Имам искуство на повеќе такви места и let me tell you уште што не сум видела. Во едно место, неколку пати видов мали глувчиња, низ кујната и не само јас. И не еднаш... Многу пати не знам дали приборот за јадење беше миен воопшто? Знам само дека беа ставени во некој садови со жешка вода, и така ги полираме. Изгледаа гадно и како да не се претходно миени воопшто. Ова на повеќе места го искусив, изгледа така праат. Битно ги "полираме" да светат па сеа колку се чисти тоа е друг муабет.
Обично на местата каде шо се брза хигиената е страшна и додека изгледа океј тоа шо се служи, никој нема да се замара од персоналот. Раце миење, нема шанси. Како си дошол така и ке си одиш. Барем таму кај шо работев јас фокусот беше брзина и ефективност, хигиената not so much. Посебно на едно место, омг. Во рок од 5 саати се служеа околу просек да речеме 200 луѓе, горе доле. Големо место, многу персонал. Од старт се почнува колку толку зачистено, на крајот веќе се служи со гадни такви за носење храна. Со гадни крпи се бришат маси. Со иста крпа се бришат незнам колку маси... И многу такви гадни искуства.