Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Трамп и Меланија за време на ноќта на вештерките :D

Момче во советска воена капа и девојка во руска сарафанка со кокошник присуствуваа на прославата на Ноќта на вештерките во Белата куќа, предизвикувајќи хистерија кај украинските пропагандисти.
 
Или по нашки куртон...
Колку сме понапред од американската политика и демократија не ми се верува. :)

Бреј, цингачење.

Па нели му пресудија милијарда долари отштета да им исплати на семејствата на жртвите на масакрот во училиштето во Сенди Хук ?

На типот му треба секој цент, трампавиот дибек никако да го стави за директор на некој федерален фонд сочен за ограбување, па вака мора да го моли јужноафричкиот феудалец.
 
Ако продолжат со вакви работи, ќе нема избор човекот. Ќе мора нуклеарка на Иран да им фрли (што ќе отвори многу врати и за Русија).
 
Midterms во САД моментално.

Повеќе од јасно е дека Демократите им го земаат Претставничкиот Дом, единствено прашање тука е дали со тесно или поголемо мнозинство. Само што овде не завршува приказната. Дури постојат солидни шанси да го земат и Сенатот и покрај што им требаат минимум 4 нето победи. И како тоа да е малку, дури и Тексас и Канзас се во игра за прв пат по повеќе децении. За Тексас донекаде и очекувано со оглед на сите политички случувања изминатава година таму, ама за Канзас малку е нереално според мене.

Искрено највеќе би сакал да изгубат корумпираната будала Кен Пакстон во Тексас и оној одвратен и арогантен фејк доктор Абдул Ел Сајед во Мичиген (иако за жал вториов најверојатно ќе победи). Ако оној Таларико до пред само година дена го сметаа за несериозен, човекот го спремија до даска буквално.

Баш ме интересира што ќе направи тетка (т.е. сега веќе баба) Сузе во Мејн и по стоти пат "ќе ги изненади сите". :ROFLMAO: Мада тука Демократите сами се заебаа со петардата Платнер, а овој што го замени ни името не му го знаат, а изгледа и он е "изненаден" што е во трката.

Она што највеќе го очекувам е се' поизгледната победа на Роб Сенд во Ајова, човекот е фаца ипол. И секако шлагот на тортата за вечерта, the GOAT Џош Шапиро, најдобриот гувернер што моментално САД го има, кој иако сега со посериозен противник, може дури и да го надмине историскиот резултат од пред 4 години со дури 20 посто предност победа.

Ќе прати друг некој вечерва/сабајле?
 
Добар е, ги укина трансџендерските операции кај децата и ги забрани педерите. Па што ако сака 13 годишни? Он е против Брисел, и нас нема што да не занима дали он сакал да го бутне во 7мо одделенка. Нашата цел е повозвишена, и Трамп е наш. Секој човек има маани, ништо страшно.
 
И демократите имаат свој коњ за трка. Воопшто но притискаат за објавување на необјавените делови од Епстин досиеата.
Затоа што Клинтон таму е поинкриминиран од Трамп.
 
Midterms во САД моментално.

Повеќе од јасно е дека Демократите им го земаат Претставничкиот Дом, единствено прашање тука е дали со тесно или поголемо мнозинство. Само што овде не завршува приказната. Дури постојат солидни шанси да го земат и Сенатот и покрај што им требаат минимум 4 нето победи. И како тоа да е малку, дури и Тексас и Канзас се во игра за прв пат по повеќе децении. За Тексас донекаде и очекувано со оглед на сите политички случувања изминатава година таму, ама за Канзас малку е нереално според мене.

Искрено највеќе би сакал да изгубат корумпираната будала Кен Пакстон во Тексас и оној одвратен и арогантен фејк доктор Абдул Ел Сајед во Мичиген (иако за жал вториов најверојатно ќе победи). Ако оној Таларико до пред само година дена го сметаа за несериозен, човекот го спремија до даска буквално.

Баш ме интересира што ќе направи тетка (т.е. сега веќе баба) Сузе во Мејн и по стоти пат "ќе ги изненади сите". :ROFLMAO: Мада тука Демократите сами се заебаа со петардата Платнер, а овој што го замени ни името не му го знаат, а изгледа и он е "изненаден" што е во трката.

Она што највеќе го очекувам е се' поизгледната победа на Роб Сенд во Ајова, човекот е фаца ипол. И секако шлагот на тортата за вечерта, the GOAT Џош Шапиро, најдобриот гувернер што моментално САД го има, кој иако сега со посериозен противник, може дури и да го надмине историскиот резултат од пред 4 години со дури 20 посто предност победа.

Ќе прати друг некој вечерва/сабајле?
Ова што се случува моментално не сум го видел никогаш. Ова не е плав бран туку плаво цунами. Демократите веќе го земаа Претставничкиот Дом според Decision Desk HQ, а изгледа победуваат и во факин Јужна Каролона :shook:. Линдзи Грејам се превртува во гроб додека ја гледа како сестра му губи. Ова ќе биде таков Democratic landslide каков што не е виден со децении. Моментално на Фокс Њуз е погреб атмосфера. Керолајн Левит се жали дека сите медиуми освен Фокс не известуваат за "проектите на Трамп", додека на Харолд Форд му е толку смешно и забавно, ама мора да се вклопи во погреб атмосферата па тера аналитика (инаку најдобар од целиот панел таму, во 2006 за малку изгуби од GOP во трката за Сенат).

Да беа попаметни Демократите и не ја кандидираа глупачата Енџи Никсон за Сенат ќе имаа двоен свип и на Флорида каде тесно изгубија, посебно во трката за гувернер.
 
Војната со Иран и економските последици им пресудија на републиканците.

Трамп победи како антиестамблишмент кандидат и така ги живна републиканците уште со првиот мандат. Сега не само што Трамп и републиканците ги разочараа тие гласачи, туку и демократите ја научија финтата и се повеќе форсираат антисистемски лица.

Младите се особено антисистемски расположени.
 
ПАДНА ТЕКСАС!!!

Прва победа на Демократите во оваа сојузна држава по 38 години!
 
Не е уште готово. Ја кај што гледам се 57% изброени гласови, Таларико води со околу милион гласови. Уште нема резултати од Тревис Каунти (Остин), ама тој е последен од големите градови што уште нема објавено. Остатокот од Тексас се мнозинство Републиканци.
 
Завршен е Тексас, има јасен и чист стратификуван примерок таму.
 
Back
На врв Bottom