УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/27

Какви 2 гола на Португалија - Норвешка, особено на Ајер
 
Аау како Клоп си ја свиткал опашката :)
Само двајца чамуги во први 11, прошлиот пат беше обратно.
 
Не знам дали ја гледаше некој Грција-Германија вчера, ама она што го видов беше страшен турбо брз фудбал од Германицте што е типично за нив, ама и ретко да се види на обичен натпревар во првенствата..право чудо е како не победија вчера Германија.

Гледам Клоп извадил многу млад состав и очигледно беше дека беа физички далеку поспремни од Грците но не знаеа како да реализираат освен со шутеви од далеку...да не пишувам дополнително за маестралните перформанси на Павлович кој делуваше како Родри на апарати и она крилото од Фрајбург што правеше дриблинзи како Роналдо дебелиот.

Многу добри овие младите од Германија и ако се развиваат соодветно ( барем да играат во екипите што ќе бидат а не да греат клупа ), можат многу силен состав да бидат до следното Европско и Светско.
Автоматски споено мислење:
 
Јас ја гледав Холандија - Србија, полека но сигурно ги склапаат коцките Србите и вчера беа тотален егал на моменти и подобри од Холанѓаните. Со многу млади деца дебитанти, дрчен, директен фудбал. Ако успеат да истераат по патот по кој тргнале и да се ослободат од суетите на его манијаците можат да имаат доста јака репрезентација во иднина
 
Последно уредено:
Грците вчера се посрале иако супер генерација на играчи имаат. Па Македонија таква како што е мизерна немаше да загубат толку.
 
И Хрватска изгуби 7-0 од Англија па пак имаат топ репрезентација и малку фалеше да им извадат реми на Вембли. Главната предност на Грците им е што се сеуште многу млади играчите кои најмногу ветуваат и допрва ќе треба да им дојдат резултатите од нив, не дека сега и одма се спремни за успех.
 
Грците вчера се посрале иако супер генерација на играчи имаат. Па Македонија таква како што е мизерна немаше да загубат толку.
некултурен фудбал се игра, 7:0, па вчера Данците на Португал дома 4 комада....до 3:0 е ок, ако не треба гол разлика ставаш млади....овака може ќе го понижиш ама па ќе ти памти, па после многу години и да не му треба ќе ти врати или ќе му пушти на твој конкурент за инает
 
И Хрватска изгуби 7-0 од Англија па пак имаат топ репрезентација и малку фалеше да им извадат реми на Вембли. Главната предност на Грците им е што се сеуште многу млади играчите кои најмногу ветуваат и допрва ќе треба да им дојдат резултатите од нив, не дека сега и одма се спремни за успех.
Англија играше со 30% и во ниеден момент победата не беше во прашање, голот на хрватска беше поклон од некој си Кванса комбиниран состав со Ден факин Брн и пак си тепаа лагано. Хрватска нема никаква иднина имаат еден солиден играч батурина матурина остало е потпросечно наредија 4 порази по ред и примија сто гола.
 
Ауау каква кражба се дешава во Шпанија и покрај тоа шо води Англија. Од прееска судијата му го дудла на Јамал , но сега ова беше дудлање на најако. Кражба од епски размери ако се вратат шпанците.
 
Нека се укине вар, ова е смешно веќе.
 
Јамин Ламал :LOL: Него мушки изиграа енглезите. Таљаните неможат да се состават 15 години.
 
Јака партија на англичаните! Да не беше црвениот картон веројатно петарда ќе беше.
 
Back
На врв Bottom