- Член од
- 5 февруари 2005
- Мислења
- 100
- Поени од реакции
- 121
Топ тема за тазе родители. Ја отворам базирано на лични информации, како и информации добиени од повеќе различни извори (Ремедика, специјалистички трудови, форуми и тн). Добро е да стои како некаква основа за сите нови родители кои не знаат како да му помогнат на своето дете за време на (можеби најмачниот) период на колики.
Според статистичките податоци, приближно 20% од бебињата имаат колики т.е.грчеви во првите три месеци од животот. Тие најчесто започнуваат во текот на втората или третата недела од животот (кај недоносените деца и подоцна) а својот максимум го достигнуваат околу шестата недела од животот.
Што ги предизвикува коликите?
Постојат бројни теории за тоа што може да ги предизвикуваат коликите т.е. грчевите кои не се болест туку само симптом. Дел од нив се поврзуваат со недоразвиениот систем за варење кај децата, но и со падот на хормоните (прогестеронот) од мајката, алергија или внесување на прекумерна количина храна. Теоријата дека бебињата имаат колки само заради што мајката е напната, е една од контраверзите. Иако се смета дека поверојатно е плачењето на детето да ја прави мајката напната и раздразлива, според некои автори и загрижената мајка може несвесно да делува на детето и да го направи плачливо. Загриженоста на мајката можеби не ја предизвикува коликата, но секако ја отежнува.
Како се манифестираат коликите?
Станува збор за здрави деца на возраст до три месеци кои ги манифестираат следните симптоми: − Гласно и долготрајно плачење кое може да трае повеќе часови, неколку дена во неделата. Вообичаен период е од 6 часот попладне до полноќ, но некои деца плачат и во текот на денот.
− Додека плаче, бебето ги собира нозете кон стомакот, ги стиска рацете во тупаници, ги витка прстите на нозете, а лицето наизменично поцрвенува па пребледува поради напорот што го предизвикува плачењето. Хранењето и спиењето се нарушуваат поради плачењето. Бебето бара да цица,но нагло прекинува откако доењето ќе почне, или ке заспие за момент, а потоа веднаш се буди врескајќи.
− Нападите на плачење вообичаено завршуваат со празнење на цревата или испуштање на гасови. Би морале да напоменеме дека нема две бебиња кои плачат на ист начин, со иста сила и се однесуваат на ист начин, но нема ниту родители кои на таа ситуација одговориле на ист начин. Како се лекуваат коликите? Очајните и растроени родители од плачењето на нивното дете, често му се обраќаат на педијатарот барајки “магичен”лек. За жал, не е познат лек што потполно ги лекува коликите. истражувањата покажале дека со намалување на гасовите, кај најголем дел од бебињата се намалуваат и тегобите, а со тоа се редуцираат и епизодите на плачење. За таа цел се препорачуваат неколку корисни методи:
− Ставете го детето со стомакот врз топол термофор поставен на вашите нозе,во скут. Пробајте ја температурата на термофорот со внатрешната страна на рачниот зглоб.
− Држете го детето со стомакот на вашата подлактица, со лицето свртено напред на дланката и нозете префрлени над лактот може да биде од помош. Истовремено тапкање по грбот или благо нишање може да го зголеми ефектот.
− Постојат и медикаменти кои кај возрасните ја намалуваат количината на гасови во цревата, а кој може да биде од помош и кај бебињата. Едните се базирани на Simethicone, кој не се абсорбира од цревата и не дава нус ефекти што го прават безбедена за користење. Освен Simethicone, родителите користат и капки кои содржат Lactobacillus reuteri - добри бактерии кои помагаат во одржување на здрава рамнотежа во цревната микрофлора. Бројни клинички испитувања потврдуваат дека користењето на производи со Lactobacillus reuteri значително го намалуваат периодот на плачење кај доенчињата со грчеви.
Секако дека давањето на овие препарати треба да биде направена во консултација со педијатар.
Дали постојат превентивни мерки за намалување на колките?
Коликите не можат да се спречат, но ако тегобите се поврзани со хранењето, може да се намалат нападите на плачење со следните постапки:
− држете го детето во поисправена положба кога го храните т.е. доите.
− овозможете му почесто да подждригнува.
− кај мајките кои дојат, се препорачува во исхраната да избегнуваат внесување на: кравјо млеко, пијалоци со кофеин, зачини, зеленчуци и овошја кои поттикнуваат создавање на поголема количина гасови (грав, боранија, зелка, карфиол, цвекло, зелена салата и слично, како и сливи, кајсии, цреши, јагоди и други овошја во поголема количина).
− избегнување на пушење во просториите каде престојуваат децата. Тој фактор може да придонесе за влошување на коликите, иако не е сосем јасно како влијае чадот од цигарите на потенцирање на симптомите. И за крај,да напоменеме дека иако коликите се мачни за детето, а воедно телесно и емоционално исцрпувачки за родителите, самата појава е безопасна и вообичаено исчезнува до четвртиот месец од животот.
Кога треба да побарате лекарска помош?
− Ако коликите се придружени со зголемена температура, пролив, повраќање или запек што можат да бидат знаци за присутна болест.
− Ако плачењето на детето звучи како нешто да го боли, а не како претходно манифестните грчеви, тоа може да укажува дека причина за плачењето може да биде повреда или болест.
− Ако детето со чести колики не успева да ја добие потребната тежина и покрај редовната исхрана.
− Ако мајката е преморена и исцрпена поради што и треба стручна подршка и совет за тоа како да ја надмине ситуацијата и да му помогне на детето.
Најсоодветната работа која можат да ја направат мајките е кон плачењето на бебето да се однесуваат што помирно и порационално. Иако тоа не е воопшто лесно да се направи, се надеваме дека со овие совети ќе успееме барем малку да помогнеме. Какво е вашето искуство?