„Јас пробав, пробајте и вие“ (тема за омилена храна и пијалаци)

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Па и путер да е, пак јадеш масти место правата ствар.
Епа јади 70-80% какао чоколади, имаш еден куп добри, шеќер и какао. Или ти дека сакаш какао, да биде права ствар, земи какао чисто јади, шеќер ќе јадеш не биди будала. Друго врска нема, 30% е и на Рошен чоколадата, само погрд вкус има. Баш во состав пишува млечни масти дека има и рошенот.
Автоматски споено мислење:

Сега проверив. Кокосов путер било. Иначе не е путер од млеко него од какао билки. 57-64% заситени масти. Бетер е од палмино, тоа е околу 50%.
Си го изменил мислењево, ама пак неточни информации, нема кокосово масло 100%. Какаото е секако полно масти. Ти викаше дека милка е со палмино, ама не е.
 
Последно уредено:
Лубеница со исцеден лимон одозгора

Нема подобро освежување
 
Carnex готвените јадења (y)
Баш! Сите се добри. Ама од 50% од нив ме убиваат киселини после. Најмногу од гулашот и од мексиканската мешавина. Пред некој ден прв пат го пробав свинскиот паприкаш - е тоа беше врв, тоа беше без киселини, само што поретко го има по маркети, за жал. Инаку и едното и другото како идат со топло пире! Перверзии!
 
Пробај го гулашот со чист бел басмати, неутрален, сварен за 10-15 минути во тенџере како side dish.
Исто гулаш можеш со јуфки, ама треба уште тро да го „оплемениш“.
Се губи поентата на „полуготово јадење“ ама side effect-от како киселини ќе го намалиш. Треба у комбинација со нешто што нема млеко во себе и е неутрала. Иако по вкус, пире му е одличен „побратим“.
 
Од чоколадите, претежно јадам само темни (со какао над 70%), а ова на Витаминка ми е сосем солидно за цената:

Happy-cokoladi_Cocoa_80g_300x200.png

Прегледај го приврзокот 476207

... најдобро млечно чоколодо, па уште наш производ од Витаминка!
Ако производителов на чоколадово, пресметал дека од стандардните 100 грама чоколадо, би можел потрошувачот да се откаже од 20 грама. Јас како потрошувач би се откажал и од тие 80.

И без чоколадо се живее, не е потреба.
 
...тоа не е по желба на производителот, туку по препорака на ЕУ, да мора да намалат!
 
Прегледај го приврзокот 478339

Марленка куглици од Стокомак. Мислам дека ги има и тортите Марленка во Ла Нои маркети. Ерменски традиционален десерт. Општo препорака ако имате прилика и во странство да пробувате ерменски традиционални благи, посебно баклавата.
Потврдувам за марленка, колачињава им се многу вкусни а и тортите
 
Back
На врв Bottom