното дете, често му се обраќаат на педијатарот барајки “магичен”лек. За жал, не е познат лек што потполно ги лекува коликите. истражувањата покажале дека со намалување на гасовите, кај најголем дел од бебињата се намалуваат и тегобите, а со тоа се редуцираат и епизодите на плачење. За таа цел се препорачуваат неколку корисни методи:

− Ставете го детето со стомакот врз топол термофор поставен на вашите нозе,во скут. Пробајте ја температурата на термофорот со внатрешната страна на рачниот зглоб.

− Држете го детето со стомакот на вашата подлактица, со лицето свртено напред на дланката и нозете префрлени над лактот може да биде од помош. Истовремено тапкање по грбот или благо нишање може да го зголеми ефектот.

− Постојат и медикаменти кои кај возрасните ја намалуваат количината на гасови во цревата, а кој може да биде од помош и кај бебињата. Едните се базирани на Simethicone, кој не се абсорбира од цревата и не дава нус ефекти што го прават безбедена за користење. Освен Simethicone, родителите користат и капки кои содржат Lactobacillus reuteri - добри бактерии кои помагаат во одржување на здрава рамнотежа во цревната микрофлора. Бројни клинички испитувања потврдуваат дека користењето на производи со Lactobacillus reuteri значително го намалуваат периодот на плачење кај доенчињата со грчеви.

Секако дека давањето на овие препарати треба да биде направена во консултација со педијатар.

Дали постојат превентивни мерки за намалување на колките?

Коликите не можат да се спречат, но ако тегобите се поврзани со хранењето, може да се намалат нападите на плачење со следните постапки:

− држете го детето во поисправена положба кога го храните т.е. доите.
− овозможете му почесто да подждригнува.
− кај мајките кои дојат, се препорачува во исхраната да избегнуваат внесување на: кравјо млеко, пијалоци со кофеин, зачини, зеленчуци и овошја кои поттикнуваат создавање на поголема количина гасови (грав, боранија, зелка, карфиол, цвекло, зелена салата и слично, како и сливи, кајсии, цреши, јагоди и други овошја во поголема количина).
− избегнување на пушење во просториите каде престојуваат децата. Тој фактор може да придонесе за влошување на коликите, иако не е сосем јасно како влијае чадот од цигарите на потенцирање на симптомите. И за крај,да напоменеме дека иако коликите се мачни за детето, а воедно телесно и емоционално исцрпувачки за родителите, самата појава е безопасна и вообичаено исчезнува до четвртиот месец од животот.

Кога треба да побарате лекарска помош?

− Ако коликите се придружени со зголемена температура, пролив, повраќање или запек што можат да бидат знаци за присутна болест.

− Ако плачењето на детето звучи како нешто да го боли, а не како претходно манифестните грчеви, тоа може да укажува дека причина за плачењето може да биде повреда или болест.

− Ако детето со чести колики не успева да ја добие потребната тежина и покрај редовната исхрана.

− Ако мајката е преморена и исцрпена поради што и треба стручна подршка и совет за тоа како да ја надмине ситуацијата и да му помогне на детето.

Најсоодветната работа која можат да ја направат мајките е кон плачењето на бебето да се однесуваат што помирно и порационално. Иако тоа не е воопшто лесно да се направи, се надеваме дека со овие совети ќе успееме барем малку да помогнеме. Какво е вашето искуство?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
Одлично срочено @igla, вреди да се постави како ВАЖНА тема.

Од моето искуство:
Првите три месеци од раѓање се многу незгоден период, особено ако ти е прво дете. Кај не знаеш што да правиш, па уште и секој ден го „кркаш“ од манијачко плачење поради грчеви, а ти не знаеш како да му помогнеш. Полека ти станува навика и можеш да ги предвидиш периодите кога грчевите се најинтензивни, па станува „нормална“ работа. Секако, најлошо е навечер, кога ти се спие, а ти треба да го тапшаш по газе или да го подигнеш додека ждригне за малку да му биде подобро...

Ние почнавме со Espumisan (капки сo Simethicone) и делуваа некој ден. Проблемот беше што некои викаат одеднаш да дадеш 15 капки, некои по 5 капки на Х часа, други - во текот на денот 15 капки и никогаш не му го фативме редот. Секој педијатар различно си кажува, а упатството не е јасно. По кратко користење, престанаа да му делуваат, а он доби многу незгоден (зелен) пролив за кој се сомневаме дека беше од овие капки. И ги фрливме.

После пробавме со Colief капки. Освен што фукнавме еден куп пари, не видов никаков резултат. Беа изгор скапи, а мало шишенце од 4ml мислам. Буквално на 3-4 дена по некои 600 денари (мислам) одеа во вода

Потоа Nurse Harvey's, кои не сакаше ни да ги проба, а не да ги користи редовно. Само ги држеше во уста и ги плукаше. Башка мислам дека уствари тоа беше вода со сода бикарбона, па ич не сакав да му ги давам.

На крај ни ги препорачаа PROBalans Baby Protect и нив најдобро ги прифати, а и резултатите беа супер. Јасно напишано упатство за употреба, без никакви експерименти. Се даваат 4 капки, еднаш дневно, независно од оброкот. Може да се дадат директ во уста или во ладно млеко или чајле. Содржат Lactobacillus reuteri и мислам дека тоа беше пресудниот фактор конечно да му се среди стомакот. Според тоа што го читав на интернет за капкиве кои содржат Lactobacillus reuteri, испитувањата викаат дека децата кои користат производи со овие добри бактерии плачат двојно помалку од оние кои користат Simethicone.

Мои совети:
Секогаш гледајте да ждригне после јадење. Тапкајте го по газе додека ви лежи на стомак. Од вибрациите се намалува надуеноста, а со тоа и грчевите. Ако пробувате со капки, одма земете си PROBalans Baby Protect. И не се нервирајте - нормална појава е која најчесто трае до вториот или третиот месец :)
 
Член од
10 јануари 2017
Мислења
13
Поени од реакции
6
Коликите (грчеви) претставуваат раширена клиничка состојба во детството, кои се појавуваат кај околу 30% од децата. Се јавуваат набрзо по раѓањето и се губат некаде кон крајот на третиот месец а кај некои бебиња може да траат и до шестиот месец. Иако механизмот на настанување на коликите не е целосно разјаснет, се смета дека тие настануваат поради сè уште неразвиениот ензимски систем за варење на храната или поради неправилно доење или прејадување.

Во некои случаи, причина за бебешките грчеви може да биде и исхраната на мајката која дои.

Во периодот додека дои, мајката треба да почитува одредени правила на исхрана, поради себе и поради бебето кое го дои. Исхраната мора да биде разновидна, богата со витамини и минерали, кои ќе се конзумираат преку внес на големи количества на овошје и зеленчук, како и супи од зеленчук и месо. Се препорачува избегнување тешка храна (грав, варена зелка), месни преработки како сувомеснати производи, виршли, колбаси, паштети, салами и друга храна која во себе содржи конзерванси и адитиви. Овие продукти преку мајчиното млеко делуваат на бебешкиот организам, прават стомачни грчеви и доведуваат до промени во празнењето на цревата на бебето.

Коликите се најчеста причина за непроспиените ноќи на родителите во првите месеци по породувањето.

„При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух“

Најчести симптоми се интензивен и неутешен плач кој е проследен со грчеви на лицето, грчење на нозете и испуштање гасови. При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух. Состојбата се повторува доколку мајката не успее да го истисне проголтаниот воздух од цревата на бебето. Истиснувањето на воздухот се прави со држење на бебето исправено или легнато на стомаче, со нежно тапкање по пелените.

Проголтаниот воздух може да се отстрани и со подригнување, така што ќе се постави бебето преку рамо со стомачето кон рамото на мајката и ќе се врши притисок на долниот дел од стомачето на бебето со нежно тапкање по грбот. Помага и доколку се ставаат топли облоги на стомачето на бебето. Сепак, постојат бројни студии кои покажуваат дека пробиотиците имаат влијание на намалување на симптомите на детските колики.

Затоа што го спомнавте Probalans Baby Protect, еве некои информации поврзани со Lactobacillus Reuteri:
  • L. Reuteri е клинички докажано ефикасен во намалување на грчевите кај доенчињата;
  • L. Reuteri ги намалува симптомите на грчеви веќе во првата недела од употребата;
  • Со континуирана употреба во период од четири недели се намалува времетраењето на плачење на помалку од 3 часа/дневно;
  • Двојно повеќе го намалува времетраењето на плачење во однос на симетикон.
  • Нема мирис и вкус, што е огромна предност. Не содржи алергени, лактуза, глутен и млечни протеини.
 
Член од
6 февруари 2017
Мислења
16
Поени од реакции
6
На крај ни ги препорачаа PROBalans Baby Protect и нив најдобро ги прифати, а и резултатите беа супер. Јасно напишано упатство за употреба, без никакви експерименти. Се даваат 4 капки, еднаш дневно, независно од оброкот. Може да се дадат директ во уста или во ладно млеко или чајле. Содржат Lactobacillus reuteri и мислам дека тоа беше пресудниот фактор конечно да му се среди стомакот. Според тоа што го читав на интернет за капкиве кои содржат Lactobacillus reuteri, испитувањата викаат дека децата кои користат производи со овие добри бактерии плачат двојно помалку од оние кои користат Simethicone.

Мои совети:
Секогаш гледајте да ждригне после јадење. Тапкајте го по газе додека ви лежи на стомак. Од вибрациите се намалува надуеноста, а со тоа и грчевите. Ако пробувате со капки, одма земете си PROBalans Baby Protect. И не се нервирајте - нормална појава е која најчесто трае до вториот или третиот месец :)
Имаме едно бебенце во семејството кое се наоѓа баш на оваа возраст и има проблеми со грчевите. Дали може да ми пишеш тука или во ПП, која цена се овие капки што се покажале добро кај вашето бебче?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
Имаме едно бебенце во семејството кое се наоѓа баш на оваа возраст и има проблеми со грчевите. Дали може да ми пишеш тука или во ПП, која цена се овие капки што се покажале добро кај вашето бебче?
Мислам дека беа околу 400 денари. Јас Probalans Baby Protect ги земав во Еурофарм, ама сигурно ги има сегде :)
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2017
Мислења
9
Поени од реакции
11
Еј и ние ги користевме Probalans Baby Protect за внучето!

Малото имаше многу грчеви на 2-3 месеци :( Пробавме со Espumisan ама ни беше страв да му дадеме голема доза, па одевме со најмалата доза што ни ја препорачаа, и искрено не ни делуваше како да има ефект, се случуваше некои денови и да плаче и да не плаче.

После една комшика (ваљда плачењето ја инспирирало :icon_lol: ) ни кажа за Probalans дека од нивно искуство добри биле. Ги земавме и многу голема разлика направија, му го средија стомачето на бебчо :aplauz:
 
Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Имаме едно бебенце во семејството кое се наоѓа баш на оваа возраст и има проблеми со грчевите. Дали може да ми пишеш тука или во ПП, која цена се овие капки што се покажале добро кај вашето бебче?
Мислам дека се 430 денари во Еурофарм. Штом почнете да ги користите, пиши впечатоци :)
 
M

Moon Child

Гостин
Jas na moite im davav Sab Simplex kapki najmnogu pomagaa neznam dali gi ima vo Mk, jas g nabavuvav od Avstrija.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Само PROBalans Baby Protect - од искуство! :)
Пробавме доста работи, да не речам се' што може да се најде во аптека, ама најдобри резултати имавме со овие капки.
Така да, топло ви ги препорачувам на сите. Во комбинација со трпение (помирете се, ова е период кој едноставно мора да се надмине) се најдоброто решение.
 
И во нашиот случај значително се намали плачењето. Големо фала за препораката за овој производ :)
 
Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
И во нашиот случај значително се намали плачењето. Големо фала за препораката за овој производ :)
Баш ми е мило што со нашите совети сме придонеле за детенцето да биде посреќно, а со тоа и родителите понаспани! :)

Еве уште една корисна статија на оваа тема, поврзана со Probalans Baby Protect:

Пробиотиците ги намалуваат симптомите на детските колики
Коликите (грчеви) претставуваат раширена клиничка состојба во детството, кои се појавуваат кај околу 30% од децата. Се јавуваат набрзо по раѓањето и се губат некаде кон крајот на третиот месец а кај некои бебиња може да траат и до шестиот месец. Иако механизмот на настанување на коликите не е целосно разјаснет, се смета дека тие настануваат поради сè уште неразвиениот ензимски систем за варење на храната или поради неправилно доење или прејадување.

Во некои случаи, причина за бебешките грчеви може да биде и исхраната на мајката која дои.

Во периодот додека дои, мајката треба да почитува одредени правила на исхрана, поради себе и поради бебето кое го дои. Исхраната мора да биде разновидна, богата со витамини и минерали, кои ќе се конзумираат преку внес на големи количества на овошје и зеленчук, како и супи од зеленчук и месо. Се препорачува избегнување тешка храна (грав, варена зелка), месни преработки како сувомеснати производи, виршли, колбаси, паштети, салами и друга храна која во себе содржи конзерванси и адитиви. Овие продукти преку мајчиното млеко делуваат на бебешкиот организам, прават стомачни грчеви и доведуваат до промени во празнењето на цревата на бебето.

Коликите се најчеста причина за непроспиените ноќи на родителите во првите месеци по породувањето.

„При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух“

Најчести симптоми се интензивен и неутешен плач кој е проследен со грчеви на лицето, грчење на нозете и испуштање гасови. При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух. Состојбата се повторува доколку мајката не успее да го истисне проголтаниот воздух од цревата на бебето. Истиснувањето на воздухот се прави со држење на бебето исправено или легнато на стомаче, со нежно тапкање по пелените.

Проголтаниот воздух може да се отстрани и со подригнување, така што ќе се постави бебето преку рамо со стомачето кон рамото на мајката и ќе се врши притисок на долниот дел од стомачето на бебето со нежно тапкање по грбот. Помага и доколку се ставаат топли облоги на стомачето на бебето. Сепак, постојат бројни студии кои покажуваат дека пробиотиците имаат влијание на намалување на симптомите на детските колики. Во тој контекст и имајќи ја во предвид ранливоста на најмладата популација, фармацевтските експерти од PharmaS го создадоа PROBalans Baby PROTECT.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
И во нашиот случај значително се намали плачењето. Големо фала за препораката за овој производ :)
Среќни сте, да знаевме и ние порано немаше да го мачиме со други капки и ќе го избегневме проливчето кое најверојатно беше од симетиконот :)
Се мислам да отворам посебна тема за „работи кои би сакал некој да ми ги каже како тазе родител“ и таму Probalans Baby Protect би бил на врвот на листата :)
 
Член од
23 мај 2017
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво,
Имам синче 40 дена и срце ми се кине со грчевите...Каде ги има ProBalans Baby Protect и која цена се? По колку време имавте подобрување???
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
Здраво,
Имам синче 40 дена и срце ми се кине со грчевите...Каде ги има ProBalans Baby Protect и која цена се? По колку време имавте подобрување???
Здраво @Mari-Ja - како што пишавме погоре: Во Еурофарм ги има сигурно, Виола исто така, а ги има и по другите аптеки.
Околу 430 денари е цената (иако можеби варира од аптека до аптека). За подобрување, да не речам инстантно (затоа што можеби е авто-сугестија), ама брзо по применувањето на капките забележавме дека грчевите се намалени, малиот помалку плачеше, а ние почнавме повеќе да спиеме :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom