Види, целосно кажано си прав, ама ако ги разделиме изјавите, не си. Пример, која поубиствена дрога е легална? Значи ако се нелегални, а се конзумираат, значи имаме неспособност на системот да го реши проблемот (што всушност имаме, а богами и други) а не проблем со легислатива.
Сум го праел муабетот за аерозагадувањето со пријатели пушачи, демек ние сме помалото зло. Wrong. 2 различни сегмента се. Аерозагадувањето им пречи на повеќето, но ние сме поделен народ, пола (да не речам 2/3 што директно што индиректно) се платени да не мислат и да не ги гледаат проблемите намерно, другите се веќе апатични зашто гледаат дека ништо не се мења. Додај на тоа нашата неборбена, не, нашата плашлива природа, и стигаме до ова кај што сме. Цигарите се друг проблем. Има луѓе им пречи во кафана да си седне и да не си ја гледа храната од чад, ко што кажа Биџи поназад или на друга тема. На ова поле сум, ако веќе имавме функционална влада, треба да се фокусира и на 2те нешта ко 2 одделни проблеми. Нели зборам кај нас, не се фаќам многу на запад.
А и за мене пушачите се лицемери, зашто, затоа што со мене ќе се објаснува како нема врска не е проблем за здравје, дрн дрн, ама на 2-3ца што имаат деца коа им кажав значи си ок да им купувам цигари на вашите деца дур не се навлечат, да видиш фаца мењање и почнување други муабети одма. Значи другарите и роднините кој ги хепса работава, само децата да се ок. Лицемерен поглед на животот.
Не постои пушач кој тврди дека пушењето не е штетно, напротив, секој пушач знае многу подобро од непушачот колку пушењето е штетно. Тоа со фората ,,да им купувам цигари на вашите деца дур се навлечат,, е рамно на фора ако пиеш вино да ти речам ,,да им купувам на децата алкохол дур се навлечат,, или ако кецаш нешто настрана да ти речам ,,дали е добро некој да ја кеца твојата,,.... Сите правиме работи за кои знаеме дека не се во ред и никој од нас не сака децата да го прават истото.
Со пушењето работата е во изнаоѓање модус во кој од една страна непушачите ке бидат заштитени од чадот а од друга страна пушачите ке можат да пушат, притоа мора да постои одредена толеранција и меѓусебно трпење, исто како што мора да трпиме уште милион други непријатности.
Мое лично мислење е дека кај нас во принцип веќе имаме постигнато одрдено ниво и култура во заштита од пушењето.
Порано се пушеше буквално секаде, во автобус, во чекални, канцеларии, болници... немаше место каде не се пушеше. Денес јас не сум видл некој да пуши во болница, во автобус, во општина, во министерство, во школо, во продавница, во суд, во театар.... не се пуши во ниту една институција, орган, установа. И до тука сме во ред, непушачите се апсолутно заштитени и испочитувани. Од друга страна и пушачите си го остваруваат своето право на пушење, надвор од затворените простори на овие институции. И тука не гледам некој да има проблем. Лицемерие е некој непушач да труби дека му смета тоа што некој пушел во дворот на болницата или некој пушач да се жали што не се пуши внатре во болницата. Може да се уредат некои финиси, во смисла местата каде се пуши да не бидат буквално пред самите влезови на овие институции туку во зависност од просторните можности истите да бидан понастрана, пример 10ина метри. И до тука не гледам што има законски да се исправа.
Проблемот, односно потреба од некаква регулација, се јавува в однос на пушењето во угостителските објекти. Тука мора најпрво да се направи некаква категоризација. Една категорија би биле прчварите во која би влегле сите оние друмски, пазарџиски, маалски... кафани, кои се во стилот неколку маси, домашна ракија, дропче на скара, конобарица, певаљка со еден заб...., тука сметам дека не е потребна никаква регулација на пушењето, не гледам кому би сметало пушењето и ако некому нешто смета нека не влегува.
Друга категорија би биле посериозни угостителски објекти но кои се со помала квадратура и нема услови за физичко одделување на дел за пушачи и дел за непушачи или сопственикот не сака да прави таква поделба. Овие ке треба да решат дали во нив ке е дозволено или забрането пушењето. Ако е дозволено ке треба да имаат соодветна вентилација. Па секој нека си реши каде ке влезе. Не држи вода муабетот дека така сите места ке бидат за пушачи. И денес има многу ресторани и кафани каде пушењето внатре не е дозволено и си работат фул. Има многу непушачи кои со одат исклучиво таму. И јас како пушач, кога ги носам децата со мене, одам таму каде што не се пуши па за цигара излегувам надвор.
Трета категорија би биле оние објекти каде може и сопственикот ке изврши физичка поделба на дел за пушачи и дел за непушачи. Во делот за пушачи ке си има соодветна вентилација. И тука нема што многу да се коментира. Секој по своја воља.
Четврта катекогрија би биле објекти со соодветна вентилација, кои имаат соодветна висина на плафони и голема квадратура во која точно определен број на маси ќе бидат распоредени да соодветна меѓусебна оддалеченост, пример 3 метри маса од маса па во комбинација со примерна вентилација не би имало проблем со чадот.
Бавчите си се бавчи и тука не гледам проблем.