PloTwist
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 14.057
- Поени од реакции
- 31.947
Штеф, репрезентацијата треба да помине на Управен одбор. Директорите, сами по себе, по правило, не смеат да располагаат со повеќе средства од утврдениот касов максимум (кој исто така оди на управен одбор). И репрезентацијата треба да е сок/вода или ајде еден деловен ручек ако ти дојдат некои претставници. Тоа не значи дека секој кој ќе ти дојде треба да го носиш во кафана. Тоа ти е злоупотреба на јавна функција и овластување.За тие шо викате дека државата не е должна на студентите ништо да им плаќа да ви објаснам како стојат работите вака попросто
Иди директор на јавно претпријатие со гости на деловен ручек, имаат договор со газдата на ресторанот да се направи цех и рестото шо ќе остани да можи тој приватно да си иди и да си лапа со сопругата додека не се стигни до таа одредена сума.
Да да, вакви клошарски работи се дешаваат, со свои очи гледав.
Се случи еднаш директорот иди и му вика на келнерот, не му давај класично мени, кажи му дека се со порција и пијачка понуди му стандард, нема скапи вина, нема виски, за да остани повеќе цех за него, не можев да повервам шо слушам.
Јавна тајна е како лапаат сите по ресторани на сметка на граѓаните, се товат како свињи по ресторани со наши пари, додека секоја година сите претпријатија пријавуваат долгови.
Зошто не се крева бунт за ова ? Еве вие како загрижени граѓани зошто не речите не сме должни да му плаќаме на овие апашите јадења по хотели, и тоа пази се товат како свињи, се пијанчат, две години на власт и одма гушки пушта како свиња некоја.
И јас сум против да имаат платен оброк. Имаат бесплатен превоз и субвенционираност при уписот во прв циклус. Тука имаш државна партиципацијата. Плус стипендии, дел за успех, дел социјални. И сметам дека е доволно. Оние млади кои се решиле да работат, пак, не добиваат ништо. Еве, немале средства да се запишат на факс. Го губат опортунитетниот трошок. Ако веќе мериме неправди. Сепак високото образование не е задолжително.
Да речеме дека ќе им дадат 200 ден, утре ќе бараат 300 затоа што овие 200 нема да им стигнат за ништо, ни за бурек со јогурт. Сепак инфлацијата оди во таа насока. Јас кога студирав, бурекот беше 60 ден. Сега е околу 80-100. Истиот став го имам и за просветните работници кои вечно се незадоволни од своите плати. А резултатите се ужасни. Дечки, работите државно, рамката на движење на платите е таа. Ако сакате повеќе, ако мислите дека можете повеќе, бујрум во приватен сектор.

