Една од најсмешните работи во врска со судиите во првенствово кои константно се повторуваат скоро на секој натпревар е како го менаџираат судиското продолжение. Денес првиот гол го дадовме неколку секунди пред истек на 89-та минута, покажува дека ВАР го прегледува голот, во меѓувреме покажува дека ќе има 3 минути продолжение, ВАР проверката трае скоро пет минути, поништен е голот, тргнува Шкендија во акција, сместа им ја одзимаме топката и можда за 20 секунди го даваме и вториот поништен гол, за да одма после тоа свири крај. Значи од 88:50 и нешто кога го дадовме првиот гол имаше уште максимум пола минута активен фудбал. Кое продолжение, братот не истера ни 90 минути фудбал, свиреше крај ко тој црнецот на афричко првенство пред некоја година во 85-та што им отсвири. Често пати им се дешава да покажат на пример 5 минути продолжение, во 30-та секунда од истото играч да си падне да се жали на повреда, да лежи до истекот на 95-та минута и овие сместа да свират крај само што ја извел голманот топката потоа. Така да направат на европски натпревар, семинар на УЕФА нема да видат веќе во живот не па да им дадат пак да судат.