Плаќаш за седиштето, тоа е целиот муабет, со САМОТО КУПУВАЊЕ на билетот добиваш случајно избрано седиште, АМА ДОБИВАШ СЕДИШТЕ. Кога купуваш билет самиот процес те прашува дали сакаш СЕГА да избереш седиште ама да платиш или ПОСЛЕ да ти е доделено некое рандом седиште ама да не платиш. Значи во секој случај со самото купување на билетот ти добиваш седиште. Тоа самиот процес на купување на билет ти го кажува. Исто е и со чекирањето. Имаш право да се чекираш до 3 часа пред летот. Тие глупости со чекирање во првите 5-10 минути од последните 24 часа пред летот се баш тоа, глупости.
Можат едноставно да го решат проблемот. Да ја зголемат цената на билетот за 5-10 евра, АМА да мора да избериш седиште при купување на билетот, да немаш избор да одиш со рандом случано избрано седиште.
Во последно време гледам дека доста дерат и се доста идиоти станати за кабинскиот багаж. За 1-2 сантиметри поголема торба наплаќаат, а торбите се полупразни ама се физички поголеми од дозволените димензии. На последниот лет пред месец дена од Берлин до Скопје на над 10 патници им беше наплатено по мислам 65 евра за "поголема торба од дозволеното".