Не е Комбат постара од 15 години? Под име Комбат се има идено и пред 2010та.
Комбат прв пат е формирана во 90-тите од членови на Комити. Да не го тагнувам членот, ако сака може цела историја да ја напише

Се дава повремена поддршка на КК Вардар и ЖРК Вардар, паралелно со клубовите кои ги бодрат Комити. Едно време КК Вардар има претставник на Комити и како претседател на клубот.
Ова трае до почетокот на новиот милениум.
Тешко можам да се сетам, ама прилично сум сигурен дека како Комити се навиваше на неколку утакмици на КК Вардар пред првото воскреснување во 2008/09.
Се гостуваше во Свети Николе на некоја бараж утакмица или лигашка. Знам дека се навиваше и против МЗТ, а имаше и некој дискутабилен бараж за отпаѓање (во Куманово нешто ми се врти), кој не знам дали се одигра или заврши административно. Имаше и инциденти со ФА. Вардар зема куп во Битола со Струмица, знам и тогаш се заговараше да се навива.
Првото враќање на КК Вардар беше во 2008/09, кога тие што бевме помлади членови сакавме да делуваме самостојно и ни беше дадено зелено светло од водството на групата да навиваме на кошарка. Комбинација од помлади членови од повеќе подгрупи. Се' мислам дека и ти имаш дојдено некогаш

Клуб, Ченто, ККВ, УКБ. Мислам дека не ни имавме знаме Комбат, едноставно така си се викавме за да се знае дека не е официјален став на Комити навивањето на КК Вардар.
Имаше гостување во Градски парк каде што може и побројни бевме од ЦПБ, па инцидентите со нив, кои имаа и трета епизода. Дома навивавме неколку утакмици, а мислам дека се заврши со инцидентот со Шверцери кога се бркавме по кеј.
Комбат официјално се појавува повторно од 2011 година. Реоформен од истиот што ги оформил во 90-тите, со неколку постари членови и тогаш младите што сега ја наследија групата. Се навиваше на КК, ЖРК, а една година беа и единствена група што навиваше на РК, бидејќи Комити имаа еден глуп бојкот.
После две-три години се раздвоија патиштата меѓу неколку постари членови и сегашните Комбат и они си продолжија со свој филм до ден денес (next generati⁶on). Поактивно се префрлија како подгрупа на Комити на фудбал, ама активно се бодреше КК Вардар некаде до 2016 колку што памтам. Трета, втора и прва лига. Дома и гости колку се постигнуваше, со неколку гостувања низ Македонија. Имаше навивање и на младинци неколку пати. И јас одев активно овој период, воглавно на неутрална, некогаш и со нив. Веројатно сум еден од ретките со три различни генерации што навивал на КК Вардар

Имаа повремено Комбат уште неколку пати навивано низ годиниве, како што беше случај во неделата.
Така што таман си е, 15 години слават од основањето на оваа подгрупа.