Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување
После 15 години апсолутна власт, неможе ни таа власт да продолжи ни може да има квалитетна опозиција. Влезе ли држава во таква состојба пиши пропало.
 
Ајде ќе видиме ама мислам дека ќе биде по мое.

Се надевам дека ќе бидеш во право, тогаш ќе добијам некои опклади уште и пред да заврши гласањето. Нема потреба да се чекаат резултати. :icon_lol:
 
Вие не сфаќате шо е радоста кај нас младите.
Кај нас се цел живот или ВМРО или СДСМ, аир не видовме. Кај нив Вучич 11 годинк владее. Не може исти луѓе со исти идеологии да владеат сто години. Ние бар сме демократски земји.

Ние иаме народ колку еден Белград. Поткупливи до немај каде. Си идат млади деца пошо сте продадени.
И ја треба да се иселам да ги остаам моите со 70 години уше малце. Зашо? Пошо некој цел живот е глуп и неспособен и само со партија може да дое до работа? Таквите почнале да го шират тоа.
Сеа и диплома да имаш у многу институции не моеш да припариш ако не си со нечива книшка.
Поготово медицинарите и правниците.

Епа преку глава ми е да си идат пријатели млади луѓе ради луѓе без визија, муда и емпатија.
Иаме и ние фамилија и душа.
Во САД демократите и републиканците се менуваат исто како кај нас, исто и во Британија и Ирска. Не е до тоа туку до народот е. Во 2016 Македонија имаше повеќе бизнис можности, отколку Македонија за година дена подоцна, реално тоа што се случуваше 2014-2016 на србиве не им се случи и не се на праг на војна. Некој пат е убаво да се испиташ самата себе дали и ти си на прав пат, дали си добра во тоа што го работиш, дали мора и ти да одиш да работиш на државно како некој копук што го пишуваш дека е неспособен (реално е). Немој да мислиш дека некаде е подобро е најчеста фраза која ќе ти ја каже некој и е реално за некои работи во право, пример ти нема да знаеш каква корупција има во државата во која одиш да работиш (јас каде што живеам претедателот на државата има продавано пелени во Хрватска, а работел во УН).
 
Сето ова што се случува низ Србија многу ме потсетува на времето пред Грујо да го кикнат. Знаеш дека не можеш да продолжиш со него, зошто ептен одлепил, и сите околу него прават тежок криминал, ама дека и тој што ке дојде ти е мачка во вреќа.

Им направи патишта, им го потсреди Београд, ама многу криминал има околу него. Медиумски мрак во Србија. Синоќа некој фрлил топовски удар кај редакцијата на Информер, дошол некој лекар што работи во близина, со маичка Студентите победуваат, и овј уредников мелтдаун доживеа кога ја виде маичката.

Вика, гледајте што ни прави. Човекот стои со рацете во џеб. :pos:


Види ги петардиве.


:D


Белград дека го средил, не би рекол тоа што го направи со Белград на води е само имитација, во пракса многу дупки има. Метро го обеќаат од 2014 дека ќе биде а се уште го нема. Во тоа е и проблемот што гради во Белград и има силна централизација додека јужна Србија, источна, западна се толку пустошени не личат на ништо.

27% до 11 како што разбрав, уште се чекаат метарски колони, толку од него и во дијаспора губи ненормално и малцинствата се против него. Пада влада.
 
Се надевам дека ќе бидеш во право, тогаш ќе добијам некои опклади уште и пред да заврши гласањето. Нема потреба да се чекаат резултати. :icon_lol:
Се оди во насока да бидам во право ;).
 
Мислам дека случувањата во Србија имаат многу поширок контекст. Премногу е очигледно истото сценарио и во Албанија. И во двата случаи имаме недефинирана група на која неможеш да фатиш што е глава а што опаш, и во двата случаи барањата на таа група се нешто апстрактно и недефинирано, и во двата случаи не се прифаќа никаков дијалог..... значи сценариото е исто, методот е ист, времето синхронизирано.... Тоа упатува на заклучок дека настаните во Србија и настаните во Албанија треба да се гледаат како дело на ист центар и како настани кои имаат заедничка цел. Што е тоа што ги поврзува Вучиќ и Рама? Косово. До сега Вучиќ и Рама многу добро играа на карта и волкот сит и овците на број, и Косово независно и Косово е Србија. Имаше некои ситни тензии но се сведува на театар со подигање мигови во Србија и шетање тенкови од касарна во касарна. Имаше мир и животот си течеше. Сега ми се чини дека некој сака да го ескалира Косово и регионот, но тоа неможе со Вучиќ и Рама па затоа треба да бидат тргнати. Мислам дека вистинска заблуда е мислењето да студентите немаат став за Косово или дека ке го признаат, луѓето кои се во позадина сигурно имаат друг план. Тоа ке го дознаеме кога ке се знае кој ке ги превземе полицијата и војската во Србија, секако ако денес победат студентите. Ако денес победи Вучиќ, следуваат немири во Србија кои власта ке неможе да ги менаџира.
 
Кога ги гледам видеата од Србија, ми се враќа флешбек кога го бутнавме Грујо со пенкало.

Не му одговара на Вучко излезност над 70%.
 
Кога ги гледам видеата од Србија, ми се враќа флешбек кога го бутнавме Грујо со пенкало.

Не му одговара на Вучко излезност над 70%.

Па, не ќе беше БУТКАЊЕ со пенкало. Николче си победи на тие избори. Го БУТНА "стратешкиот партнер" со еден повик до Алекса Антиќ.
 
Вучиќ од сите изборни места, изгледа ќе тепа само у Куманово :cenzura:

На претходната страница од темава пуштив моја слика како и за која опција јас денес гладав во Србија на избирачкото место.
А овие кои се регистрирале да гласаат во конзулатот во Куманово и во амбасадата во Скопје се заостанати и се продаваат буквално за вечера. Вкупно 1438 гласачи во Куманово и Скопје.
Проверена информација, овој изминат Вторник на 20 Октомври имало прослава со вечера и музика во етно село Тимчевски во Нагоричане, и на таа прослава биле поканети оние кои дале Српски лични карти да гласаат во конзулатот во Куманово.
И на прославата имало и некои претставници од Србија испратени од Вучиќ, и тоа здружението ,, Мир, слога и стабилност" од Скопје добиле 110.000 евра од Вучиќ за собирање гласови.
Еј имаат адреси во Србија да гласаат ама се продаваат за една вечера, убаво е останата од Турско време фразата : ,, вера за вечера".
 
Трамп(Америка) е незаинтересиран за балканот, ЕУ е во куп сопствени гомна. Русија е во војна. Кој е овојпат кривецот?
Вучиќ кажа одамна. Криви се Пленковиќ и Хрватска. Тие им давале пари на студентите.
 
Па, не ќе беше БУТКАЊЕ со пенкало. Николче си победи на тие избори. Го БУТНА "стратешкиот партнер" со еден повик до Алекса Антиќ.
Беше, во тој момент имаше две парламентарни политички партии кои можеа да состават Влада. Подоцна, другата, која не успеа да направи Влада, направи неуспешен државен удар. Потоа политчки потоп. Дури и неговите се откажаа од него, на локалните победи во Кавадарци и во уште неколку минијатурни општини.

И во Србија има идентичен политички тек, може Дациќ ќе биде пресудната политичка сила преку која ќе се формира Влада. Истите долг период се во политички брак. Иако рејтингот му е отиден во канализација.
 
Па, не ќе беше БУТКАЊЕ со пенкало. Николче си победи на тие избори. Го БУТНА "стратешкиот партнер" со еден повик до Алекса Антиќ.
Еден од стратешките партнери, нашиот најголем кочничар. Не е тој преку барата.
 
Back
На врв Bottom