Oва денес врска немаше со Керик. Кој и да донесеш тренер, вакви индивидуални грешки не можеш да спречиш. Гол меѓу нозе, одбиена топка од голман на 5 метри во први 4 минути од меч, глуп пенал од еден од најискусните на теренот во втора минута на прво полувреме, и како шлаг на торта, малтене автогол од Јоро. 4 Фергусона да имаш на клупа, ова не може да го спречат. Целата одбрана денес како пијани.
Дало не затвори на време за првиот гол, Мазрауи каде и да видеше противнички играч, правеше фаули, без оглед на тоа дали овие се наоѓаа на 16 метри, или на центар, Јоро одличен во кратење на транзиции, ама човек, удирање топка со глава свртен целосно кон сопствен гол може да има само еден исход. Хејвен лежерен на еден подолг фор, и успеа ликот да му ја цимне топката на страна. Цела одбранбена линија е до толку лоша, што не можеш да склопиш 4-ца кои за 90 минути нема да направат кикс по кој ке се прими гол.
Вила апсолутно ништо не изигра, 4 гола даде. Амад класика на крај на прво полувреме, зицер еден на еден, и наместо 3-2 полувреме, бидна 2-4 до 60-та.
Што се се виде оваа сезона од грешки во одбрана, пенали, црвени картони, автоголови, киксови, а не е ни средина на Ноември. Треба 3-4 играчи во одбрана да се купат. Страшно како ке тераме до крај на сезона. Секој меч се примаат по 2 гола.