Според мене очекуван висок пораз, се мислев ќе оди 7-8 разлика и вистина.
Во моментот како шо пиша некој пред 3-4 дена, со нив да играме 10 утакмици, 9 ќе ги изгубиме без разлика каде да се игра, реално покомплетна и подобра екипа се сезонава, то шо треба да се признај и шо е така е така....
Изјавата на Кузмановски

Кој како ќе си ја разбери, дали ќе ја прочита меѓу редој и никому ништо или темелно ќе навлези шо сака да кажи и дава јасна слика....
За Лино, искрено одлично го затвори Малус и пред мечот сите знаевме дека тој ќе е најголемата опасност, можи првиот нивни играч се најде решение, ама се распука Љевар, подобри се во трансфер политиката, не знам од кај ги ископаја вакви играчи ама се то шо го немаме ние, освен Фитиљо јас не гледам кој ќе превземи таква одговорност за удари од 9-10 метри.....

И доста сите стручњаци Лино вака Лино така по коментари, абе ЕДИНСТВЕН град во светот сме шо менваме тренери на 2 месеци, да ви ги вратам на сите мислењата ко дојде Лино, 90% измочани бевме од среќа и како ќе се среди се и ќе оди на подобро, па кажват уште 7 на 6, вака така, лесно е од тастатура, не ви чинеше Бабиќ, не чинеше Данецот, баравме македонци, ги вративме и македонците, пак баравме промена, требало Шпанци, не еден, два Шпанци дојдоја, кој да дојди уште !?1? Митар Мириќ да го викниме, доста од злобни работи и фрлање негативна енергија која се одразва и кај играчите, чарето не ни се најде како град, во сите 3 колективи, тренер после 34 дена менваме по коментари, треба да се запрашаме кај е проблемот....Треба време за се, ова сезона е летната уште пред да почни, ама шо викаше еден чоек да му
дајме време на времето, убеден сум дека ќе биди подобро, ова сезона не е трагично и 4 да завршиме, трагично е шо не ги погодивме играчите ! Играч немаме асолен погодено 6 години, кој ги носи играчите ? Пред да дојди Лино овде беше само Котар како шо се сеќавам? Кој го донесе Котар ? Зошто не доби шанса ? Зошто одма на првото деби во Будва кај шо ојде на позајмица беше избран за МВП со 4 гола и 7 асистенции. Кај е Татар, расен стрелец најавуван, најдобар срелец во Словенија ? Не треба да изиграва ѕвезда со Куманово и Тиквеш, за со нив секој знај, ако вистина не чинеле како шо го ослободија босанецот (Џелатовиќ или како и да беше ) Кој ги донесе овие ? Нека си одговара за сите промашени засилувања, желба се на Лино, Ѕвонко е крив, ако се негово барање, уште утре тргнете го од спортски. Малиот од Умаг не можеше гол на двојката да му дај, ги даваме Хосни и Цехте за да дојди Басенесе и Серафимов со ограничена минутажа и после клаваме принудно тука да игра играч со десна рака......на оваа позиција хаос напрајвме.....
Не е Лино крив шо во првите 5 минути, Граховац 3 пати во нога го мава Валах, не е Лино крив шо Павле и Петар ги искршија стативите и чисти шанси промашват цел гол, Хегберк такуѓере.....
Овие шанси на вакво дерби не смејш да не ги искористиш, второто факинг ГоГоФ, ГооГоф, ГОГоФ не откажа од игра


Нека се запрашат нашите голмани, штета шо Никучот не го искористивме како шо го имаше онај негов пик на кариерата како во Порто и Бенфика, па дури и порано кај скопските, 5 партии не даде такви тука, ептен е во залезот, Нинџа е за бек ап голман, втора е идеална опција ако има пред него проверен голман, иако во моментот сеуште мислам дека е подобра варијанта од Никуч.
Лесно е вака сите да кажваме, чкрипи работата негде, то е јасно, плус и на полусезона тешко да најдиш салам играч, ако има некој да се исчеличи од овие моментално.... па за вгодина јово на ново ќе е изгледа....