Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК, имам едно битно правило у живот.

Маж што не пие ракија не е маж. Да не земеш ни една да наздравиме.......на такви не им верувам на зборот.

У иста категорија ги ставам и мажи што не можат да пијат ракија на суво, без салата.
 
Сем Фан Клуб Јувентус и Серија А темата, изгубив секаква мотивација воопшто да го читам и да пишувам на форумов. Не знам, најверојатно тоа си доаѓа самото од себе, години поминати во читање, дискутирање, пцуење, смеење....се си зема замав на крај.

Ај па и вие за еден Ширеа, небитен лик ... :D Само знам дека на Io Sono Interista му е полесно што не ми го гледа веќе толку често аватарот мој...ако не се лутам, срцка ми е он ако е ѓубре и скот интерашки.
 
Последно уредено од модератор:
Почнав да трчам на кеј во група.

- Аааа ти се ебе нешто на страна

Cracking Up Lol GIF
 
Д утро кајгано и кајгаџии

Не можам да ви го опишам чуството кога ќе си најдеш нива работа и ќе ги одјебеш сите од старата.. поготово чичковците што ти биле претпоставени хаха
Само можам среден прст да ви покажам сега гомца едни
 
Драга,

Нека се врати човештвото на користење на фотошоп. Пример листам од досада Тиндер, ми излага една што користела АИ на неколку слики. И Саша Матиќ би видел дека и со помош на оваа алатка личи на проточен бојлер.
 
ДК

Пензиските системи во поголем дел од земјите се пирамидална шема и на никој не му текна дека евентуално нема да има следна генерација поголема од претходната.

Интересно е што ова не е специфично за нас еден куп „попаментни“ држави од нас го имаат истиот систем.

Дефинитивно ќе бидат интересни следните 10-20-30-50 години.
 
Грч ладно Козел, димени бадеми на сланина, Battle of the five armys начекан на почеток. Идеални услови за појавување на вештерката.
 
Драга,

Ќе може ли да ми објасниш зошто на трагични вести како ‘Жена претепана од мажот’, ‘Дете силувано од неколку души во стан’ македонскиов народ става лајк на инстаграм?! Што им се допаѓа во таа објава од Слободен печат? Речитоста на текстописецот, насловот или самата вест?! :eek:
И ај да речеш бумериве стискаат лајкови, не разбираат, али на Инстаграм се претежно помлади и ми излезе дека и познаници ги имаа лајкнато објавиве…уат ди екшуал фак
 
ДК, добро утро.

Станвам од спиење во 7 и кусур, си напрајв едно кафе да се освестам, надвор е времето исто како во Гетеборг крај на Декември, а е викенд, денови кога треба да си ги посветиме на себе и на најблиските наши.

Отварам агрегатори на вести, читам тој глаучот од Охрид не се појавил на судењето а бил во притвор, и се прашувам дали живеам во Европска држава каде ѓо треба да важи ред и поредок, или живеам во Буркина Фасо каде ред и поредок прават паравоени милиции и локални бандити.. Најјако е, не отишол. Кај да појди ко е притвор? Нели треба некој да го однеси? Или пак ќе бидиме сведоци на заташкување на случај на мамин син и партиски полтрони?

Потоа читам, Владата се состанала верувале или не, за кравите во Крива Паланка...Во светот Владите се состануваат за: високите цени на горивата, за да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, кај нас за кравите во Крива Паланка. Три години се расправаат со кравите. Трул ни е системот, алооо....

За на крајот да прочитам, балканот не е мрднат напред. Хрватска и Словенија ќе ја блокирале Црна Гора....

И си велам, тука неможе никогаш да ти е досадно....
 
Кајгана, драга... Официјално давам оставка од улога на главен лик у серијава. Скроз драма и нула најава. Сценариово, жими се, ко да ми го пишува некој на тешки дроги. Таман ќе си помислам дека конечно има некој ред и ми станува страшно досадно, се дешава животот. Чекај Луна, држи ми го пивото. И гледај сега. На мерак да му е на човек да е на мое место, 24/7 адреналин и планови шо вредат колку ланскиот снег. Факинг плот твист, чисто да не заборавам како е да сум под стрес.
 
Back
На врв Bottom