Да, али тоа е тренд пост-ковид секаде.
Инаку во 2027 завршува support од САП за ECC и ќе треба да се мигрира на S4Hana, тоа без консултанти тешко.
Ти знаеш колку компании се заглавени на стари сап верзии со EOL оваа или следна година?
Дефинитивно од ИТ е најдобро да си во САП моментално, уште добри 5-10 загарантирани години имаш.
Си направил една миграција, си ги направил сите. Имам неколку понуди за SAP, прилично добро се и кај нас платени.
Јас работев текно-функционал во финансии на продукт кој downstream збори истовремено напред и назад со повеќе ERP системи. Од ECC, S4, Rise, па NetSuite, Oracle инстанци, Fusion и сите тест инстанци помеѓу... бидејќи имаме повеќе ентитети сонот за еден ERP е мртов, затоа и интеграциите покрај веќе многуте upstream конектори и толкуте downstreams стануваат мали кошмари и бараат додатни контроли, мониторинг и константна поддршка од повеќе девелопери, за кои има доволно работа пост таквите финансиски трансформации проекти во големите корпорации за да ги пржиш на тава за беклог до нивно пензионирање.
SAP консултанти и девелопери тука на пазарот се прилично уште барани и платени. Плаќаме некои по 100-200 евра саат, бидејќи не секој можеш да си го дозволиш како директно вработен, не по избор. Не знам зошто сеуште е толку тврдоглава работата таму за поголеми па и помали директни конфигурациски промени, а консултантни обично само тоа и знаат: фурање стандард и имање SAP поддршка, особено ако одиш преку консултантска фирма. Една алатка треба да е флексибилна за твоите бизнис потреби, а не да треба твојот бизнис да се адаптира по алатката.
Сега работам на цел финансиски лендскејп од интејк, финансиски планирање, набавка па се до автоматизирирани плаќања. Дизајнот и архитектурата на системите end to end ми е тоа што ми ја прави работата позанимљива за да не мора да се надувам уште кај 2 за само да ми пројде денот, како што е често случајот. Од консалтинг најисплатливо е да консалташ лидершип, бидејќи е најмногу пари за најмалку ефорт. Наместо да се расправам со SAP консалтант дека конфигурирање нова варијанта е валидна бизнис потреба иако не е per standard, ќе се расправам со директорите дали треба воопшто да останеме на SAP, макар и потпирајќи се на ин хаус продукт. Од АИ таму само го користам аутпутот, автоматизации ми вадат репорти кои се хранети на сервери и агенти кои понатаму ги користат за контрола, форкастинг и сејвинг a некои се веќе и SOX.