Спортско огнено оружје

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Фала ти на информацијата, супер е ова.

А иначе ако не сум член на ловечко друштво и или полиција/армија... Таму на веб сајтот пишува да се наведе оправдана причина за вадење на дозвола. Дали има шанси да одобрат дозвола ако се наведе "безбедност" како причина?
За безбедност се побарува за Б1-пиштол, и ако не наведиш дека имаш оправдана причина како сопственик на менувачница, златара и слично ќе те одбијат.
за ловечко оружје треба да се достави Потврда за членство....и нема да те одбијат. ќе добиеш одобрение за многу брзо време
 
Најпрво тагни го членот @gjoko-mkd

Второ... ако немаш врски у мвр и 5000 евра да тргнеш на страна да им дадеш, нема шанси да добиеш дозвола. Освен ако не си во полиција/армија или ловечко друштво. Законот кај нас е најдебилен, за жал.
Za 5000 evra ke si kupam TOP.;)
 
Има ли некој сознанија околу новиот Закон за оружје како и дали се уште ќе биде рок за одлука 6 месеци?
gjoko-mkd ?
Автоматски споено мислење:

До пред недела дена беше така со врски и мито.
Се надеваме никогаш повеќе.
 
Последно уредено:
Здраво на сите. Се продава ранец 5.11 rush 24 2.0 нов. Исто така се продаваат и наочари 5.11 shear eyewear погодни за пукање.
 
Дечки здраво,

Во процес сум за добивање одобрение за набавка на оружје (поднесено ми е пред недела дена).
Имам една мала дилема и страв а тоа е дека пред 15ттина години (на свои 14/15) сум приведен поради тепачка и имав прекршочна за јавен ред и мир.
Истата пријава застаре, бев повикан во судовите во Градски Парк, констатираа застареност и толку беше. Никакви други реперкусии ниту глоби.

Кривично никогаш гонет, камо ли осуден.

Со некои луѓе што сум разговарал велат дека МВР го гледаат и ова, и дека најверојатно ќе имам големи потешкотии со добивање одобрение/дозвола за поседување.

Дали може некој кој е повеќе упатен да ми каже околу целава процедура, така ли е, не ли е, како ќе ми се погоди ли, итн итн?

Благодарам.
Автоматски споено мислење:

А гледам и мнооогу сличен одговор од овој член, и уште толку ме загрижува. :)

Баш сега ќе ти пишев. Отиди под кале во стрелиштето и ќе ти објаснат све. Мене не ми дадоа дозвола, ама јас имав тепачка. Ако си чист има добри шанси да ти дадат. Треба да поминеш обука, да полагаш и после се поднесува барање во МВР во Автокоманда. Ама за подетално отиди под кале и ќе ти кажат.
 
Последно уредено:
Дечки здраво,

Во процес сум за добивање одобрение за набавка на оружје (поднесено ми е пред недела дена).
Имам една мала дилема и страв а тоа е дека пред 15ттина години (на свои 14/15) сум приведен поради тепачка и имав прекршочна за јавен ред и мир.
Истата пријава застаре, бев повикан во судовите во Градски Парк, констатираа застареност и толку беше. Никакви други реперкусии ниту глоби.

Кривично никогаш гонет, камо ли осуден.

Со некои луѓе што сум разговарал велат дека МВР го гледаат и ова, и дека најверојатно ќе имам големи потешкотии со добивање одобрение/дозвола за поседување.

Дали може некој кој е повеќе упатен да ми каже околу целава процедура, така ли е, не ли е, како ќе ми се погоди ли, итн итн?

Благодарам.
Автоматски споено мислење:

А гледам и мнооогу сличен одговор од овој член, и уште толку ме загрижува. :)
ако бараш пиштол, ни под точка разно. ако бараш ловечко оружје имаш шанса, а и ако те одбија со жалба ќе успееш

ПС.пиши ми ПП кога ќе имаш исход
 
ако бараш пиштол, ни под точка разно. ако бараш ловечко оружје имаш шанса, а и ако те одбија со жалба ќе успееш

ПС.пиши ми ПП кога ќе имаш исход

За пиштол е.
Зарем од пред 15 години во време кога сум бил малолетник е проблем?
И покрај тоа што сум редовен член на стрелачки клуб?
 
За пиштол е.
Зарем од пред 15 години во време кога сум бил малолетник е проблем?
И покрај тоа што сум редовен член на стрелачки клуб?
Реално гледано, поминале многу години од тогаш, дополнително си бил малолетник. Постапката, како што кажуваш, завршила со констатирање застареност, без осуда. НО (едно големо НО), при разгледувањето на барањето за набавка на оружје, МВР пристапува претпазливо. Тука би го спомнал и она непишано правило: може да згрешат ако ти дадат одобрение, но не можат да згрешат ако те одбијат (никому ништо). Тоа што си член на стрелачки клуб секако оди во твоја корист, но не значи автоматски дека ќе добиеш одобрение. Искрено, мислам дека може да имаш потешкотии, особено бидејќи МВР знае да биде доста „осетливо“ на вакви работи.
 
За пиштол е.
Зарем од пред 15 години во време кога сум бил малолетник е проблем?
И покрај тоа што сум редовен член на стрелачки клуб?
Nema vrska sto zastarela prijavata pred sud ti zakonski si cist ama MVR e organot koj izdava odobrenie za oruzje a tamo si upisan so losi zborovi :) narusuvanje na JRM, maloletnicka delikvencija itn. Ne ocekuvaj pozitiven odgovor.
 
Back
На врв Bottom