Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Последно 40-ка на домашен терен имавме со Бугарија пред некои 18-20 години кога игравме во едни претквалификации за светско.

Браво за резултатот, без разлика дали е Луксембург. Се гледа дека Кире ги тера до сам крај да играат и на што поголема разлика. Реално со тие некои пенали и зицери, требаше да биде +20 разлика, ама и ова е супер. Прво Словачка во мај со 15-ка, еве сега и Луксембург со 18-ка. На овие ни Динар не им помогна.
На овие не можеше ни два Динара дружее...
Патем, тој дечкото Серафимов е истиот од Пелистер или некој брат му е?:DНебо и земја разлика.
 
Оти мачење, дури ме изненади позитивно, 'стручните' знаат да бидат многу полоши. А и таква е утакмицата, повеќе за лаф муабет.
Шознам. Ммкања, се губи во муабето, а јас генерално не ни обраќам внимание на коментаторите, а штом го заприметив ич не ми е по мерак. Ваљда ствар укуса.
 
На овие не можеше ни два Динара дружее...
Патем, тој дечкото Серафимов е истиот од Пелистер или некој брат му е?:DНебо и земја разлика.
Па како нема да има разлика. Денес тој Серафимов играше против факинг Луксембург. Ја ќе им дадев 5 гола на пациентите.
 
Игор Турченко игра за Украина, има и македонски пасош, моментално игра за Нант, ама мислам ако дојде во Вардар или во некој друг мкд тим ќе посака и за нас да игра. Топ играч, ќе остане уште еден десен бек и земаме медали во серија.

Дамјан Митев ја има улогата на Џонов, лево крило со главно дефанзивни задачи, ќе видиме како ќе се снајде кога ќе се користи одбрана 5-1 .
Хориха е ТОП играч, многу напаѓачки опции се отвараат со неговото доаѓање, во одбраната е исто одличен играч.
Лазаров знае да извади максимум од Серафимов, иако беше тоа Луксембург, се гледаше дека има смислено акции во кои Серафимов одлично реагираше.
Добар тренинг натпревар, се испробаа многу опции, се разиграа сите.
Главниот испит ќе биде натпреварот во недела против Грција, знаат да бидат гадни Грците на домашен терен.
 
Инаку ова е втора највисока победа на квалификациски меч на домашен терен. Само еден мал потсетник за највисоките домашни победи од нашиов ракометен историјат:
Јануари 2005 - Македонија - Белгија 44-17
Ноември 2026 - Македонија - Луксембург 41-23
Јануари 2008 - Македонија - Бугарија 41-24
Јануари 2006 - Македонија - Естонија 44-29
Мај 2026 - Македонија - Словачка 38-23
има уште една со Белгија 33-18

Болдираните се од оваа година. Прошлата година ја имавме највисоката победа на гостински терен со Естонија 17-36. :P
 
Последно 40-ка на домашен терен имавме со Бугарија пред некои 18-20 години кога игравме во едни претквалификации за светско.

Браво за резултатот, без разлика дали е Луксембург. Се гледа дека Кире ги тера до сам крај да играат и на што поголема разлика. Реално со тие некои пенали и зицери, требаше да биде +20 разлика, ама и ова е супер. Прво Словачка во мај со 15-ка, еве сега и Луксембург со 18-ка. На овие ни Динар не им помогна.

Овие другар, од дома не ги знаат дека дошле у Македонија да играат ракомет вчера
 
Така се гради систем, со паметни вложувања и квалитетен кадар ко Динар и добар скаутинг, после ќе биде ко со Фарски острови кога се појавија на ракометната мапа ако убодат неколку играчи кои се квалитетни.
 
И тие заедно со Фарски имаат аплицирано за организација за европско 2034 година, така да, не верувам дека за џабе аплицираат ако не вложуваат во ракометот и напредуваат.
 
Па како нема да има разлика. Денес тој Серафимов играше против факинг Луксембург. Ја ќе им дадев 5 гола на пациентите.
Па и претходно не играл само против Вардар и Ла Риоха.
Автоматски споено мислење:

Па како нема да има разлика. Денес тој Серафимов играше против факинг Луксембург. Ја ќе им дадев 5 гола на пациентите.
Па и претходно не играл само против Вардар и Ла Риоха.
 
"Po dogovoru z reprezentančnim vodstvom pa je tokratno akcijo zaradi družinskih razlogov izpustil zunanji igralec Jaka Malus (Vardar Skopje)."

Во превод, поради фамилијарни причини Малус го прескокна и последниов повик од Словенска репрезентација :D

Последно има играно квалификации за ЕП 2022

И овој е запнат да влага во репка кај нас :D
Тешки пацери ќе сме ако не го искористиме овој момент, само ќе мора да се исполни условот за Х време во Македонија требаше 3 минимум без престан мислам?
 
Такво е правилото. Треба 3 години да живее без прекин во државата, да нема официјален настап за друга репрезентација во тој период и да има државјанство од државата (што е најлесниот услов дека ние ги делиме ко алва на спортисти).

Не знам како ИХФ дозволи Хориха да настапува за Македонија кога он живееше тука помалку од 3 години. Од јуни 2024 до мај 2026, макс 2 години.
Исто ќе биде и со Малус бидејќи нема да продолжи во Вардар 99% и ќе оди вон Македонија.
 
Такво е правилото. Треба 3 години да живее без прекин во државата, да не не официјален настап за друга репрезентација во тој период и да има државјанство од државата (што е најлесниот услов дека ние ги делиме ко алва на спортисти).

Не знам како ИХФ дозволи Хориха да настапува за Македонија кога он живееше тука помалку од 3 години. Од јуни 2024 до мај 2026, макс 2 години.
Исто ќе биде и со Малус бидејќи нема да продолжи во Вардар 99% и ќе оди вон Македонија.
Да не има врска со Украина и воената ситуација за Хориха?
 
Каде се игра натпрваров против Грција во Среда ? Во Солун ли ќе биде, не можам да најдам никакво инфо
 
Халкида, над Атина.

Такво е правилото. Треба 3 години да живее без прекин во државата, да нема официјален настап за друга репрезентација во тој период и да има државјанство од државата (што е најлесниот услов дека ние ги делиме ко алва на спортисти).

Не знам како ИХФ дозволи Хориха да настапува за Македонија кога он живееше тука помалку од 3 години. Од јуни 2024 до мај 2026, макс 2 години.
Исто ќе биде и со Малус бидејќи нема да продолжи во Вардар 99% и ќе оди вон Македонија.
ИХФ генерално ги интересира само времето на последен настап за претходна репрезентација и да има пасош. Тоа со годините на престој во земјата е за добивањето на државјанство.
 
Back
На врв Bottom