Со Гроф пробуваме да играме повеќе широко, по страна, систем во кој е КЛУЧЕН квалитетот на бековите и "крилата".
А ние со играчи како Данев кој е потпросечен квалитет дури во втора македонска лига, кој нема ниту еден успешен пробив.

По лева страна со Пиреш кој не е класично крило.

По опасни сме преку бековите во напад, отколку преку Данев и Пиреш.
То е сама прича по себе за нивните квалитети на крилна позиција.
Форсираме центар шутеви дали ниски/високи за најстатичната 9ка во историјата на фудбалот.
Се со цел нормално да си "билда" статистика против боранијава од екипи во лига. (иако во случајов поголема боранија од нас нема).

То е критериумот ако сакаш да си тренер на Вардар, а не резултати, титули или успех во европа.
За репрезнтација да не се буните зошто го викаат после со 1Г/1А на 11 натпревари.

Со Фабијани градевме тим и систем на игра со идеја да носиме играчи со квалитети кој се снаоѓаат добро во мал простор (Торес, Диего) во правец да играме игра со која ќе ги пробиваме противничките тимови преку средина.
Тим кој го градиш во таа насока, го стопираш процесот ради то дека синчето немало да има сигурна минутажа.
На негово место носиш тренер НА ПОЧЕТОК НА СЕЗОНА со 180 степени различен концепт на игра, во кој играчите кој требело да ни се носители како најплатени кај претходниот тренер, отпаднуваат од план кај новиот тренер

Полошо менаџиран клуб од Вардар само Јунајтед е.
Нека учат од Тиквеш како се гради екипа, сигурно со четвртина од нашиот буџет.